Кога би биле богати што би имале ? (детална слика)

Здравје, љубов, и пари колку да живеам без да морам да идам на работа, и душевен мир.
Ако имам пари и муж ми да почне да иде по други, епа не фала, ондак добро ми е и вака. :icon_mrgr:
 
Луѓе дај не зафркавајте бе и да ни претекуе од извор во дворот пари пак ке си дремеме и фантазираме на форумов :D :pos:
 
Гледам во светов долго време за да видам што се случува , и сфаќам дека се што сакате се купува.Како со што ? Само со пари , парите го вртат светот , врти пари тоа значи дека ти го вртиш него . Тогаш сфатив дека сакам моите луѓе да се среќни, ќе мора да ги имам парите во многу вреќи.За да можам да видам луѓето како се смеат, барем ако не можам да бидам јас со пари среќен нека бидат другите.Да почнеме со младите немате игралиште , ќе купиме со парите.На мајка ми би сакал да и купам машина за перење, да не пере на раце веќе да не настине.Би сакал да и платам одмор , да одмори со месеци на некој од островите на пример на Хаваите.Би купил нова трска и фул опрема за татко ми да ужива во природа при ловење на риби.Ти би сакал ли да пееш, но немаш микрофон.Еве ти цело студио макар да кошта милион.Би купил нова вилица за дедо ми од бутел 2.Би купил нова куќа за брат ми , за живот со девојката.Би платил секој ден да биде сабота, би купил нова вистина во врска со државата.Би платил долгови на сите на планетава што должат.Би купил нови клупи за да не седнеш на полжав.Би купил клик-клак за децата во Халкиди, би ти купил кикирики онака од икиш.На сите мои другари би им купил се што сакаат, како ли цело време слушам дека немаат да плаќаат.Па би ми било мило да им платам, се што срцето им бара би го купил тоа е ситна пара.Мојот најубав ден во животот би го ставил на рипит да врти цело време до бесконечност.Би платил да го запрам времето во радост.Платив нема старост, сега живеј само младост.Би ги платил Looney Tunes само еден цртан.Којотот да биде сит, итрицата да биде мртва.Би му купил на Мендо ново одело, како кој ? Од Елвис Присли за да биде стварно кралот.Би и купил на државава скромен океан , тоа ги прави барем некои деца среќни,верувај!Барем помислата за сето ова ме прави мене среќен, жалам што можам само да му купам лижавче на дете зошто моментално сум во криза , а тоа не ме прави тажен јас сум исто како виша сила.Бе се разочарувај но немам ќеш за ова.Се што имам е желба да го сторам, имам добра воља.Имам само трема , немам пари да го земам но кога парите би биле талент тогаш кажи цена.
Tonyo San. :)
 
Не би мрднал подалеку од Македонијава. Па ни Прилепов искрено. Би си ја средил постоечкава куќа што ја имам, куќата кај баба ми, едно станче во единствената ни добра населба ( Точила ), станче во Хром, станче во Штип, куќа ( читај шпанска хациенда ) на излезот од Охрид према Љубаниште. По една викендичка на Маврови Анови, Пелистер, Крушево, Беласица и Ниџе.

Би ги купил трите ресотрани наспорти Могила би ги направил во ноќен клуб. Супермаркет до Салида. Неколку ИТ компании во катната гаража, драјв-ин рестораран наспроти Марко Цепенков ( на местото од Гурман ). Старо The End би го сменил во класичен Американски Бар. Би инвестирал во Тутунски Комбинат и 11ти. Старата кожара пак ќе почне со работа. Би закупил поголем дел од земјиштето во Прилепско кое потоа ќе се работи со различни земјоделски кулутри, пропратно и 2 фабрики во индустриската зона за преработка на тие култури. Еден голем пазар во индустриската налик Кванташки.

Би го покрил коритото на реката. Осветлување на целите Маркови Кули ( како и што беше ). Чистење на патот до Мечка и Паничиште. Проширување на планинарскиот дом. Кино како што доликува. 2 трговски центри. 1 такси компанија. 1 обезбедителна компанија. Во принцип ќе гледам секој од градот да добие работа. Реставрирање на 70+ годишните куќи и нивно пренаменување во лежерни кафичи/ канцеларии/ музеи. Неколку едукативни центри. 2 станбени населби. Средување на населбата кај терминалот ( аКа Мал Париз :icon_lol: ). Веројатно и факултет.

Станбените услови не барам да се преголеми, само интимни и удобни. Од страна на автомобили и мотори, обавезно ќе земам неколку олд тајмери што ги има низ Македонијава, али најверојатно најчесто би ме виделе во Алфа Диско Воланте ( коа сакам да изигравам фраер :D ) ама поверојатно би било да ме видиш во нов Фокус или Сивик. Кога е сончево пак, никогаш не би слегол од custom Harely. :)

Па отом потом, би инвестирал и низ другиве ни градови. А да, забораив дека ќе отворам и банка :sneaky:

Абе мене се ова ми е предизборна кампања ама вие не сфаќате :D

Па поразработена програма за Прилеп имаш него опозицијата за Македонија. Ја би те гласала. :D
 
Баш напротив , сиромашните и средната класа се тие кои имаат желба да сеа докажуваат дека имат. Вистински богаташ од типот на Цукенберг носи иста облека секој ден , и вози автомобил од 20 илади долари без разлика што тежи над 40 милијарди. Е баш вака би се однесувал. :)
 
приватно осторвче полно со косооки убавици не помлади од 20 не постари од 30 можда и едно станче во Shinjiku кога ќе ми досади животот на островот и изолација од Светот посебно од политиката :ojeaa:
 
Подалеку од вукојебинава, никаков контакт. Ќе прежалам да не навивам за Пелистер (или пак зошто да прежалувам, кано ќе го емитирам, ќе си фантазирам европски Пелистер:icon_lol:), од се друго лесно ќе се одвикнам.
Максимално ќе пратам спортски настани, на сите можни интересни натпревари ќе се обидам да стигнам. Ќе пратам концерти, фестивали и слични квалитетни културни настани.
Ќе го пробам секое јадење што ќе бидам во можност, од било која светска кујна.
Не ми требат дроги и неписмени шупаци ко билзерин. Ако сум богат ќе ги баталам сите социјални мрежи(освен кајгана:icon_lol:), ќе го минимализирам користењето на интернет.
 
Баш напротив , сиромашните и средната класа се тие кои имаат желба да сеа докажуваат дека имат. Вистински богаташ од типот на Цукенберг носи иста облека секој ден , и вози автомобил од 20 илади долари без разлика што тежи над 40 милијарди. Е баш вака би се однесувал. :)
Баш напротив , сиромашните и средната класа се тие кои имаат желба да сеа докажуваат дека имат. Вистински богаташ од типот на Цукенберг носи иста облека секој ден , и вози автомобил од 20 илади долари без разлика што тежи над 40 милијарди. Е баш вака би се однесувал. :)
Средната класа исто така нема желба да се докажува.

Проблемот е што во Македонија веќе одамна не постои средна класа туку само сиромашна, "висока" сиромашна и висока класа (ако може ова вака да се нарече)
 
Кога би имал многу пари би бил Ник Слотер од Тропски Горештини.
 
Значи темава е со идеја да си дадеме детална слика кога би биле неограничено богати. Кој дестинации сакате да ги посетите, каде ке живеете (град, држава), кои автомобили и мотори, воопшто возила би си ги купиле, во што би ги вложиле парите, каква би сакале да ви биде куќата, како би се понашале, каква облека и накит би носеле, на каков луксуз би фрлиле многу пари, какво милениче би имале, какви подароци би сакали и давале, каква фризура би носеле, на какви места би испаѓале, какви слободни активности ке си организирате... ??? Значи кајганџии форумџии отворајте умот желбите и редете што сакате. :)

Пошто јас ја почнувам темата и нема смисла прв да не дадам мислење еве вака: Ке живеам во Германија во Франкфурт таму ке ми биде официјалниот дом, другиот дом односно по скромна вила би ми била во Италија не сакам конкретно место али сакам да биде мало и мирно туристичко место. Стилот на архитектурата да биде модерен со бела фасада и ентериер. Главната куќа да биде доста комфортна на некој три спрата со голем двор со многу травњак, базен, зен катче (водопад), додека вилата по скромна можда спрат и поткровје исто така со задоволителен двор со травњак и обавезно чамец или глисер во кој може да се возат повеќе луѓе. Од возила би имал еден џип голем и комфортен најверојатно Ленд Ровер црн, Мерцедес голем фамилијарен со доста јак мотор веројатно сребрен, еден Астон Мартин гранд турер можда зелен, Ферари исто така гранд турер се разбира црвено и едно Порше тотално спортска верзија нека биде бело. Од мотори еден Ем-Ве Агуста спортски веројатно бел и едно Дукати супермото црвено. Околу активности и слободни активности би отворил една фондација преку која ке донирам доста пари и ке поттикнувам други парајлии да донираат. Слободни активности хммм... Ке чувам два можеби и три Ротвајлера али не за да ми го чуваат имотот него јас сакам да си ги гледам и да се грижам за нив баш по стандард, сакам да научам да јавам и одкако ке научам ке јавам големи тури, ке си купам и ке учам да свирам тапани, ке цртам повеке, ке си соберам солидна колекција на автомобили и мотори во размер, би одел на стрелање во мети се разбира и отприлика тоа... Места што сакам да ги посетам дефинитивно прво и основно Тибет на неколку месеци, Потоа Лондон, помали убави градчиња низ Европа и неколку тропски места. Околу однесувањето (понашањето) не би сменил ништо се разбира како и досега ке се трудам да бидам вистински подобар човек, кога станува збор за облека јас сум за лежерно што по лежерна облека и никако скапи луксузни брендови. Фризура не менувам можда скороз кратко ке се шишам. Накит ниту носам, ниту сакам, ниту би трошел за такво нешто единствено ке носам кристали на мене (полудраги камења) и ке си купувам големи парчиња и оригинални од нив. Во бизнис поглед би вложил единствено во недвижнини евентуално во акции на берза. И нешто што морам да го напишам се подразбира дека сето ова би го делел со целото моето семејство.

Како да ти кажам.... те сметав за просветлена душа. (не материјалист)

AI DISSAPINT!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom