Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Абе Горан па вакви играчи вие веќе имавте, зашто коа веќе не носеа пдобори место нив, не ги оставеа тие играчи кој веќе беа уиграни и ви беа без припреми, да имаа припреми како овие сега што имаа, и да ви донсеаеа место 15 играчи, само 4-5 играчи сварно квалитетни како тоа голманчето што ќе ви ја кренеа екиапта така многу многу подобор ќе поминевте него вака сеа. И затоа се знае кој е крив Ѓоко и остала багра што ве лажеа дека Европа ќе играте.

То е то...скроз си во право....само ние ја ослабваме екипата....нигде во свето го нема ова да дојди"спонзор" и место да ја сјача екипата тој све брка носи играчи со од дома не ги знат дека фудбал играт.....и крај краева не требаја ни припреми во анталија...со тие пари да се донесеја 2-3 квалитетни играчи....нека одеја дојран
 
чаре нема...нека играт и нека ќутат на критиките од публиката! Не бараме да си оди..само нека не се тепа!! Значи и тој има дел од кривицата чим прифати да е тренер на вакви играчи!
 
Со кој ум Ѓоко тргна да се тепа со публиката бе...:facepalm:
Требаше да не го спречват џандарите па да кркаше еден нокаут на трибина.
Оставка под итно да си поднеси во најбрз можен рок !!
МРШ таму во тунгузија продавај му фудбал на тие индијанците .
Не не, не треба да си дај оставка. Тој си ги одбра играчите, нека избори сега опстанок, а не како некоја пичка да си дај оставка. И во случај да испадниме, нека остани тренер со сите овие исти играчи и нека го врати клубот во прва лига.
Според мене не се криви играчите за ништо, деца се, толку му е силата, прв пат играт прва лига и одма ги пикнаја в оган. Имат потенцијал да бидат јаки играчи, не сите ама дел од нив имат и ако стварно мислат на подолг период да работат (шо не вервам јас) ќе напрат јака екипа од овие играчи за сезона-две.
 
Добро е, немавме гол даено од октомври наваму...
Кај и да е 2016та ќе победиме.

Не ми е јасно зошто ги оправдувате? Па дел од кривицата, четврт од кривицата... Па ФФМ и судиите не мразеле, лигата ќе се проширвала...
Јасно како ден е:
1. Двојче не можеше со 20К да помини цела сезона и му гореше под нозе...
2. Пари за стадион нема, нема ни да има...
3. Зоки Цермат кузнај со шо беше условен за да му го тупнат клубот...
4. Џокица е оптичка варка, колку да не се замачкаја работите во зимата...
5. Од 14 играчи, 14 дупки донесоја...
На крајот:
1. Пелистер ќе испадни...
2. Џокица со првио авион ќе оди на некои племиња талибански да му продава мадиња за бубрези...
3. Зоки ќе си ги испери парите на овој или на оној начин...
4. Ќе се појави некоја ставка во договорот шо никој го нема видено, спонзорот да е слободен да си замини ако клубот испадни...
5. Стадион во втора лига не ни треба...
6. И волко сит и овците на број.

Нема многу паламудење овде кој е крив да се бара. Генијален план е овој за никој да не е зијан, операцијата успешна а пациентот умре. Па дури и овие шарлатаните шо ги донесоја, ќе се излажи некој и ќе ги потпиши на лето врз основа на то дека играле утакмици цела полусезона.
 
Не не, не треба да си дај оставка. Тој си ги одбра играчите, нека избори сега опстанок, а не како некоја пичка да си дај оставка. И во случај да испадниме, нека остани тренер со сите овие исти играчи и нека го врати клубот во прва лига.
Според мене не се криви играчите за ништо, деца се, толку му е силата, прв пат играт прва лига и одма ги пикнаја в оган. Имат потенцијал да бидат јаки играчи, не сите ама дел од нив имат и ако стварно мислат на подолг период да работат (шо не вервам јас) ќе напрат јака екипа од овие играчи за сезона-две.
Абе тој посекако ќе избега како пичка е сеа прашање е дали денес или после неколку кола ќе избега После она шо го напрај денес и тргна да се пресметва со битолчани , треба под итно да биди избркан наклоци од клубот и било кој тренер да ја доврши сезоната. Посекако нема шанси да се избори опстанок.
Беше пречекан како крал овде , кој застана на улица го поздрави , го гушкаја го бацваја на тренинзите. Таков респект ниеден спортски работник нема добиено во Битола .
Луѓето го гледаја како спасител а тој тргна да се тепа со нив...o_O
Нека ја дозаврши Миљачо или Капинот сезоната и крај. Барем тие пари шо ги зема тој сељакот можат да се пренаменат за нешто покорисно. Пример опрема за школата или да се отворат тие просториите на клубот и ред други работи .
Со 5000 евра месечно се покриват многу поситни работи. А до мај месец ќе заштедиме 3 негови плати , то се 15000 евра .
А вака ги фрламе по некој сељак шо ми се курчи онде на стадион.
На крај краева нека му ја делат платата негова на децата како премија за секоја победа , уште покорисно ќе биди , можи и да победиме некој ако се мотивират тие тенгалата шо ги донесе токму тој стручњакот.

Сума сумарум , двојче си спроведе одлично сценарио и си ја истурка работата во негова корист .
Јас капа му симнувам за режијата шо ја смисли и како ја изменаџира цела ситуација за на крај чист да биди .
Ништо чудно в година пак некој да излегва на ТВ и да му се заблагодарва на тој криминалецот оти само тој изглеа пак ќе го "помага " клубот в година во втора лига.:aplauz:[DOUBLEPOST=1426445584][/DOUBLEPOST]
5E60A3B5A3594347A9BF8C613440204F.jpg
 
Последно уредено од модератор:
1. 25000-30000 битолчани го имат напуштено градот во последни 20 години. 2.Ниедна капитална инвестиција не е изградена од независна држава. 3.Копанки домот кај шо ја поминавме младоста е уништен. 4.патот за Пелистер уништен. 5.Битола - најзагаден град во државата. 6.ТАТ. 7.РЕК - го префрлија во Скопје и си напраја седишта дистрибуција , електрани таму да лапат пари од ништо. 8.Болницата - распад систем 9.топлификација имаше на дел од градот и место цел град да го поврзат на парно го затворија . 10.Улиците дупка до дупка. 11.најголемата црква на Балканот шо ќе ја праеја кај Веро 20 во место се тапка. 12.ФК Пелистер на пат за 2-ра лига 13.РК Пелистер пред згаснување. 14.КК Пелистер 2 -ра лига. 15.Стадион немаме го запустија. 16.Сала немаме - распад систем. А ние се објаснуваме дали и колку се криви Цермат и Ѓоко Хаџиевски шо сме изгубиле од 10 поквалитетен тим. Е тогаш место на митинзи во Скопје ќе се оди пред општина и запали све до тогаш ќе биди се само полошо.
 
1. 25000-30000 битолчани го имат напуштено градот во последни 20 години. 2.Ниедна капитална инвестиција не е изградена од независна држава. 3.Копанки домот кај шо ја поминавме младоста е уништен. 4.патот за Пелистер уништен. 5.Битола - најзагаден град во државата. 6.ТАТ. 7.РЕК - го префрлија во Скопје и си напраја седишта дистрибуција , електрани таму да лапат пари од ништо. 8.Болницата - распад систем 9.топлификација имаше на дел од градот и место цел град да го поврзат на парно го затворија . 10.Улиците дупка до дупка. 11.најголемата црква на Балканот шо ќе ја праеја кај Веро 20 во место се тапка. 12.ФК Пелистер на пат за 2-ра лига 13.РК Пелистер пред згаснување. 14.КК Пелистер 2 -ра лига. 15.Стадион немаме го запустија. 16.Сала немаме - распад систем. А ние се објаснуваме дали и колку се криви Цермат и Ѓоко Хаџиевски шо сме изгубиле од 10 поквалитетен тим. Е тогаш место на митинзи во Скопје ќе се оди пред општина и запали све до тогаш ќе биди се само полошо.
Во Битолава покрај толку кабадаи, нема луѓе со мадиња за ова... Кога ќе подразмислам ова важи и за цела Македонија. Да имаше, немаше вака курташак да си играат политичарите со народот.
 
