Каква утакмица си изгуби Фили, сами си се криви, 4 минути ни Кавс ни Фили на крај не дадоа кош, а Фили промашија 4 слободни, 2-3 отворени шута во тој период, и имаа напад за победа.
Јака одбрана играат, ама проблем им е нападот. Освен Ковингтон (кој патем е одличен офанзивен потенцијал), друго офанзивно оружје скоро и да немаат.
Море и добро е што изгубија ги стигнавме и Лејкерс УПМ

Чудо е што прави тренерот со оваа екипа секоја чест, со група на играчи на кои цела лига им игра мајтап и ги заебаваа дека се најслаби во историјата и дека колеџ тимови можеле да ги победат, еве се склопи една пристојна група која не е ни приближно насјлаба во лигата. На сите заебанции за танкање што ги добија до последна секунда се даваат играчите на терен и се борат за победа (не случајно голем дел од победите се со пресврти во второ полувреме), а Њујорк, Лејкерс, Минесота и компанија за кои збор се нема зуцнато си "одмараат" играчи кај ќе стигнат, играчите пола време не се замараат итн. Всушност баш пред некој ден излезе една статистика (а ја спомнаа и на натпреварот со Кливленд) дека во прва четвртина Филаделдија ја има 26тата одбрана во лигата, ама од друга страна ја има најјаката одбрана во цела лига во второто полувреме. Тоа е апсолутен знак дека се борат до крај.
А инаку општо за тимот, полека но сигурно
Во принцип на место ти е целосно коментарот. Јасно е тоа дека нападот е огромен проблем (макар што последниве 2 месеци се подобрија малку). Ама не е ни изненадување. Екипата е изградена врз неколку дефанзивци (пред се Noel и Mbah a Moute, до некаде и Grant) + еден куп играчи кои за минимални пари ги тестираа да се види што можат за ако некои од нив ги биде да ги имаат како екстремно ефтини опции за следните 2-3 години. Вака така имаат сега 2 исклучиво евтини квалитетни шутери со 4 годишни договори за минималец (Covington и Thompson), универзалец со потенцијал да биде сличен играч на Kawhi Leonard (Grant), макар што треба уште многу да напредува за да стигне до тоа ниво.
Тоа ти се 4-5 играчи кои би биле дел од ротација. Е сега на овие треба да им се додадат Embiid, Шариќ и уште 3-4 пика од 2015 на драфтот (Филаделфија, евентуално Лејкерс, Мајами и ОКЦ - на Лејкерс тешко годинава). Меѓу овие ќе се бараат носителите на играта во нападот. Од нив ќе зависи колку ќе ја биде екипата. За одбрана горе долу веќе може да се увиди дека лесно може на долг рок Филаделфија да биде топ 5-6 одбрана во лигата. Ама за нападот сеуште има многу прашалници ќе видиме како ќе оди. Потребен е доминантен офанзивен играч кој ќе повлекува удвојувања без разлика дали тоа ќе биде Embiid како центар или некој доминантен офанзивен бек (каков што претпоставувам ќе се бара летово).[DOUBLEPOST=1427720584][/DOUBLEPOST]
Најдобриот избор на драфтот на Мајкл Џордан во историјата
Инаку Morrison ако не грешам беше играч на Gonzaga (таму се прослави) и веќе увиде дека не го бива за професионален играч па сега е нешто помошник тренер во Gonzaga.