Инвестициски БУМ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Ако имаш некоја паричка можеби подобро би било да си купиш подобар диоптер за да гледаш подобро, пошто очигледно не си го гледаш во твоите( вашите ) постови. Мене да ми даваја за истото паричка најверојатно ке бев комшија со Црвенковкски на Флорида.
И дај замоли ги твоите во штаб нека ти пратат замена, ќе озрачиш некого.
Ајде, смири се. Еве ти, медитирај малку и легни си.

 
Алооо, луѓе дај смирете си ги фрустрациите, или отворете си посебна тема кај што ќе можете да се карате на раат за да можат останатите кои се активни на темава да дискутираат на раат. Овде треба да се коментира која фабрика се отворила, зошто е тоа добро или лошо за тој регион, платите дали се солидни или ниски...итн. Последните 5-6 страници читам само препукување ако некој коментирал против фабриките одма друг го масира дека бил соросоид ваков таков; ако некој увеличува дека платите и фабриките не прават ко да сме у Германија друг го масира дека е дудлач на власта... На крај краева без разлика дали сме определени или неопределени сите ги делиме истите маки!
 
Ааа штом уште се бламира, изгледа му ја зголемиле дневницата. :D
 
Со секој твој пост на Анчо нешто друго му се зголемва :ROFLMAO:
 
Многу добро знаеш каде живеам но тоа во случајот и не е многу битно. Една работа и тоа многу битна е што забораваш да спомнеш е дека странските инвеститори ние ги молиме да дојдат. Не не молат тие нас. Ние им даваме безброј погодности само за да дојдат. Сигурно памтиш дека пред години се тепаја за да дојдат да инвестираат. Милиони се инвестираа, фабрики на секој чекор, платите до небо, стандардот да ни позавиди човек, работа во секој момент можеше да најдеш и тоа да бираш. Не сакам ваму ке одам таму.
Само дај потсетиме кога беше тоа, имам подзаборавено.
Воопшто не ги жалам коорпорациите. Тие доаѓаат тука за да направат профит, не нас да не жалат или да изиграваат црвен крст. Таква е реалноста и тоа е тоа.
Ако државата им наметне еден ден пред време други услови едноставно ке се спакуваат и ке заминат во некоја друга мизерија од држава. Исто така како што се спакуваај од друга локација и се преселија кај нас. Мислиш ке им падне жал за нас дека пример со затворањето на нивната фабрика ке останат 2000 души без работа. Око нема да им трепни. Но позитивната работа во сето тоа би било дека еден ден кога тие ке си ги соберат парталите и ке се преселат на некоја помизерна локација би значело само дека или стандардот( платите ) се кренале доволно да на народот не им се исплаќа повеќе да работат за тие пари и под тие услови , што од друга страна би значело дека невработеноста значително е намалена или тие си нашле поевтина работна сила каде можат да си ја преселат фабриката исто како што претходно си ја преселиле кај нас . Кое било од тие две сценарија да се случи еден ден е позитивно за нас. Но смешно е дури и да се помисли дека некој може да им наметни такви услови предвреме. Едноставно ке заминат исто така како што дошле. А дека не е време за такви луксузи кажува фактот дека ете конкретно во Битола луѓето кои добиле отказ од Кромберг е многу поголем од оние кои доброволно си заминале. Зошто тие луѓе кои добиле отказ не си заминале доброволно ако во меѓувреме им се укажала подобра прилика. Да не е дека моментално и нема подобра прилика. Нити претходно ја имале па затоа и отишле таму да работат за таа плата и услови. Е тоа е реалноста му се допаѓало тоа на некому или не.

мкдвладе знам дека живееш тука, затоа и ти поставив реторичко прашање оти вака како што пишуваш изгледаш како некој што не знае што се случува и зошто работат луѓето во тие зони.
Не само што ги молиме странските инвеститори да дојдат, туку и трошиме баснословни суми на тоа да ги убедиме да дојдат со таканаречените промотори и скапи реклами на мејнстрим медиуми.

Стандардот искрено и пред и по напливот на овие странски инвестиции не е променет воопшто, дури е и во надолна линија ако удриме математика колкава е инфлациијата во текот на една година и колкаво е покачувањето на просечната плата во една година.
Мене ми се чини дека куповната моќ на граѓаните е иста или слична.
Слично нешто е и со вработувањето и индексот на мизерија каде што сме први во Европа по стапка на невработеност и први по индекс на мизерија.
Од ова можам слободно да речам дека овие слободни економски зони не променија ништо за подобрување на квалитетот на живот во државава.

Затоа и мојот муабет беше дали не беше подобро ако веќе им се даваат такви поволности да ги условеа тие инвеститори за да даваат просечна плата на Р.М како минимум која што и онака е смешна како сума од 400 евра па кој е заинтересиран нека дојде, во спротивно нека оди во Кина и Индија.
Од друга страна пак со парите што ги фрлија за градењето на тие зони да ги фрлеа како некој поттик на мали и средни претпријатие кои ги уништија тотално со инспекции и давачки со тоа што ќе им купеа по една фискална каса, платеа книговодител или пак пензиско и инвалидско осигурување како што им прават на коорпорациите или пак шефот на му шепне на Миле да престане да им "еба мајката впичка".
Во тој случај капиталот што ќе го трупаат во најголем случај барем ќе остане тука и можеби ќе се употреби во реалниот сектор каде што и државата, а малку и ние како граѓани може да видиме некој бенефит и ќе имаше малтене ист ефект.
Ако веќе бираме помеѓу магаре и змија тогаш подобро нека бидат наши.
 
мкдвладе знам дека живееш тука, затоа и ти поставив реторичко прашање оти вака како што пишуваш изгледаш како некој што не знае што се случува и зошто работат луѓето во тие зони.
Не само што ги молиме странските инвеститори да дојдат, туку и трошиме баснословни суми на тоа да ги убедиме да дојдат со таканаречените промотори и скапи реклами на мејнстрим медиуми.

Стандардот искрено и пред и по напливот на овие странски инвестиции не е променет воопшто, дури е и во надолна линија ако удриме математика колкава е инфлациијата во текот на една година и колкаво е покачувањето на просечната плата во една година.
Мене ми се чини дека куповната моќ на граѓаните е иста или слична.
Слично нешто е и со вработувањето и индексот на мизерија каде што сме први во Европа по стапка на невработеност и први по индекс на мизерија.
Од ова можам слободно да речам дека овие слободни економски зони не променија ништо за подобрување на квалитетот на живот во државава.

Затоа и мојот муабет беше дали не беше подобро ако веќе им се даваат такви поволности да ги условеа тие инвеститори за да даваат просечна плата на Р.М како минимум која што и онака е смешна како сума од 400 евра па кој е заинтересиран нека дојде, во спротивно нека оди во Кина и Индија.
Од друга страна пак со парите што ги фрлија за градењето на тие зони да ги фрлеа како некој поттик на мали и средни претпријатие кои ги уништија тотално со инспекции и давачки со тоа што ќе им купеа по една фискална каса, платеа книговодител или пак пензиско и инвалидско осигурување како што им прават на коорпорациите или пак шефот на му шепне на Миле да престане да им "еба мајката впичка".
Во тој случај капиталот што ќе го трупаат во најголем случај барем ќе остане тука и можеби ќе се употреби во реалниот сектор каде што и државата, а малку и ние како граѓани може да видиме некој бенефит и ќе имаше малтене ист ефект.
Ако веќе бираме помеѓу магаре и змија тогаш подобро нека бидат наши.
Добро што мислиш јас несакам просечна плата да биди 1000 евра и невработеноста да биди на ниво на Луксембург ?
Незнам дали пратеше но имам кажано дека имам работено во фабриката,безмалку цела година. Да не речам во првата група бев. Така да многу добро сум запознаен со условите таму и со сигурност можам да ти кажам барем за тука условите и платите од старт беа подобри од 90% од домашните приватни фирми. Значи сум работел и во такви и во такви и можам да споредам. Не зборуваме тука ние за државно или за РЕК , туку за обични приватни фирми. Значи редовна плата, платен превоз, менза, во целост исполнување на слободните денови кои следуваат според закон , К-15 . Во повеќето приватни фирми сето ова е мисловна именка. Друга работа е што повеќето очекуваа германски плати пошто фирмата била германска, но набрзо потоа следеше отрезнување. Кој имаше каде да оди, избор за подобро си замина уште во почетокот. Се друго што остана остана затоа што знаеше дека во моментот нема подобро. Едно добри 90 % од вработените дојдоја од сокотаб каде беа сезонци, другите кој без работа кој од бетер фирми( текстил ). Сигурно никој не дошол посебно зборувам за обичните работници на лента од подобро платено работа да работи тука. Се што дојде и остана дојдоја од полошо работно место или никакво и затоа не бегаат. Да имаа избор за подобро верувам дека секој со малце здрав ум и разум ке си заминеше на тоа подобро работно место. Ама за жал нема.
После незнам како можеш да тврдиш дека нема никакви придобивки. Конкрето тука 2000 души ( отприлика) се во редовен работен однос и редовно земаат плата со платени придонеси. Подобро ке беше тие да бидат невработени? Тие платата каква е таква е ја чуваат под перница? Не ја трошат пак во Битола. Кој за сметки, кој за друго. Битно ја трошат. Значи имаш плус 2000 души кои се платежно способни, не којзнае колку но ако земиш дека претходно немале ич или живееле од парите да родителите, роднини сепак тоа е позитивно.
А дали можеле да ги условат со поголеми плати а притоа да ги молиш за да дојдат можеме само да шпекулираме, ама од друга страна пак бројот на странските инвеститори или инвестиции не е козјане колкав што ми кажува дека тие вака едвај идат со триста молејнци а не пак дополнително да биле условени. Во секој случај некој ако смета дека немаме потреба од нив и дека е подобро да си заминат во Кина, Индија, Тунис или појма немам од каде дојдоја слободно нека си даде отказ. Ке видат не ке видат сами ке си заминат кога ке нема кој да работи.
Сега засега колку што гледам халите се полни , луѓето одат што значи дека работата барем во поглед на услови и плати не ни е сјајна. Јас пак ке речам дај боже да дојди тој ден никој да не сака таму да работи затоа што на друго место има подобри услови и плати, ама очигледно далеку сме од тој ден.
 
Значи, да резимираме:

- "постои" инвестициски бум во државава, од страна на странски компании кои што се ослободени од ДДВ, плаќање царина, од данок на добивка и од сите други давачки на кои се обврзани домашните компании или подружници

- оние што веќе работаат, својот профит комплетно го извезуваат во странство (не го реинвестираат зошто немаат никаква обврска за тоа)

- даваат плата од максимум 12000 денари, плата која што е дебело субвенционирана од Буџетот на РМ

- оние што се најавени, а се непочнати со градба ("фирма ќе инвестира толку и толку таму и таму, ќе ви го кажеме името на Св. Никад") се тотални анонимуси како компании што во една европска земја истото да се кажуваше како ПР памфлет, обичниот народ ќе им се смееше на оние што го кажуваат тоа, а тука се работи за Влада! што ти го кажува истото

- малите и средни македонски компании кои што би требало да се столбот на економијата не уживаат ниту најмала поддршка и се уништуваат секојдневно со енормни казни (тука предничат "опозициските" и оние "што не се послушни" сопственици/компании - сите чувме на кој начин - ако сте глуви тоа е Ваш проблем, ако сте глупи тоа е исто Ваш проблем ама и ние патиме патем)

- буџетот се троши на тотално непродуктивни работи (СК2014 и плацеви на Водно)

- здравството ни крахира, образованието ни е глупаво, итн...

"Битно се гради!" - aко се продолжи со таа теза, ги замолувам научниците од реномираните светски универзитети да не испитаат како народ што нарав сме и да не впишат во некоја книга/енциклопедија во делот "верувале или не"![DOUBLEPOST=1428306292][/DOUBLEPOST]И да не биде дека напразно зборувам...