Арно шо не не бев денес на фудбал(од објективни причини)..
Уште да видев кај шо јаболкарот Џокица сака да се тепа со публика ќе ми се кренеа сафрите...
Еве во Спорт напишаја дека некој бивш играч дофрлил(можи лесно да се претпостави кој)...
http://sport.com.mk/?ItemID=DC562CB494FDC143A4773B3BC6F2B4CB
Абе да ти ебам клубот,ко стигна тренерот да дели правда по секој шо ќе кара и критикува..
Море за 5К месечно има да седиш и да ќутиш,а не да да изиграваш тепач лигуш еден....
Подобро нека го клат Капинот или Драганчо,барем наш чоек да гледам на клупата,отколку некој овчар да ми изиграва колку го сака Пелистер....
Мрш таму..
П.С.
Барате чаре?
Едно е чарето дами и господа,другари и другарки,сопартијци и неистомисленици..
Дури не ПОКАЖИМЕ СИЛА ЏАБЕ Е,ЌЕ НЕ ДУПАТ ДО КОЛКУ САКАТ,КОГА САКАТ И НЕ СМЕЈМЕ НИШТО ДА РЕЧИМЕ,САМО ПРЕЌУТНО ДА СЕ СОГЛАСВАМЕ...(и задоволно да стенкаме дури не :sekcza:):yid:
Овие само СИЛА ГИ ПЛАШИ,НИШТО ДРУГО...
Дури не се испрајме пред Општина,на плоштади,сегде низ град и да речиме ДОСТА Е БЕ ОД ВАС,ШО ПРАЈТЕ ВИЕ?
ништо не прајме....
Нека не дупат,и ќе не дупат допрва да знајте...
Денес бев Струмица,па не можев да повервам до кое ниво стигна Струмица,а кај сме ние...
Абе греој сме,за жалење,не сме свесни дека живејме во најотепаниот град во Македонија,сите одат напред ние се враќаме со огромни чекори назад...
И зошто?
Оти градот нема храброст да излези и да се соочи со проблемот,најлесно е вака на кафе,на интернет да си зборваме...
Ете за воздухот се напрај кампања,излезе рајата ама џабе,пак се извлече уќуматот со лажни ветувања од типот ќе се набави нова модерна мерна станица,без гајле,ќе прочистиме,дрн,дрн...
Море треба една ревозлуција овде,ако треба и градот да се демолира,па и да завршиме сите по затвори да вреди за нешто,нека си еби мајката...
Барем да не памтат по нешто некој луѓе шо барем малку ќе ја ценат Битола во иднина..
А не вака,сите сакаме работите да се подобрат а никој ништо не презема...
Рајата е угнетена како сардина во конзерва,не смеј никој да писни...
Освен Чкембари и редовните плукачи на ФБ по уќуматот никој ништо не презема(под презема мислам барем да викни по некој погрден збор за уќуматот)...
Абе од пусти страв и лајк не клават појќе,до таму е дојдена работата(му се јавувале по телефони,да ги пејат:sakasuste: оти клавале лајкој на статуси против Општината)....:pos:
Ееее Битола,до кое дереџе те дојсоја?Не можам да повервам...:facepalm:
Греој сме невидени...
Од центар на сите револуционерни движења низ историјата на Македонија од место од кое изникнале добар дел од најголемите патриоти за слободна и независна Македонија,од центар на трговијата,на културата,на уметноста,на урбаното живеење дојдовме на ова дереџе....
За каква Битола се бореле бившите генерации?за ВАКВА НИКАКВА?
Господ да ни е напомош со овие...
:popce:
Каков фудбал какви бакрачи,спортот е на најдолниот дел од проблемите кои години го мачат градот....
Тешко нас шо останавме да живејме под директива на уќуматот,чудо е како сме уште нормални,(или барем мислиме дека сме)со овие и да сака чоек не можи да не се изматуфи...:shook:
 
Добро бе никој кајганџија не беше на таја трибина? Кој се закара со ѓокица?
 
