Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.372

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
A vaga i skorpija????
Комбинацијата е ок, само шо во ризик се ако Скорпијата се заинаети или стани многу љубоморна. Така може да ја сруши сета хармонија, а со љубомората да предизвика Вагата да се осеќа пригушено, затворено..Бидејќи Скорпијата е подоминантна, Вагата ја исполнува врската со исправните постапки. Сите способности кои Вагата ги сака, ги гледа во Скорпијата. Скорпијата поседува сексуален нагон, кој Вагата толку се обидува да го постигни. Вагата е јако чувствителна и приврзана кога сака, но Скорпијата треба да се научи да и даде малце простор.
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
јас уште чекам за Близнаци подзнак Лав и Водолија
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Двата знаци поседуваат интелектуални способности, сакаат долги разговори и размени на идеи. Исто така, поседуваат многу енергија кои обожаваат заедно да ја трошат. Уживаат во тие интелигентни љубовни изјави и заклучоци. Двата презираат губење на време.
Близнаците се способни да посматраат ситуација од неколку гледишта, па лесно им е да сфатат некој поголем проблем, затоа што прво тие се ставаат на таа другата страна и знаат како тие би изерагирале.
Промената во карактерот на Водолијата ја ги воодушевува Близнаците. Близнаците сакаат промени, сакаат нешто ново, па така нема да им биди здодевно и ќе се хранат со промената на Водолијата.
Може да биде критично ако Близнаците не можат да сфатат дека на Водолијата и треба малце време за да биде сама. Таа ја обожавам самотијата.
Предност е тоа што нема љубомора кај овој спој.
Идеално функционираат и како брачен пар и како другари, љубовници, соработници..​
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
Ај вака прв дел:

ОВЕН

Со пролетта почнува владеењето на овенот. Тој е прв знак во западната астрологија (има и еден друг вид астрологија) што значи дека со него почнува хороскопската година. Тој е кардинален знак што во некоја смисла значи и водечки. Затоа овновите често се поврзуваат со борци, водачи, акција и физичка активност. Тука се тие што се занимаваат со екстремни спортови, освојување планински врвови и сл.

Нивното однесување не е секогаш тактично но треба да се има на ум дека тоа не е од злоба. Едноставно се такви и знаат како такви да бидат и шармантни. Имаат една доза на себичност која некому може да му смета но пак затоа први дотрчуваат во помош дури и да сте во ептен незавидна ситуација.

Изгледаат и се однесуваат како спортисти што и најчесто се. Многу малку овнови не се занимаваат со спорт. Често се сретнуваат во боречки спортови и во професионална војска :) Тоа се воедно и занимања во кои што најдобро се снаоѓаат а ги има и во политиката и полицијата.

Во љубовта овенот не е за сентименталност! Сакаат искрено но сметаат дека тоа не треба да се нагласува во секоја прилика. Тие се и доста страствени но во нивно присуство да не се покажува љубомора бидејќи таа заедно со посесивноста е сигурен начин да ги истерате од вас.

Овенот владее со главата па тоа е нивна најосетлива точка од здравствен аспект. Поради тоа често имаат проблеми со ушите, забите, очите и синусите.

БИК

Стабилен карактер кој не сака промени. Сака се и тоа го прави полека и сигурно. Знае да ужива и ги цени земните задоволства но секогаш на сигурно. Работите кај него течат по континуиран, конзервативен и бавен тек. Сака комфорен и удобен живот. Има најдобро чувство за поседување и тоа му е еден од основните критериуми во животот па заради тоа и многу нематеријални нешта ги карактеризира со материјалистички мерила. Поради тоа се ужаснува од губиток на имот, несигурност и неизвесност и мрази секаков ризик.

