TLDR е, али јбг, ми лежеше на душа.
Сега ќе изигравам адвокатот на ѓаволот, али ќе дадам пример за тоа како пристрастноста во оваа дебата, доведува до искривени толкувања на научните студии дури и од страна на самите научници.
Пред неколку дена, излезе студија која покажала дека репрезентативен примерок на жени презентирал подобра меморија од репрезентативен примерок на машки. Разликата е ептен мала и небитна, двете групи спаѓаа во „нормалата“, а студијата не е реплицирана доволно број пати за да доведе до некој теоретски модел.
Понатамошниот заклучок кој беше резултат и на други студии од ваков карактер беше дека естерогенот го заштитува мозокот на жените, нешто поврзано со амилоидот што го спречува намалувањето на мозочната маса на стари години и појавата на Алцхајмер, додека пак машките се повеќе подложни на болеста поради помалата количина на естероген.
Не сум стручњак во неврологија да навлезам во деталите, но доволно го познавам научниот метод за да ми е јасно што покажуваат резултатите.
Е сеа...
Машките имаат помал хипокампус од жените и при заболување од Алцхајмер, ова е регијата од мозокот која е прво нападната. Истава регија е асоцирана со квалитетот на меморијата. Со ова, истражувачите сакаат да покажат дека од овие причини, жените имаат подобра меморија од машките, у просек. Финтата е дека во случајов големината на одреден дел од мозокот за нив е битна, укажува на подобар квалитет во перформанс.
Има илјадници студии коишто покажуваат дека машките во целост имаат поголем мозок од жените и поголема количина на сива маса (6.5 пати повеќе). Имаат поголема префронтална кора, асоцирана со сите активности поврзани со „интелигентното резонирање“.
Тогаш борците за родова еднаквост, а и многу научници излегоа со демант у стилот на:
„Големината на мозокот или делови од истиот, не укажуваат на поголем квалитет, важно е како невроните се испреплетени, а не големината. Уште не знаеме ништо околу ова. Глејте, слоновите имаат голем мозок, па пак се поглупи од луѓето ау.“
Некако, големината на делови од мозокот/целиот мозок, во дадени ситуации се индикатор на нешто, а во други не, зависно од тоа дали заклучокот доведува до одредена нееднаквост/еднаквост. Ако е во полза на жените, супер, ако не е, тоа не укажува на ништо.
Ради вакви политизирани заклучоци, проблематики коишто вклучуваат истражување на разлики помеѓу машки/женски и други разлики кои може да доведат до дискриминација на маргинализираната жена се заташкувани, но ако истражувањата покажат обратно, дека групите коишто се „дискриминирани“, се на некој начин подобри од тие коишто дискриминираат, ондак топ, супер, вози Мишко!