И како денес,имаше луѓе на стадион или сите беа да делат аплауз во скопјеМе интересира дали се плаќа карта сеуштеСега и да се плаќа и да не се плаќа ете гол дадовме сите шо беа појдени денес беа почастени барем со еден голicon_mrgr на резултат 03 facepalm.Многу кривци има,сценарио смислено до даска само шо најкриви сме ние во овај град!Е сега сакам да се вратам неколку сезони наназадод пред точно 7 год беше сезоната ко игравме европ куп и демек работите ќе тргнат на поарно...шо се случеПосле то 2 лига нормално...поминаја 1-2 сезони дојде овај-онај рече исто шо и секој вели дека ќе сјача клубот и како капак на се е шо никој не се ни потруди!Дојде пред 2 год пак монголо се крена еуфорија донесе играчи од Бг криминали и перење пари (иако се погодија и оставија добар белег секоја чест) и толку траеше еуфоријата од борба за титула до 5-6 место.Ете ова година вака ќе било онака ќе било...АБЕ ДОБРО 15 ГОД ИСТОТО ГО ЗБОРАТ!!!Му го тупнаја клубот на цермат да стивнат малку притисоците,важно излегоја на медиуми и изнакажаја дека се е во ред и ќе биди,плус напраја ПРЕС во белведере то е многу битна работа да се кажи ;).Донесоја врвен тренер за да замакчат очи ,самиот тренер ветуваше 300 чуда.Е сега,секој ќе се сложи дека требаше да донесат 4 салам играчи наместо 15 дечиња шо од дома не ги знат дека фудбал играт!На лето ,откако ќе завршеше сезоната ќе се видеше шо е како е и ќе имаше простор да се земи ако треба или да не се земи играчи,дел да се префрлат од младинци и така да се гради тимот.Вака се е матна игра,па згора на се и тој шалабајзеро да се кара со публиката КОПУК невиден!Тие шо му карат 5 пати поќе од него се поврзани со Пелистер,публика која е гладна за успех и му е преку гла од лажење толку години!!!На тренерот му се бројани денојте,при првата шанса ќе си напрај алиби како тој да не е крив ,и ќе мора да замини (сигурно нема да седи во 2 лига и да го спасва Пелистер drkdrkdrk) со неговото ДОЛГОРОЧНО работење facepalm.Сума сумарум,секој си пролонгира време и интерес,клубот си тони и тони секоја година и то е то!Нормално никој крив,никој не сносува одговорност зато така се работи за се,се знај дека се е ради-реда.Исто како шо спортот се познава по државата така и обратно,со еден збор МИЗЕРИЈА!
 