Има благ авторитет и е склон кон меланхолија. По секоја цена избегнува конфликти и радо прифаќа компромиси. Има смисла за естетика и може да успее во разни сфери на уметноста. Брзината за нив е туѓ поим, тие се бавни и доследни па дури и во јадење и пиење. Се карактеризираат со убав глас па ги бива за пејачи :)

БЛИЗНАЦИ

Карактер чие главно оружје е интелигенцијата и снаодливоста. Овие луѓе не поднесуваат никаков вид монотонија и еднообразие па штом забележат дека работите одат во тој правец, едноставно ја вртат плочата од другата страна. Недостатокот на постојаност кај нив е надополнет со елоквентност, снаодливост и брзина. Работите ги вршат брзо и се по малку. Од друга страна, се што е на долги патеки им е досадно и ги заморува. Затоа знаат да ги менуваат нештата по нивен терк но со толкава брзина што на крајот не си се јасни на себе а камоли на другите.

Имаат одлична смисла за комуникација и за пишан збор. Имаат огромна љубопитност и често шират (дез)информации па неправедно се прогласени за дрдорковци, индискретни или сл. иако немаат зли намери - тоа е едноставно нивна потреба за комуницирање. Не ги земаат работите пресериозно. Имаат и смисла за хумор и при комуникација обично се служат со гестикулации :)

РАК

Мек карактер за кого е најважен неговиот дом. Поседува чувство за интима, склон е кон попустливост а особено ако нечии маки со тоа би биле ублажени но често под тоа се крие голема амбиција па така тие знаат на својсвен нежен начин да бидат упорни и тврдоглави. Имаат дарба за уметност. Тој во својот дом се чувствува како во рајот, осетлив е и чувствителен и често запаѓа во фаза на лутање односно пиење и патење :)

Најсреќни се кога се дома, нивни одлики се душевност и длабочина, ранливи се и емотивни. Нивна карактеристика е и проникливоста и со тоа имаат чувство за другите луѓе и општата маса, поради што се често попопуларни и поомилени од другите. Овој знак го карактеризира и фантастична меморија и енергија како и способноста да живее во минатото.

ЛАВ

Карактер кој не поминува незабележано. За него најнормално нешто е да биде во центарот на вниманието а ако не е, се чувствува лошо :) Зрачи со топлина и природен авторитет па така често го привлекува туѓото внимание. Поради тоа е на водечки позиции, јасен е и има принципи. Обожава на биде на пиедестал и потребна му е публика. Неговата моќ на личноста и гордоста не му дозволуваат да повлекува било какви минорни потези и има дарба за организација и управување, има силно влијание на другите.

Сака деца и знае со нив, а и тие го сакаат него. Не сака и нема смисла за сплетки ниту за мрачни нешта. Понекогаш овие особини толку доаѓаат до израз па се претвора во многу самобендисана личност, мрзлива и напорна за околината. И дури ни тогаш егото не му дозволува да признае грешка. Нема смисла за суптилност и понекогаш делува и глупаво.

ДЕВИЦА

Ова е дискретен карактер со префинет вкус. Одличен аналитичар чиј поглед на животот е (понекогаш и премногу) критички, поради тоа што сами на себе си одземаат самодоверба и задоволство од животот. Од една страна поседуваат дар за детали а од друга, поради премногу детализирање не ја “гледаат шумата од дрвата“.

Својот интелект корисно го употребуваат во животот но знаат и да го расипаат доколку без престан приговараат за секакви неважни ситници и притоа губат драгоцено време. Перфекционисти се, имаат потреба да се чувствуваат корисни и радо се на услуга на другите. Поради вродената дискреција, внимателност и воздржаност (која често преминува во срамежливост), повеќе сакаат да делуваат од позадина а поради смислата за детали, знаат да одберат вистинска гардероба, мебел за дома и сл. па така го градат својот отмен стил.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
ВАГА

Префинет карактер кој во се бара рамнотежа. Има смисла за естетика и сам најчесто изгледа убаво и елегантно. Поради тоа е привлечен на другите и са него љубовта и партнерството е најважно. Не сака и не може да биде сам, напротив во љубовта се дели со саканата личност и со тоа одржува рамнотежа која му е особено важна. Одличен е дипломат, но доколку ја нема својата “друга половина“, длабоко пати затоа што е и емотивен. Безрезервно учествува во љубовта и на тој начин се надополнува самиот себе.

Има осет за фини нешта и појави, како и за уметноста. Знае да се стави во туѓа кожа и ги разбира другите па знае и да заборави на себе и на своите потреби. Поради тежнењеето кон ускладување на нештата, знае да падне во замката на неодлучноста па предолго размислува и додека се реши што ќе прави, приликата поминала веќе. Има чувство за естетика и праведност (доколку живее во хармоничен свет).

СКОРПИЈА

Ова е динамичен и страствен карактер кој не го покажува тоа секогаш отворено. Надворешно делува мирно и ладнокрвно но всушност во него има страст и темперамент. Таинствен е и привлечен, ги прифаќа животните предизвици и се носи со нив без оглед на се. Опасноста добро му стои и не е далеку од неговиот карактер, одмаздољубив е и не простува! Во состојба е да го скрши непријателот доколку притоа уништи и негои свои омилени нешта. Тоа го надополнува со висока способност за регенерација, често поминува низ некакви уништувања :) и повторно изградувања на самиот себе (доколку не се уништи комплетно).

Во основа овие луѓе често погрешно се сфатени како деструктивни но ако се земе во предвид дека после рушењето, со истата таа сила можат и повторно да се возобноват, можат да бидат прилично корисни. Имаат остра ситуација и добро ги проценуваат другите луѓе и ако нешто одлучат, 100% се доследни во тоа бидејќи имаат цврст карактер. Сакаат да провоцираат и незгодни се како непријатели. Но кога сакаат, подготвени се да вложат СЕ (и добро и лошо) за својата љубов. Сакаат жестоко и длабоко и за жал можат да уништуваат жестоко и длабоко, ако работите тргнат по неповолен пат.

СТРЕЛЕЦ

Идеалистички карактер најчесто исполнет со племенити идеи и визии. Ги карактеризира спонтаноста. Тие се толерантни и склони кон остварување на своите цели и планови (често тоа е комфортен живот). Сакаат далечни земји и да патуваат во странство. Нивниот идеализам знае да ги доведе во конфликт со околината доколку таа е од малограѓански карактер или ако се во друштво на луѓе со ниски, ситничарски и егоистични идеи. За нив ништо нема граници. Светот го гледаат преку розови очила и тешко ги конкретизираат нештата и се разочаруваат кога ќе видат каква е реалноста, но лесно преминуваат преку тоа.

Имаат широк поглед на светот околу себе и имаат смисла за морал и етика. Стрелците со лош карактер пак знаат да се претвораат во нешто што не се :) Инаку се фер, сакаат спорт, природа и слобода!

ЈАРЕЦ

Карактер кој може да се опише со 3 збора: јак како карпа! Направен е од цврст материјал кој може да трае и трае. Со годините се чувствуваат се подобро и подобро, всушност не губат туку добиваат. Со текот на годините стануваат позабавни бидејќи се смета дека се работливи па дури отпосле си допуштаат забава и хумор. Ги преминуваат сите животни препреки и кога се заложуваат за нешто, тоа го прават без разлика на тешкотиите. Секогаш имаат цели и одат чекор по чекор. Но кога ќе ја остварат, се чувствуваат задоволно но и празно бидејќи не знаат да уживаат во постигнатото па се лоцираат на нови работи и нови цели.

Сакаат нештата да се трајни и долгорочни и секогаш претпазливо прво проверуваат па затоа често се мисли дека се студени и не знаат да се опуштат. Кога ќе се уверат дека тоа е тоа, се предаваат целосно на работата и забораваат на се друго па често ги занемаруваат останатите сфери во животот а нив ги сфаќаат како фаталисти.

Или мудро и тактично молчат мислејќи на својата цел или се непоправливо искрени и концизни соговорници кои ја погодуваат суштината на нештата па поради тоа на лицемерите не им е пријатно во нивно друштво :) Сакаат да ги имаат нештата под контрола и се одлични организатори. Даваат, но исто толку очекуваат и да добијат (и често и го бараат тоа). Во спротивно, едноставно постануваат индиферентни и со молчење ги елиминираат и игнорираат тие што не им се по ќеф :) Понекогаш работите ги сфаќаат пресериозно па им недостига лежерност во изразувањето и однесувањето. Но тоа е се додека не постигнат нешто па потоа си допуштаат забавување.

