Primera División 2014/15

Млад играч со најголем напредок во досегашниот тек од сезоната:

  • Кастиљехо

    Гласови: 8 21,1%
  • Вието

    Гласови: 26 68,4%
  • Криховјак

    Гласови: 9 23,7%
  • Гаја

    Гласови: 10 26,3%

  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Пеја ми смо изненаѓени и увреѓени :(
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Атлетико имаат 21 гол со глава само во лигата :eek:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Атлетико имаат 21 гол со глава само во лигата :eek:
Не ја гледав денес со Гетафе,ама она што го играа против Леверкузен беше криминално...буквално како Барнли да ги гледам на теренот со центаршутеви од центар..три паса не сврзаа ама очигледно е дека таква му беше поставеноста на теренот и самата идеа на Симеоне бидејќи никогаш не практикуваа дотолку селски фудбал...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Не ја гледав денес со Гетафе,ама она што го играа против Леверкузен беше криминално...буквално како Барнли да ги гледам на теренот со центаршутеви од центар..три паса не сврзаа ама очигледно е дека таква му беше поставеноста на теренот и самата идеа на Симеоне бидејќи никогаш не практикуваа дотолку селски фудбал...
Само првото го гледав денес. Хетафе не е мерило, ама дефинитивно не беа толку очајни колку на двомечот против Леверкузен.
Лош беше Атлетико на двомечот. На гостински терен можеа комотно 3-0 да изгубат, ги искина Леверкузен, а на Калдерон беше ужасна за гледање утакмицата. Пред се ради Атлетико.

Иначе Симеоне во вакви нокаут мечеви секогаш игра доста претпазливо и со молскавични контри. Само проблемот им беше што Леверкузен трчаа како луди па не можеа да си го користат најсилното оружје. Затоа на Калдерон се одлучи на долги топки и да чека на некоја мешаница. Секогаш се одеше на долги топки со цел да не им пресечат топка на средина и да ги бушат на контри. Тоа му беше скоро целосно успешен план пошто на минимум ги сведе контрите и Леверкузен немаше некоја посериозна шанса. Напред како скоро секогаш ја дочека шансата и после пинг-понг голот од прекин уште повеќе се ориентира на таквата тактика со измената Кани-Раул Гарсија. Тука според мене погреши пошто ептен беа неповрзани со оглед на тоа дека скоро цел среден ред им беше со копачи, па затоа не ни можеа да искреираат нешто.
Секако не смее да се заборави дека имаа двајца суспендирани и Манџукич играше повреден скоро 40 минути. Исто и Гризман скоро ништо не покажа, пред се ради тактиката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom