Ајде некоја друга вистина
Вистина број 3 – Странските директни инвестиции воопшто не се зголемени
Многу работи околу странските инвестиции не се познати – не знаеме колку пари се потрошени на роуд-шоуа и кампањи за нивно привлекување, не знаеме какви сè привилегии добиваат странските фирми што инвестираат, не знаеме колку луѓе се вработени во нив...
Но, знаеме колку инвестиции се влезени.
Помеѓу 2007 и 2014, секоја година во македонската економија влегувале во просек 277 милиони евра странски инвестиции. Или,
околу 4.8% од БДП.
За споредба, во периодот 1998-2006, секоја година во македонската економија влегувале во просек
околу 5.1% од БДП. Без роуд шоуа, без скапи кампањи.
Од земјите во регионот, Македонија во 2007-2014 имала повисоки странски инвестиции само од Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија, кои имале инвестиции од околу 4% од БДП. Албанија, Србија, Бугарија, Косово, Црна Гора, Молдавија имале многу повисоки странски инвестиции, во просек околу 10% од БДП.
(Авторот е економски аналитичар и член на „Солидарност“)
Извор: prizma.birn.eu