Не знам кој е твојот случај, но најчесто не е баш така. Ова е нешто што често се случува.
Имено, во банките има обично по две благајни за муштериите физички лица и една за муштериите правни лица. Така и се обележани со натпис: Благајна и Благајна за правни лица
Физичките лица идат на Благајните, а правните на Благајните за правни лица.
Редот е еден за едниве обични благајни, а друг за благајните за правни лица. Но, многу често Благајната за правни лица , нема муштерии па ги превзема тие кои се на ред од оние кои чекаат за обичниве благајни, односно кога нема правни лица, Благајната за правни лица ги презема физичките лица.
Кога ќе влезе во банката некое правно лице, ете да уплати дневен промет или по некоја друга работа поврзана со фирми или слично, тоа лице си оди директно во редот за Благајната за правни лица, која можда у моментот опслужува физичко лице преземено од редот за физички лица.
Некои од оние кои чекаат на редот за обичните благајни, односно физичките лица, не ни знаат дека постојат два реда, ниту пак го читаат различниот натпис на едниот од трите шалтери, па се бунат дека некој им влегува преку ред, а всушност правното лице си оди на својата благајна во својот ред. Дури и онеправдан е, на некој начин, затоа што на неговата благајна се услужува некој кој не треба таму да се услужува, а он губи време ради тоа.