Ш Е Г О С К О П
(Смешни дефиниции за хороскопски знаци)
БИК
Биковите се исто толку трпеливи и релаксирани колку што се и тврдоглави и посесивни. Сите Бикови се родени со двоен персоналитет и ако родите дете во знакот на Бик е исто како да сте родиле близнаци – само без помош од владата.
Бикот никогаш и за ништо не се брза. Тој е една таква личност која лизнува само еднаш до двапати од сладоледот пред да му падне.
Троши огромна сума за патување ама секогаш задоцнува па авионот/автобусот му бега. Овие платени билети кои ветуваат дека ќе летате низ целиот свет ја имаат истата цена како смоки. При некои летови не се нуди бесплатно јадење па Биковите не се до толку глупави да плаќаат за тоа.
Штом некоја замисла залута низ главата на Биковите, веќе не излезе од таму. Всушност, тешко е да се влезе во негова глава бидејќи многу Бикови страдаат од мигрена создадена од “изградба“ на спонтани идеи кои ненадејно се материјализирани и не си одат. Исто така се склони кон крварење на носот и кај некои Бикови тоа се манифестира токму заради овие идеи.
Ги бива за диктатори. Како ќе познате дека еден Бик станува диктатор? Неговата трпеливост ги спакувала торбите и ја нема веќе. Друг знак е дека почнуваат да зборуваат екстремно бавно и очекуваат другите да фаќаат белешк.
Во љубовта Бикот е неподнослив, бидејќи се смета дека е човечки еквивалент на брокулито. Што е уште полошо, многу се љубоморни и параноични. Дури и на најмал инцидент (како на пример да им го побарате далечинското), може да почнат да се сомневаат во вашата љубов. Добрата страна е што простуваат и заборават и обично караниците не траат подолго од паузата за реклами.
Се на се, љубовниците на Биковите се сметаат за среќни луѓе. Односно поточно, треба да се сметаат самите за среќни доколку не полуделе веќе.
Биковите се штедаџии и не трошат пари на ништо (освен на билети). Сите живеат на бел ориз. Не му давајте пари на Бик за роденден – најверојатно никогаш нема да купи нешто со нив.
Што се однесува до иднината, често стигнуваат до целта но не со убедување туку со бескрајно чекање и трпеливост.