Малце покасно влегов на форумот денес ама МОРА да ги извам нервите и да се истушам негде. Шо е ова алоооооооооооо????? Фудбал е? Фудбалери се нареквате вие??? Знам дека читате на форумот помочани едни да ви ебам мамицата на сите до еден!!! ЃОКО пичкице една смрдена и од големата трибина ти караја жена, ела кај нас презборни нешто ама преку ограда ке ти скокнам и ќе ти го свиткам врато за 2 секунди селанец еден, кокошкар, мочко!!! од тебе на ова дереџе сме дојдени постран еден со кој ум овие играчи ги донесе???? Смоковски, Речковски, МИТИЧ, Цилиридис, Велковски, Станојевич тие се играчи за во прв тим?? од која нива ги зедовте да играт фудбал?? а она копиљакот Митич ко ќе го видам негде низ град 5 шамари ако не јади јас ја од сега кажвам!! Цела игра ја ебава а најмногу го форсират ко син да му е на ѓоко. Љамче на клупа и Билали па алал ти вера бе посебно за овај вториот. Билали е убедливо едно од најдоброте засилувања до сега според прикажаното денес, борбен сака да игра, сака да поможи браво! МИЛОШ ДРАГОЈЕВИЧ!!!!!!!!!!!:cuc::cuc::cuc: Секоја чест мајсторе подобар голман Пелистер никогаш немал спаси едно 5 чисти гола денес, пенал фати и цело време го погигаше нивото на екипата. Ако случајно читаш на форумот ќе те замолам да си заминиш од Пелистер и да одиш во многу, многу појака лига од нашата таму ти е местото тука само си уништуваш кариера. И за крај едно ќе кажам- уште една ваква партија да се гледат сите в терен ко телиња во шарена врата а ние да се нервираме нерви да киниме СИТЕ ДО ЕДЕН ЌЕ ВЕ ТЕПАМ КАЈ ШО ЌЕ ВЕ НАЈДАМ!!!!!!!!
 
Се осеча нервоза во ФК Пелистер,
Како прво, Спорскиот директор имал недоразбирање со Ѓоко уште при трансферот на играчте, СД очекувал да бидат од неговата агенција, додека Ѓоко донесе играчи со помош на Саша Ќирич.
Ѓоко успеа да му продаде приказна на Зоки Цермат дека ова се талентирани играчи на кој може да се ослониме 4 до 5 годин, а покрај тоа и дека неговото име е големо во фудбалот и дека ќе привлече спонзори во клубот.
Кога се ова падна во вода СД понижен дека Зоки се наслони на Ѓоко не на него се повлече а Ѓоко остана со неговата приказна, е сега се одмота клопчето и Ѓоко станува нервозен и онака му беше при крај кариерата (уште кога го набркаја од втора лига во Саудиска Арабија) сега уште толку нема да врват неговите приказни за голем тренер.
Што се однесува до плукачите еве јас лично плукав и пцујев по Ѓоко, не поради поразот не е срамота да се изгуби од работнички туку од начинот на игра на неговите пулени, бездушно, без мотив, без компас едноставно како првпат тока да гледат. На што личи 3та Смоковски па игра прва постава. Ѓоко само покажа дека освен 3те титули со Вардар за кој и јас да бев тренер ќе ги освоев нема никакви резултати дека е само едно лигаво копиле кој повеќе се фали од колку што има резултати. И што сега го реши проблемот што отиде да се кара со публиката па денес беа 300 или 400 плукачи утре ќе бидат 1000 другиден 2000 со сите ќе се тепа, а не верувам дека уште многу време ќе може Зоки да ја голта таа приказна на Ѓоко дефинитивно ќе пукни тиквата.
 
јас ви кажав еднаш дека овие не се играчи туку се донесени по некој луѓе за да си играт децата џабе се лажиме овие моемнтално и во 2ра лига за опстанок ке се борат. чим дојде смоковски да е главен играч да мора да игра а ко ке ја фатеше топката пола трибина се смееше нз со очекваме поќе.А за ѓоко нема шо да кажам и нормално дека е тој најкрив во ситуацијата бидејки тој ги избрка сите и ги донесе овие играчи и сеа се вади со то шо биле млади.во ова мртва екипа мора Љамче и фиката да играт а не да си прај забава ѓоко со тие некој скопјанчиња
 
Го пратам нашиов фудбал прилично долг период и доста интензивно, ама да бидам искрен мислам дека Пелистер никогаш немал послаб тим од актуелниов. Баш го погледнав стартниот состав од мечот вчера со Работнички и единствено ги препознавам Миле Петковски и Гоце Тодоровски од истиот. Во есенскиот дел, Пелистер имаше доста црвст и компактен тим, и му требаа само уште неколку имиња проверени. Брдаровски, Крстески, Степановски, Ганчев, Ступиќ (више од 50 % од головите)... се доста солидни играчи за наши услови, а они донеле тотални анонимци за водат битка за опстанок?! Мислам дека тука Ѓоко некој добро го има насамарено... дали Ќириќ или некој друг не е ни битно сега. Човекот е долго време надвор од нашиов фудбал, и ни играчи знае, ни другиве екипи со каков квалитет располагаат. Во секој случај, тажна приказна за клуб кој по сите параметри треба да биде еден од претедентите во Лигава.
 
Го пратам нашиов фудбал прилично долг период и доста интензивно, ама да бидам искрен мислам дека Пелистер никогаш немал послаб тим од актуелниов. Баш го погледнав стартниот состав од мечот вчера со Работнички и единствено ги препознавам Миле Петковски и Гоце Тодоровски од истиот. Во есенскиот дел, Пелистер имаше доста црвст и компактен тим, и му требаа само уште неколку имиња проверени. Брдаровски, Крстески, Степановски, Ганчев, Ступиќ (више од 50 % од головите)... се доста солидни играчи за наши услови, а они донеле тотални анонимци за водат битка за опстанок?! Мислам дека тука Ѓоко некој добро го има насамарено... дали Ќириќ или некој друг не е ни битно сега. Човекот е долго време надвор од нашиов фудбал, и ни играчи знае, ни другиве екипи со каков квалитет располагаат. Во секој случај, тажна приказна за клуб кој по сите параметри треба да биде еден од претедентите во Лигава.
Грешката е шо ги пуштија Брдаровски и Ступиќ .Инаку Крстески и Степановски се тука, само се повредени двата.Да ги задржеа тие двајца и дојдоа само 3-4 добри на средина ќе се бореа за европа.
 
Последно уредено:
Митиќ:pos:..
Хихи,кој кретен,во празно ја подава топката на играч на Работнички,отвора контра и не се ни враќа да покрие,си трчкара,....:pos:
Се чуди ко некој куртон шо напрај и дури му текна шо бидна сркнавме гол...
Па поголем дудук нема играно во Пелистер одамна.....Која кретенчина од играч,циркузант,пишман е татко му шо го има напраено онај....
:kuracc:да го отепа тој шо те донесе и тој шо те клава да играш во прва постава....
За вториот гол шо да се кажи,греој еј...
6 наши беа и испаднаа како партали,со најобична акција.....
Не бе,за овие треба ќотеќ,ќотек и само ќотек,и то машки ќотек....
Прекинвање утакмицата,па нека не суспендират поарно,да не си ги гледаме греојте...
Прво за Џоко јаболкарот,како бе не го пуштија да се поткачи на трибина па да му ги искршат тие забите порцелански,да му ебам се по список....
Наместо да прифати одговорност и да се попрај,да речи луѓе згрешив со играчите,ќе пробам нешто да корегирам,ќе напрајме се за опстаниме итн тој упорно си тера по негово....си ги турка дудуците шо ги донесе...
Па и во право се Врапчето и компанија шо му карат,барем личевме на екипа ако ништо друго(не примавме лесно голој)..
Ги избркаја ко партали за да играт овие мочковците...
Сега личиме на банда рекреативци,кои си трчкараат и си прат забава.
Која мајка изгубила дете во Пелистер ќе го најди..
Митиќ,Смоковски,Речковски,Куровски....каде бе со овие индијанци?Па играчи од општинска лига да собериме ќе изиграт подобро...
Јас да одам ако не изиграм подобро од овие еве на...
Примаме голој како мали деца,со најобични акции,обични додавања на прва се доволни да ни ја испаднат цела одбрана,иако имаме по 2,3 играчи вишок...
И ова се тие "потенцијали"на Џоко и Саша?Саша играчи ќе носел,абе се по список да ти ебам,буљаш еден скапан,сите парталковци ги довлечкаја овде...
Нека не одат поарно со Вардар,да не пукни 7+...Нека ја предат,службено нека не тепат,да не си ги ебаваме греојте...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom