Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.372
Член од
25 февруари 2008
Мислења
24
Поени од реакции
0
Tose dali ke mozes da mi kazes poveke raboti za ribi...?osobini,kakrakteristiki,ili pa da napises nekoj link so interesni podatoci za horoskopskite znaci?
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
Па имам напишано за риби, а за подетално можеби понатака оти сега ме мрзи :)
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
лав и лав си одговараат и тоа многу него батали тоа кажи ми нешто за лав подзнак рак и скорпија дали одговараат:)
Врскава успева само ако НАВИСТИНА сакаш да успее :) Би се рекло дека е “тешка за одржување“, значи треба доста труд!

a moze da mi kaze nekoj nesto za kombinacija bliznaci - vodolija, ja sum bliznaci :) i isto so sto se karakterizira dupliot bliznak?
pozdrav, mn e dobra temava , me interesira:)
Близнаци со водолија бива (INLOVE)
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Свака ти част Тоше како не те мрзеше толку да пишуваш...
Него дали ќе можеш да ми кажеш нешто за овен (подзнак близнаци) и рак (подзнак рак) дали си одговараат и сл?!
Јас сум читала дека не си одговараат т.е. најмалку си одговараат но, дали ќе можеш ти (или некој друг) да ми каже нешто повеќе?

Знам дека во секој случај овенот е тој што е “лидерот“ во врската :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Свака ти част Тоше како не те мрзеше толку да пишуваш...
Него дали ќе можеш да ми кажеш нешто за овен (подзнак близнаци) и рак (подзнак рак) дали си одговараат и сл?!
Јас сум читала дека не си одговараат т.е. најмалку си одговараат но, дали ќе можеш ти (или некој друг) да ми каже нешто повеќе?

Знам дека во секој случај овенот е тој што е “лидерот“ во врската :)
Јас ќе пишам нешто, па Тоше може да дополни:smir:

Значи, не е дека најмалку си одговараат, немај гајле:)
Но, според овие податоци врската би била малку компликувана.
Овенот со подзнак близнаци е страшно немирен, непостојан, делумно површен, повеќе склон кон авантури, неверства, врски базирани само на сексот, додека ракот(особено затоа што е тоа и во подзнак) е инертен, пасивен, романтичен, неопходна му е емотивна блискост, се врзува за партнерот и слично.
Во најкратки црти, првиот би се осеќал угушено, а другиот игнорирано и недоволно ценето во таква врска. Затоа е потребен итекако компромис и прилагодување за да истата успее.
Не знам кој е машкото, а кој женското во врската, но чисто според знакот и подзнакот, овенот е оној машкиот принцип, а ракот женскиот. Поради тоа, би било подобро кога и реално така би биле распределени половите, односно ако ракот е женското, а овенот машкото во вашиот случај.
Инаку, во право си дека овенот е тој што ќе доминира. Но, само привидно, т.е така ќе смета околината. Сепак, ракот како знак е прилично манипулативен, и на многу суптилен начин умее да ги држи конците од врската во свои раце, без овенот воопшто да забележи.
Клуч за успех би било кога овенот би попримил малку од емотивноста на ракот, а ракот од овеновата страст, енергија и одлучност. Има шанси да се надополнат и да научат многу еден од друг.
Ваква комбинација е класичен пример за она дека спротивностите се привлекуваат.
Доколку позицијата на месецот во вашиот хороскоп е складна, врскава може да биде дури и хармонична.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.158
Поени од реакции
885
hiihihi horoskop kupi 10 vesnici denes imas 10 razlicni horoskopi :D
Е па да ама тие ги претскажуваат што ќе ти се случи во иднина а тука во темава се пишува како што гледаш, за компатибилност и општи карактеристики на секој знак :)
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Данкешен АДА но во мојов случај јас сум овен а дечко ми е рак. Си ни погодила некои работи горе. Освен за доминацијата :)
Фала во секој случај
Сеа ако може нешто повеќе за девојка овен со дечко рак :)
 
Член од
3 јуни 2006
Мислења
228
Поени од реакции
0
Колку само е точно ова.Бик сум и најмногу е точно тоа за гласот и за уметноста, покрај тоа уживам во добро јадење не знам колку ми е доста ама не сум таков некој дебел баш напротив висок сум 186 а имам 75 кг. А Тоше не спомна дека над Бикот владее планетата Венера, планетата на љубовта и убавината значи обожавам романтика романтична атмосфера свеки, вино, музиче и сл. ме разбирате.
А девојка ми е вага, идеме скоро 1 година и супер ни е, понекогаш не ми одговара за тоа што е повеке песимиста за некои работи за разлика од мене, ја па сум обратното.А иначе во подзнак сум Стрелец и мислам дека поради тоа сум верник (Стрелците се карактеризираат со верата) и како Бик со подзнак Стрелец на материјалното не му давам толкаво значење, него повеке сум наклонет кон верата, духовното и хуманоста, парите според мене не се пресудни во животот.

Има некој што може повеке да каже за комбинација Бик-Вага?

ХЕЈ И ЈАС СУМ БИК, И ВО ПОЗНАК СУМ СТРЕЛЕЦ.НЕ ЗНАЕВ ДЕКА СЕ КАРАКТЕРИЗИРААТ СО ВЕРАТА,ИАКО ВЕРУВАМ ВО БОГ, ЗНАМ ДЕКА СТРЕЛЦИТЕ СЕ ДРУЖЕЉУБИВИ. А ТОА ДЕКА СЕ МАТЕРИЈАЛИСТИ БИКОВИТЕ ТОЧНО Е . НА ПР КАЈ МЕНЕ НЕ МИ Е ВАЖНО ДАЛИ ЛУГЕТО ОКОЛУ МЕНЕ ИМААТ ПАРИ..ЈА ИАМ ДРУГАРКА СО ПОМАЛЦЕ ПАРИ ОД МЕНЕ ПА СИ ЈА САКАМ...И ДЕЧКО МИ ДА НЕМА ПАРИ НЕМА ДА МИ СМЕТА ЗАШО ЗНАМ ДЕКА КЕ ГО САКАМ...АМА САМАТА ЗА МЕНЕ СУМ МАТЕРИЈАЛИСТ.....БИТНО МИ Е МЕНЕ ДА ИАМ ПАРИ ДА УЖИВАМ ВО ОДРЕДЕНИ ЗАДОВОЛСТВА .. ДА НОСАМ СКАПА ОБЛЕКА И СЛИЧНО.ДА ДА ВЕНЕРА Е КАЈ БИКОТ И БИКОВИТЕ СЕ РОМАНТИЧНИ И ТОА Е ТОЧНО.КОЛКУ ПОВЕЌЕ СТАААРЕАМ ТОЛКУ ПОВЕКЕ СТАНУВАМ ГУРМАН ИИ САКАМ ДА СИ КАСНАМ.. МЕ ВИКААТ ДЕБЕЛО И ПРАСЕ А НЕ СУМ ДЕБЕЛА АМА СЕКОГАС МЕ ГЛЕДААТ КАККО ГРИЦКАМ НЕШО, А ТОА ЗА КОМБИНАЦИЈА БИК ВАГА ЈА ИАМ ИДЕНО СО ДЕЧКО ВАГА И МН УБАВО СЕ СОГЛАСУВАВМЕ.
 
Член од
12 февруари 2008
Мислења
338
Поени од реакции
16
дај бе кажите нешто за лав и стрелец pls
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Ги пролистав страничкиве и сигурна сум дека не најдов некое слично објаснување, па ми дојде идеја да го надополнам малку авторот за нешто што мислам дека ќе биде корисно бидејќи на луѓето околу мене често не им е најјасно:).
Се работи за 3те најбитни положби на знаците, вашиот знак во Сонцето, Месечината, и вашиот Растечки знак. (дебилно но морав некако да го преведам Ascendant, или наречен уште и Rising Sign)




Сончев знак

Вашиот Сончев знак е знакот од Зодијакот во кој се наоѓало Сонцето во времето и местото кога сте се родиле. Во Зодијакот постојат 12 знаци, и секој знак е составен од 30 степени, што прави 360 степени во целиот зодијак. Сонцето мине околу еден степен секој ден и поминува низ целиот Зодијак за време од 12 месеци.
Сонцето е поврзано со свесните, корисни активности и знакот кој се наоѓа во него го опишува видот на енергија која го движи неговиот сопственик.
Сончевиот знак ги симболизира темелите на вашата личност и ги опишува есенцијалните квалитети на вашиот карактер.
Сонцето како астролошки симбол ги објаснува квалитетите на вашето централно его, вашето индивидуално изразување и фундаментален идентитет и интегритет.
Астролозите сметаат дека вашиот Сончев знак ја опишува сржта на вашата личност, и многумина ќе речат дека е најважниот знак кој го имате, што не е целосно точно бидејќи Месечевиот и Растечкиот знак се подеднакво важни.
Ние ги изнесуваме најдлабоките нивоа на душата преку филтерот на нашиот Сончев знак, затоа што тој го дава основниот облик на нашата карма. А изразувањето на нашиот внатрешен идентитет е основно за здравјето и виталноста.

Претскажувањата базирани само на вашиот Сончев знак ќе ви кажат кои од работите во вашиот живот се случуваат благодарејќи на вашето его, вашата слика за себе, и начинот на кој се развивате надвор во светот.
Овој знак е исто така најлесниот за пронаоѓање, и најверојатно веќе го знаете.



to be continued..
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Знакот во Месечината

Месечината е телото кое најбрзо се движи во нашиот соларен систем, постојано менувајќи се. Taa ги менува знаците на секои 2ипол дена, и ја завршува својата обиколка во целиот зодијак за околу еден месец.
Зависно од денот на кој сте родени, нејзината моќ ќе има огромно влијание на квалитетите на вашиот Сончев знак.
Месечината го симболизира делот од вас кој реагира автоматски и од навика на искуствата и доживувањата во животот. Всушност, тоа е делот со кој вие најсилно се идентификувате, и чувствувате дека тоа е оној кој навистина сте во себе. (Доколку чувствувате дека се што вообичаените информации за карактеристиките на вашиот Сончев знак често не ве опишуваат целосно, ова е една од причините за тоа. Карактеристиките на вашиот Месечев знак можат да бидат многу различни од оние на Сончевиот - а вие можеби ги изразувате токму нив.)
Делот од вас кој е опишан од вашиот Месечев знак е скоро сосема составен од емоционална енергија (продукт на минатата карма, бидејќи Месечината е владетел на минатото). И без разлика дали ја изнесувате во надворешниот свет или не, во секој случај сте многу свесни за нејзе.
Таа управува со вас во сите области поврзани со фамилијата, безбедноста, и вашите чувства. Во тесна поврзаност е и со Меркур, кој ја носи структурата на менталното здравје.
Информациите базирани на вашиот Месечев знак се есенцијални за создавање на покомплетна и заокружена слика за вас како индивидуален дух. Тие ќе би кажат што се случува во вашиот внатрешен свет каде што вие навистина живеете за одредени работи кои се многу важни за вас. Најверојатно е дека ќе се поврзете многу подиректно кон претскажувањата што ја вклучуваат и енергијата на вашиот Месечев знак отколку кон оние базирани само на Сончевиот.

Знаејќи го, ќе можете да ги научите најдобрите начини да го приземјите сопствениот центар.
Тоа е нашата најскриена емоционална природа, несвесно наталожените навики и шемите на инстиктивно реагирање.
Нашиот Месечев знак најмногу доаѓа до израз кога се опоравуваме после значаен стрес, и кога се релаксираме после период на концентрирана активност со одредена цел. Кога задачата на свесното делување е завршена, Несвесното се појавува да го врати балансот во телото, враќајќи се во својата нормална состојба. Покрај емоционалниот дел, Месечевиот знак е важен и за чувствителните делови од телото, дигестијата, итн.




to be continued..
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Me interesira dali znaete nekoj sto moze da mi napravi natalna karta ama ne samo da mi ja nacrta i toa so znacite da go napise i so ti znam ja nego i da mi ja protolkuva na "nas jazik" i otprilika kolku bi me kostalo toa?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom