Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Имам 73 кила, 24 год и висок сум 1,70. Целта ми е мускулна дефиниција, губење на масти и да ослабам уште 3-4 кила.
Ја имам следнава исхрана:
оброк 1 - овесни снегулки со јогурт со ниска масленост
оброк 2(после тренинг) - веј протеин со банана
оброк 3 - варен стек со ориз /варен зеленчук /компир во ретки случаеви
оброк 4 - овошје или бадеми / индиски ореви
оброк 5 - варен стек / ослич / телешко со ориз / варен зеленчук / салата
оборк 6 - туна или варен ослич
оброк 7 - веј протеин

*Имам cheat meal еднаш неделно
*Во денови без тежински тренинг намалувам на јаглехидрати
*Вежбам 2 пати неделно само тежински тренинг, 2 пати тежински во комбинација со кардио 30мин, 1 пат само кардио 30 мин и 2 дена ми се одмор.

Во последниве 2-3 недели ми изгледа како да не губам килограми.. Дали треба да сменам нешто во исхранава? Ако треба да намалам на калории што да скратам?
Тука не сме видовити за да знаеме колку ти се обемни тие оброци, ај пиши колку ккал внесуваш со сите тие оброци заедно.
Членот погоре ти даде ОК забелешки, со исклучок на последната со која не се согласувам, не ти е многу протеин.
Просто без многу филозофија би требало да си на дневен калориски внес од 1700-1900ккал за да топиш , ме интересира каков тежински тренинг практикуваш (накратко напиши ја програмата) и за почеток два од тие 4 кардио што ги имаш, прави ги ХИТ кардио, после недела дена кажи до каде си.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.172
Поени од реакции
1.054
Доколку имаш вишок Килограми дали прво треба да ослабеш за да дојдеш после со вежбање и исхрана до мускул или да вежбаш додека слабееш??
 
Член од
27 март 2015
Мислења
4
Поени од реакции
2

Никогаш не сум мерел во грамови колку ставам, секогаш ставам од око во чинија.. Како и да е пресметав дека отприлика внесувам од 1700 до 2200 калории во зависност од тоа дали јадам бадеми или овошје за четвртиот оброк зашто разликата е скоро 500 калории.
Иначе вежбам
ден1 - гради, трицепс, кардио
ден2- грб, бицепс, стомак
ден 3 - одмор
ден4 - , рамо, кардио
ден5 - нозе, стомак
ден6 - одмор
ден 7 - кардио

*сериите ги правам со пауза од 1 мин

Што е тоа ХИТ кардио?
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Доколку имаш вишок Килограми дали прво треба да ослабеш за да дојдеш после со вежбање и исхрана до мускул или да вежбаш додека слабееш??
Немате потреба од вакви оптеретувања. Ако имаш намера да го обликуваш своето тело, нема што да чекаш. Почни полека и веднаш. Исхраната се средува според целта, како и начинот на вежбање.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Никогаш не сум мерел во грамови колку ставам, секогаш ставам од око во чинија.. Како и да е пресметав дека отприлика внесувам од 1700 до 2200 калории во зависност од тоа дали јадам бадеми или овошје за четвртиот оброк зашто разликата е скоро 500 калории.
Иначе вежбам
ден1 - гради, трицепс, кардио
ден2- грб, бицепс, стомак
ден 3 - одмор
ден4 - , рамо, кардио
ден5 - нозе, стомак
ден6 - одмор
ден 7 - кардио

*сериите ги правам со пауза од 1 мин

Што е тоа ХИТ кардио?
High-intensity interval training (HIIT), најпросто кажано кардиото си го делиш на периоди кога даваш максимум (тие ти траат 10-30секунди) и периоди во кои „одмараш“ и си правиш кардио со некои си 60% (како што и вообичаено си го прават луѓето по теретаните, лагано). Значи имаш краток интервал во кој даваш максимум и период во кој одмараш и се припремаш за следниот, јас ги терам 20-40 вообичаено, така некои си 20минути, 3-5 пати неделно. Не само кај кардиото, по интернет ќе сретнеш еден куп програми каде што и тежинскиот тренинг наликува на ова.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Јадете ли саламурен стек ? што е разликата ? јас знам дека тој е уствари отстоен стек,кој го повлекуваат од употреба,го пумпаат со зачини и такви срања и потоа пак го пуштаат во продажба,меѓутоа со помала цена.Ама пред некој ден земав саламурен,цената кажуваше дека е саламурен и месарот ми кажа,го спремив во вок тава,и беше поубав неголи денешниов свеж на цекин стек,а приготвен во исто место иста температура исто се,само што тој пушташе ЕПТЕН вода/масло што и да е тоа,бело беше,и уствари се лепеше за тавата и беше по потпечен,на вкус беше врв...некој дали знае што е тоа и дали е здраво ?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Не мора да е нетазе за да го саламурат. Поефтин е зашо 30% е солена вода автоматски 30% е поскап од шо мислиш.
А за здраво...кој знае шо е здраво више денешницава. Ако не ја растеш сам кокошката - не е здраво, ама немаш избор.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Доколку имаш вишок Килограми дали прво треба да ослабеш за да дојдеш после со вежбање и исхрана до мускул или да вежбаш додека слабееш??
2. Внесувајте помалку калории преку вашата диета

Мислам на вашите стомачни масни наслаги како на банкарска сметка. Но наместо складирање на пари, тие складираат калории. Ако сакате сумата на пари на вашата банкарска сметка да се намали, мора да трошите повеќе пари отколку што сте ставиле. На ист начин, за да се ослободите од стомачните масти треба да трошите повеќе калории отколку што внесувате.

Не може да се каже дека калориите се единственото нешто што е важно, затоа што не е.

Мастите, протеините и јаглехидратите се различни нешта и вашето тело со нив поинаку се справува. Ова влијае на вкупниот број на калории кои вашето тело ги добива од сите нив. Со други зборови, не можете да ја игнорирате макронутритивната вредност на диетата и да очекувате да видите идентична промена на телото само врз основа на калориските вредности.

Но, без оглед на тоа, за губење на стомачните масни наслаги потребен е дефицит од калории. Не дозволувајте си да бидете заведени од комплицираните начини на исхрана маскирани како "нов и револуционерен " пристап кон губење на тежината.
http://karas4training.com/mk/news/kako-najbrzo-da-gi-izgubite-stomachnite-masni-naslagi
 
Член од
16 февруари 2015
Мислења
67
Поени од реакции
80
Каков е вашиот став за Цедевитата? Дали ја конзумирате, во кое количество, а ако не, зошто не?
 
G

garthok

Гостин
Да се надоврзам за цедевитата, дали е здраво да се пие една чаша цедевита и една шумечи дневно или да не се мешаат во ист ден?
 
Член од
4 октомври 2014
Мислења
787
Поени од реакции
539
Да се надоврзам за цедевитата, дали е здраво да се пие една чаша цедевита и една шумечи дневно или да не се мешаат во ист ден?
Другар, како и да ги пиеш ни едното ни другото не е здраво.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Каков е вашиот став за Цедевитата? Дали ја конзумирате, во кое количество, а ако не, зошто не?
Ако пиеш една чаша дневно нема ништо да ти се деси.
Препорачано е да се конзумира 30-40 грама шеќер.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Препорачано е да се конзумира 30-40 грама шеќер.
Заслужена прва опомена.

Да не дојде до забуна, препорачано е да не се надминува количината на шеќер која ти ја пиша, а далеку од тоа дека е препорачано од било која здравствена организација да се внесува толкаво количество на шеќер.

Кога сме веќе на темата, ви препорачувам на сите да го погледнете документарецот Fed Up (2014) во кој се говори за ефектот на шеќерот во новото време.
 
10% од дневните препорачани цели или 5%.
Од 1500 до 2500 е препорачаната калориска вредност.
150-250 калории само од шеќер се препорачува.
http://www.who.int/nutrition/publications/guidelines/sugars_intake/en/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom