Сандаче со пораки полно, чиниш лек за рак давам по поволна цена!
Мажи, вие тоа, сериозно?
Не се бара партнер за размножавање тука, на социјални мрежи. Обично с(м)е...тешки, терсен, анонимни или евентуално зафатени. (Божесачувај ама некогаш и грди)
Прошетајте.
Можам да се вљубам во збор. Ама претпочитам да се вљубам во личност. Реална. Да се вљубам во нејзиниот збор, пишан ли е непишан, мисла, дух, ум. А тоа, не се пиксели.
Ноу хард филингс, онака, на тема виртуелно љубење. Како некој што некогаш паднал на збор, пишан, онака фино лепо се излизгал на своето стопено срце од топлите зборови ладно искуцани.
Шубав ден.