Им треба време да прифатат туѓи мислења или промени а како непријатели пружаат фантастичен отпор и покажуваат тврдоглавност и го бранат тоа што им е најдраго. Емотивни се, но тоа е скриено под маската на амбицијата.

ВОДОЛИЈА

Карактер кој живее пред своето време. Кај него секогаш нештата се поместени: дали однесувањето, облеката, фризурата, навиките, занимањето, живеалиштето, партнерот или дури и пијалокот што го пие кога излегува - битно мора да се разликува од другите. При тоа е оригинален и непредвидлив а сепак занимлив и привлечен. Често е несфатен од другите бидејќи живее пред своето време па неретко го нарекуваат чудак. Всушност е само подоцна сфатен, доколку некои луѓе дури сега осознале за некои работи, тој тоа го знае многу од претходно. И тогаш веќе настанува приказната колку е значителен неговиот живот, а него тоа го прави рамнодушен пред околината.

Тој едноставно оди по својот пат. Без оглед на посебноста, обожава друштво и пријателите имаат голема улога во неговиот живот. Тоа е затоа што тој е хуманист во душата и филантроп. Има чувство за заедничко живеење иако често поради своето разликување, знае да го одбие или заобиколи. Затоа во житотот поминува низ 2 фази кои напоредно се менуваат: секогаш опкружен со пријатели и друштво и потполно сам, различен од другите. Сака забави иако интервалот помеѓу негови 2 излегувања е долг :) а обожава и се што е ново и оригинално. Знае да постане и егоцентрик и да претерува во своето необично и неочекувано делување. Непосреден е и искрен и на свој откачен начин им ја кажува на луѓето вистината во лице и знае да чува тајни!

РИБИ

Рибата од другите луѓе се смета како меланхоличен и пасивен знак, што не е точно иако имаат повремени периоди на меланхолија (како и други водени знаци (рак и скорпија)).

Ако ви се чини дека рибите во одреден период од животот се пасивни, тоа се затоа што со тоа однесување всушност сакаат некого да повредат. А да се повредува некого, тоа е спротивно од карактерот на рибата!

Од аспект на нивната физичка појава, или се над или под просекот. Или крупни или ситни, тие знаат да се носат доста елегантно и по правило знаат одлично да танцуваат а на многумина тоа им е и професија. Обожаваат музика!

Доколку нивното занимање не е поврзано со уметноста или креативноста, како да се на суво. Еднолични и сувопарни работни места за нив не! Им земаат премногу енергија и поради тоа голем дел од овој знак посегнуваат кон алкохолот. Тоа е втората причина, а првата е секако несреќната љубов!

А рибите навистина знаат што е тоа љубов. Кога некого сакаат, тоа е така длабоко и интензивно што другите знаци не знаат што значи ни како поим. За саката личност се подготвени на се и многу ја толерираат и и простуваат. Знаат да бидат романтични а доколку љубовта не им е возвратена, се случува горенаведеното.
 
Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.470
Поени од реакции
5.443
Браво Тоше ако го пишуваше ти ова :)
јас си читав за мене СКОРПИЈА и пола од тоа е точно ако не и појќе според мене :smir:
 
E

`EsCaPe`

Гостин
ЈАРЕЦ

Карактер кој може да се опише со 3 збора: јак како карпа! Направен е од цврст материјал кој може да трае и трае. Со годините се чувствуваат се подобро и подобро, всушност не губат туку добиваат. Со текот на годините стануваат позабавни бидејќи се смета дека се работливи па дури отпосле си допуштаат забава и хумор. Ги преминуваат сите животни препреки и кога се заложуваат за нешто, тоа го прават без разлика на тешкотиите. Секогаш имаат цели и одат чекор по чекор. Но кога ќе ја остварат, се чувствуваат задоволно но и празно бидејќи не знаат да уживаат во постигнатото па се лоцираат на нови работи и нови цели.

Сакаат нештата да се трајни и долгорочни и секогаш претпазливо прво проверуваат па затоа често се мисли дека се студени и не знаат да се опуштат. Кога ќе се уверат дека тоа е тоа, се предаваат целосно на работата и забораваат на се друго па често ги занемаруваат останатите сфери во животот а нив ги сфаќаат како фаталисти.

Или мудро и тактично молчат мислејќи на својата цел или се непоправливо искрени и концизни соговорници кои ја погодуваат суштината на нештата па поради тоа на лицемерите не им е пријатно во нивно друштво :) Сакаат да ги имаат нештата под контрола и се одлични организатори. Даваат, но исто толку очекуваат и да добијат (и често и го бараат тоа). Во спротивно, едноставно постануваат индиферентни и со молчење ги елиминираат и игнорираат тие што не им се по ќеф :) Понекогаш работите ги сфаќаат пресериозно па им недостига лежерност во изразувањето и однесувањето. Но тоа е се додека не постигнат нешто па потоа си допуштаат забавување.

Им треба време да прифатат туѓи мислења или промени а како непријатели пружаат фантастичен отпор и покажуваат тврдоглавност и го бранат тоа што им е најдраго. Емотивни се, но тоа е скриено под маската на амбицијата.

****

Е ова болдираново , точно!!!:smir:
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
БИК

Стабилен карактер кој не сака промени. Сака се и тоа го прави полека и сигурно. Знае да ужива и ги цени земните задоволства но секогаш на сигурно. Работите кај него течат по континуиран, конзервативен и бавен тек. Сака комфорен и удобен живот. Има најдобро чувство за поседување и тоа му е еден од основните критериуми во животот па заради тоа и многу нематеријални нешта ги карактеризира со материјалистички мерила. Поради тоа се ужаснува од губиток на имот, несигурност и неизвесност и мрази секаков ризик.

Има благ авторитет и е склон кон меланхолија. По секоја цена избегнува конфликти и радо прифаќа компромиси. Има смисла за естетика и може да успее во разни сфери на уметноста. Брзината за нив е туѓ поим, тие се бавни и доследни па дури и во јадење и пиење. Се карактеризираат со убав глас па ги бива за пејачи :)
Колку само е точно ова.Бик сум и најмногу е точно тоа за гласот и за уметноста, покрај тоа уживам во добро јадење не знам колку ми е доста ама не сум таков некој дебел баш напротив висок сум 186 а имам 75 кг. А Тоше не спомна дека над Бикот владее планетата Венера, планетата на љубовта и убавината значи обожавам романтика романтична атмосфера свеки, вино, музиче и сл. ме разбирате.
А девојка ми е вага, идеме скоро 1 година и супер ни е, понекогаш не ми одговара за тоа што е повеке песимиста за некои работи за разлика од мене, ја па сум обратното.А иначе во подзнак сум Стрелец и мислам дека поради тоа сум верник (Стрелците се карактеризираат со верата) и како Бик со подзнак Стрелец на материјалното не му давам толкаво значење, него повеке сум наклонет кон верата, духовното и хуманоста, парите според мене не се пресудни во животот.

Има некој што може повеке да каже за комбинација Бик-Вага?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ај вака прв дел:

БИК

Стабилен карактер кој не сака промени. Сака се и тоа го прави полека и сигурно. Знае да ужива и ги цени земните задоволства но секогаш на сигурно. Работите кај него течат по континуиран, конзервативен и бавен тек. Сака комфорен и удобен живот. Има најдобро чувство за поседување и тоа му е еден од основните критериуми во животот па заради тоа и многу нематеријални нешта ги карактеризира со материјалистички мерила. Поради тоа се ужаснува губиток на имот, несигурност и неизвесност и мрази секаков ризик.

Има благ авторитет и е склон кон меланхолија. .. :)
Болдираното е точно.:)

За овие карактеристики подолу морав да искоментирам.

По секоја цена избегнува конфликти и радо прифаќа компромиси.
Хм...не сум сигурна баш за ова.Донекаде е точно,мразам конфликти и гледам да постигнам компромис,ама од друга страна тука е инаетот и тврдоглавоста.А многу сум тврдоглава.:pipi:

Брзината за нив е туѓ поим, тие се бавни и доследни па дури и во јадење и пиење
:pos: Ова е точно.Само некогаш за некои работи кои ги сакам(идење на кафиња и шетање) сум брза и брзо одам :pos:, ама у суштина сум бавна, да.

Има смисла за естетика и може да успее во разни сфери на уметноста
Првиот дел и така и вака, ама вториот дел не.:)

Се карактеризираат со убав глас па ги бива за пејачи
Некогаш знам некои одредени песни да ги отпејам пристојно, ама за поголемиот дел од песните кога ги пејам, постојано стравувам дека ќе се скрши некој прозор.:pos::pos:
Високотонец сум .:pos::pos:
 
bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Карактер кој може да се опише со 3 збора: јак како карпа! Направен е од цврст материјал кој може да трае и трае. Со годините се чувствуваат се подобро и подобро, всушност не губат туку добиваат. Со текот на годините стануваат позабавни бидејќи се смета дека се работливи па дури отпосле си допуштаат забава и хумор. Ги преминуваат сите животни препреки и кога се заложуваат за нешто, тоа го прават без разлика на тешкотиите. Секогаш имаат цели и одат чекор по чекор. Но кога ќе ја остварат, се чувствуваат задоволно но и празно бидејќи не знаат да уживаат во постигнатото па се лоцираат на нови работи и нови цели.

Сакаат нештата да се трајни и долгорочни и секогаш претпазливо прво проверуваат па затоа често се мисли дека се студени и не знаат да се опуштат. Кога ќе се уверат дека тоа е тоа, се предаваат целосно на работата и забораваат на се друго па често ги занемаруваат останатите сфери во животот а нив ги сфаќаат како фаталисти.

Или мудро и тактично молчат мислејќи на својата цел или се непоправливо искрени и концизни соговорници кои ја погодуваат суштината на нештата па поради тоа на лицемерите не им е пријатно во нивно друштво :) Сакаат да ги имаат нештата под контрола и се одлични организатори. Даваат, но исто толку очекуваат и да добијат (и често и го бараат тоа). Во спротивно, едноставно постануваат индиферентни и со молчење ги елиминираат и игнорираат тие што не им се по ќеф :) Понекогаш работите ги сфаќаат пресериозно па им недостига лежерност во изразувањето и однесувањето. Но тоа е се додека не постигнат нешто па потоа си допуштаат забавување.

Им треба време да прифатат туѓи мислења или промени а како непријатели пружаат фантастичен отпор и покажуваат тврдоглавност и го бранат тоа што им е најдраго. Емотивни се, но тоа е скриено под маската на амбицијата.

болдираното е точно:pipi:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
a moze da mi kaze nekoj nesto za kombinacija bliznaci - vodolija, ja sum bliznaci :) i isto so sto se karakterizira dupliot bliznak?
pozdrav, mn e dobra temava , me interesira:)
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
Оооо дупли близнаци е невозможна комбинација! Исто сум и јас и верувај не ни е лесно :)
 
NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Toшко жити мајка....како определуваш кој подзнак си?
Ја да дадам некој коментар
Лав...ауууу недај Боже да го имаш под покрив....толку се песимисти....едан професорка е лав..лелеле не утепа учејки НАПАМЕТ....ја мрзи да предава....и мисли...та ни чита ние пишеме..чита со мноооогу голема брзина та се чудиш дали е savoir или avoir....се нешто и фали и е ко вештерка....толку лоша...
Вага...е*ати женскарто....друг коментар не требе
Девица = вештерка помил вид од лав :)
Скорпија - тесни околу вратот....утре имам лекарски преглед...лел како ке е шо ке ее...ллелеле како се нервирам...ако кажат нешто лошо?...
така...ова малку негатини работи им се....но..тоа ја знам и забележав...сеа точно неточно... :) нели за забава е ова?!!!
 
Да бе Александро, нормалски дека е за забава :)
Ај на MSN ќе ми кажеш датум и час и ќе ти кажам што си во подзнак.
 
Член од
12 февруари 2008
Мислења
338
Поени од реакции
16
лав и лав си одговараат и тоа многу него батали тоа кажи ми нешто за лав подзнак рак и скорпија дали одговараат:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom