Абе Зоки вака така си ја исполни обврската..тешко него,си ја зеде бељата батето...
Не ми се верва да има фрлено многу пари,ама сигурно има џитнато околу над 200 К овие месеци...
Е друга работа е шо во градот има овци па верват дека со наводни 500 К можи да се напрај екипа...
Не можи,па ни во Македонија..
Можи можеше на времето да се биди шампион со тие пари,ама сега се кренаја стандардите...
Сега со овие пари шо ги имаме не можиме ни да опстаниме...
Само едни припреми и опремата се над 100К,Ѓоко со другарите од стручен штаб срка над 100К по сезона ами кај се другите работи?...
Е па нека не не чуди шо ни дојсоја партали играчи,за појќе треба сериозен кеш да се извај...
И то пазете се со пари од Цермат-општината својот дел од овбрските засега го клава на стенд-бај..
Кој блеф ни го прат и сеуште има луѓе шо не чактисват...

Пазете,"потпишват договор"во Белведере(си се частат со коктелчиња)...се изнасликаја и продават муда за бубрези како Пелистер ќе го следел примерот на Лудогорец,како ќе се оди на долги патеки,дека ова е сериозен проект

Ај се то ок,досега се изнаслушавме бајки...
Ама најјако е делот од фамозниот договор во кој се спомнува како ќе се
дели колачот...
Клубот најавува буџет од 520 илјади евра,од кои Цермат треба да обезбеди 380-390 а Газето 130К...
И најјакото шо е?
По некоја недела(октомври беше ко сркаја коктели)на седница на совет на Општина Битола владејачката гарнитура си го изгласува Буџетот на Општината за 2015..
Во стапката за спорт се предвидени верувале или не
130 К за
СИТЕ СПОРТОВИ(значи професионални,аматерски,училишни)...
Значи за се,цел третман...Фудбал,ракомет,кошарка,помош за сите селски екипи,организација на училишни спортски манифестации,бла,бла...
И то сигурен сум дека ни толку нема да дат,дека пак ќе забушат нешто...
И сега некој од нас чека пари од оние со костумите?
Па уште од старт апла ги прекршват своите обврски од "договорот",услов кој покренува уште од старт можност за раскунување на договорот од страна на Цермат...
Едно да ни е јасно,се додека се овие луѓе во градот не чекајте ништо,најмалку спорт..
Не е само Тројче,кој и да дојди јасно е како ќе се игра орото во Битола..
И да не е Тројче не чекам да биди нешто подобро...
Си кажа Ставре во разговорот со другарка му со мустако,шо мисли за Битола и колку пари мислат да одвојат за овај дел од внатрешноста

,не дава тој пари за копиљаци....

Плус и тие пари шо се одделуваат ги лапа газето...

Се е тешка превара,џабе се лажиме а и то се даде се фрли во ветер,наместо паметно да ги распределат и тие малку пари шо ги имаме тие напраја ремонт на цела екипа,избркаја дузина искусни прволигашки играчи,играчи кои какви такви вредеа нешто,а ко ништо друго можеа да се носат барем едно полувреме со било кој од лигата,на нивно место ни донесоа тиквари како Смоковски,Митиќ и компанија...
Добивме квантитет а квалитет неаме,освен голманот се друго е тркало до тркало...
И тие малку играчи од Битола шо останаа ги седнаја на клупа..
Игра неаме никаква,атмосфера во тим бетер,а се бориме да избегниме директно испаѓање од лигата....
