Имам 73 кила, 24 год и висок сум 1,70. Целта ми е мускулна дефиниција, губење на масти и да ослабам уште 3-4 кила.
Ја имам следнава исхрана:
оброк 1 - овесни снегулки со јогурт со ниска масленост
оброк 2(после тренинг) - веј протеин со банана
оброк 3 - варен стек со ориз /варен зеленчук /компир во ретки случаеви
оброк 4 - овошје или бадеми / индиски ореви
оброк 5 - варен стек / ослич / телешко со ориз / варен зеленчук / салата
оборк 6 - туна или варен ослич
оброк 7 - веј протеин
*Имам cheat meal еднаш неделно
*Во денови без тежински тренинг намалувам на јаглехидрати
*Вежбам 2 пати неделно само тежински тренинг, 2 пати тежински во комбинација со кардио 30мин, 1 пат само кардио 30 мин и 2 дена ми се одмор.
Во последниве 2-3 недели ми изгледа како да не губам килограми.. Дали треба да сменам нешто во исхранава? Ако треба да намалам на калории што да скратам?