-------------------------------------------------------

СЛОБОДНИ ЗОНИ:
Вистинска преродба, или економски спин на деценијата?

април 6, 2015

Четири нови инвестиции и три илјади вработувања во Тетово, нова фаброжика за автомобилски гуми во општина Новаци, турска инвестиција од 12 милиони евра во Прилеп, потпишан договор со италијанската компанија “Диатек“ за инвестиција вредна 10 милиони евра. Само за неколку денови, односно од крајот на март до сега владата најави и објави серија на нови инвестициски одлуки на странски компании кои се подготвени да вложат во Македонија.

Новите инвестиции, според Владата, по правило треба да значат и нови работни места, а со тоа и подобар стандард за граѓаните. Во големата економска слика, секое вложување треба да влијае и позитивно врз вкупната економија. Според податоците од Дирекцијата за Слободни економски зони, во првите три месеци од годинава извозот се зголемил за 27,7%.

“Сите компании кои веќе се функционални активно работат, зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално со започнување со работа на другите компании во зоните се надеваме дека тој број ќе расте“ оцени Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ.

Заводот за статистика сеуште не ги објавил новите податоци за надворешната трговија, па оттука и нема податок за колку проценти се зголемил или намалил и увозот.

Според дел од домашната експертска јавност, странските инвестиции и нивните ефекти треба да се анализираат преку одговор на неколку прашања: како расте, не само извозот, туку и увозот наменет точно за фабриките од Слободните економски зони и оние кои уживаат бенефиции од државата, зошто платниот биланс на НБРМ покажува одлив на доходот, вклучувајќи ги и заработките и дивидендите на странските компании и колку државата до сега вложи за да ги привлече странските инвеститори.

Расте извозот, ама расте и увозот…

Ако преку бројки се сумира 2014 та година, тогаш податоците за вкупната трговија покажуваат дека лани извозот се зголемил за 15,6% додека увозот пораснал со стапка од 10,3%. Покриеноста на увозот со извоз, во анализираниот период изнесувала 67,8%.

Претворено во апсолутни бројки, лани Македонија извезла стоки и услуги во вредност од 4,9 милијарди евра, а увезла вредност од 7,2 милијарди евра.

Според одредени информации од страна на владини претставници, лани странските компании реализирале повеќе од една милијарда извоз од Македонија. Економистите велат дека овие податоци се очекувани, со оглед на тоа што странските фирми имаа обврска речиси целото своето производство да го пласираат на странски пазари, но во исто време посочуваат и дека истите тие компании реализираат и увоз на материјали и машини потребни за работа.

“Точно е дека извозот на Македонија е во пораст, но речиси со приближна динамика расте и увозот. Имено ние сеуште имаме состојба во која на речси си два увезени долари, имеме еден долар извоз. Ова значи дека дефицитот на трговската сметка или бавно или воопшто не се намалува. Точно е дека извозот од Слободните зони расте, тие впрочем се извозно ориентирани и обврзани, но никој не кажува колку тие фирми реализирале увоз за да се видат вистинските ефекти од нивното работење. Ако се анализираат увозните ставки, ќе се воочи голем пораст кај увозот на платина и на катализатори со платина, на пример, кои се потребни за работа на дел од странските фирми, а тоа се многу скапи елементи, материјали.“, вели универзитетскиот прфесор и еден од поранешните министри за финансииНикола Поповски.

Одлив на профитите

Второ прашање околку ефектите од странските инвестиции се поврзува со добивките, односно профитите на овие компании. Според податоците за платниот биланс од Народната Банка, лани преку ставката “Примерен доход“ биле одлеани 224,8 милиони евра. Оваа ставка го опфаќа, меѓудругото, доходот од инвестиции во кој е вклучена капиталната добивка од директните инвестиции, дивидендите, распределената добивка и нереспределената добивка и друго.

“Ако се погледнат податоците од НБРМ ќе се забележи дека лани имало, според мене голем одлив на доход, тоа се практично заработките, профитите и дивидендите на странските фирми, што покажува дека тие ги изнесуваат парите надвор, а многу мал дел го реинвестираат, што пак на крајот се одразува негативно врз вкупниот биланс на земјава.“, смета професорот Поповски.

Вработувањата платени од Буџетот

Во обид да привлече странски инвестиции, Владата не само што понуди царински и даночни ослободувања, туку со дел од фирмите склучи и договори за директна државна помош, преку субвенционирање на давачките за платите на вработените. Истражувањето со наслов “Квалитетот на вработувањата во ТИРЗ“, што го спроведоа Диана Близнаковска и Александар Колекески, покажува дека и покрај сите бенефиции, работниците во овие фабрики имаат ниски плати и се без заштитени работнички права.

“Евтината работна сила е адутот на Владата за привлекувањето на странски директни инвестиции. Самата Влада ја промовира нашата земја како земја со евтина и квалификувана работна сила која зборува странски јазици. Ниската минимална плата утврдена со македонските закони е придобивка плус за странските инвеститори, но ограничувачки фактор за македонските работници. Македонија заедно со Албанија Бугарија, Црна гора и Србија имаат утврдено најниска минимална плата во Европа.“, се наведува во истражувањето и се додава:

“Можеме да заклучиме дека македонските работници во компаниите во технолошко индустриските зони, работат за минимална плата со работнички права кои се под минимумот кој го гарантираат законите во Македонија, со што не се исполнува димензијата на квалитет на вработувањата.“

Зона „ХХХХ“

Колку точно пари до сега од Буџетот се слеале на сметките на странските инвестиции само за отворање на слободни работни места, не е познато. Овие суми за државна помош, во договорите меѓу Македонија и странските компании се означени со “ХХХХ“.

Според досега располжливите информации, лани во фабриките на странските инвеститори биле вработени околу 11 илјади луѓе. Според проценките на владата од досега најавените инвестиции во зоните низ државата во финалната фаза треба да се вработат 12,5 илјади лица.

Најновата најава, посочена од премиерот Никола Груевски, е за полошкиот регион во кој треба да се отворат четири нови капацитети со околу три илјади вработувања.

“Компанија од Италија која е специјализирана за производство на минибуси не има известено дека донела одлука за инвестиција од 10 милиони евра во капацитет во Тетово и отворање 500 нови работни места. Според најавата, некаде до јуни-јули планираат потпишување договорот и почеток на реализација. И ова е уште една добра вест, рече премиерот додавајќи дека белгиската компанија ина донесено интерна одлука за инвестиција од пет милиони евра и отворање на околу 100 работни места. Се очекува официјална објава од нивна страна и потпишување договор за инвестиција во јуни или јули годинава.“, изјави Груевски.

До средината на јуни, според премиерот, нови две илјади вработувања ќе се реализираат и во фабриките на “Амфенол“ во Кочани. До истиот период треба да се отвори фабриката на Текникал Текстајл во Штип со 600 работни места. Џонсон Контролс во капацитетот во Штип најави 200 нови работни места, а за толкав број ќе ги зголеми вработувањата и холандската Антура.

Ланската, 2014 та година заврши со салдо на странски инвестиции од 262 милиони евра а според економистите, и покрај сите напори за влез на странски инвестори, уделот изнесува 3,5% од БДП, што ја прави Македонија една од “најслабите“ земји во ЕУ и регионот според инвестициската позиција.

А.А.
 
Последно уредено:
Ја прочитав анализава ако може така да се нарече и не може да се извлече никаков заклучок од неа, што веројатно и била целта на авторот:-). Никој не може целосно да ги претстави ефектите(ете дури и овие експерти од порталов не се баш сигурни имало извоз ама имало и увоз, ефектите биле помали дрн дрн.) освен економските експерти од форум Кајгана. Едно што приметив е бројка од 11.000 нововработени за една година.
 
Пак си шетал низ министерствата :D
го цитирам изворот на аналазита, не си го прочитал текстот ц ц ц :-) многу пропушташ :-) А по министерства има дупло сигурно :-)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom