- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.311
- Поени од реакции
- 5.934
Значи темава е со идеја да си дадеме детална слика кога би биле неограничено богати. Кој дестинации сакате да ги посетите, каде ке живеете (град, држава), кои автомобили и мотори, воопшто возила би си ги купиле, во што би ги вложиле парите, каква би сакале да ви биде куќата, како би се понашале, каква облека и накит би носеле, на каков луксуз би фрлиле многу пари, какво милениче би имале, какви подароци би сакали и давале, каква фризура би носеле, на какви места би испаѓале, какви слободни активности ке си организирате... ??? Значи кајганџии форумџии отворајте умот желбите и редете што сакате. 
Пошто јас ја почнувам темата и нема смисла прв да не дадам мислење еве вака: Ке живеам во Германија во Франкфурт таму ке ми биде официјалниот дом, другиот дом односно по скромна вила би ми била во Италија не сакам конкретно место али сакам да биде мало и мирно туристичко место. Стилот на архитектурата да биде модерен со бела фасада и ентериер. Главната куќа да биде доста комфортна на некој три спрата со голем двор со многу травњак, базен, зен катче (водопад), додека вилата по скромна можда спрат и поткровје исто така со задоволителен двор со травњак и обавезно чамец или глисер во кој може да се возат повеќе луѓе. Од возила би имал еден џип голем и комфортен најверојатно Ленд Ровер црн, Мерцедес голем фамилијарен со доста јак мотор веројатно сребрен, еден Астон Мартин гранд турер можда зелен, Ферари исто така гранд турер се разбира црвено и едно Порше тотално спортска верзија нека биде бело. Од мотори еден Ем-Ве Агуста спортски веројатно бел и едно Дукати супермото црвено. Околу активности и слободни активности би отворил една фондација преку која ке донирам доста пари и ке поттикнувам други парајлии да донираат. Слободни активности хммм... Ке чувам два можеби и три Ротвајлера али не за да ми го чуваат имотот него јас сакам да си ги гледам и да се грижам за нив баш по стандард, сакам да научам да јавам и одкако ке научам ке јавам големи тури, ке си купам и ке учам да свирам тапани, ке цртам повеке, ке си соберам солидна колекција на автомобили и мотори во размер, би одел на стрелање во мети се разбира и отприлика тоа... Места што сакам да ги посетам дефинитивно прво и основно Тибет на неколку месеци, Потоа Лондон, помали убави градчиња низ Европа и неколку тропски места. Околу однесувањето (понашањето) не би сменил ништо се разбира како и досега ке се трудам да бидам вистински подобар човек, кога станува збор за облека јас сум за лежерно што по лежерна облека и никако скапи луксузни брендови. Фризура не менувам можда скороз кратко ке се шишам. Накит ниту носам, ниту сакам, ниту би трошел за такво нешто единствено ке носам кристали на мене (полудраги камења) и ке си купувам големи парчиња и оригинални од нив. Во бизнис поглед би вложил единствено во недвижнини евентуално во акции на берза. И нешто што морам да го напишам се подразбира дека сето ова би го делел со целото моето семејство.