Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Sex Pistols, тие се фундаментот на панкот. Барем јас се запознав со панкот во моите млади години првично преку нив. Потоа следеа Exploited, GBH, Ramones и останати.
 
Кога веќе се спомнаа можда пореален дуел ќе беше Пистолс - ГБХ.
 
Sex Pistols.
И двата се музички сиромашни бендови, по мој вкус. Само што, Ramones никогаш не сакаа да го признаат тоа додека Sex Pistols не престанаа да се фалат со истото.
Тотално ми е јасно зашто луѓе не ги сакаат и дури ги нервираат.
Само, на некој начин го дефинираа терминот панк. За песна како God save the Queen можеле комотно да ја завршат кариерата пред да ја почнат.
Хумористичен бенд се, и тоа е тоа што луѓе го забораваат. Црн, црн хумор.
Belsen was a gas е топла препорака за секој.
 
Победа на Рамонс :D

Нареден дуел, двајца генијалци, композитори од поновото време, кои е ептен опасни во музицирањето. Да видиме што повеќе сакате, иако истите си имаат некои разлики.

Ludovico Einaudi vs Yann Tiersen

ludovico-einaudi-6594.jpg


vs

yann-tiersens-quotes-7.jpg
 
За кој си? Јас намерно ги објавив оти ептен се задумав и уште не знам одговор да дам :)

не гласам фала богу, и двајцата се едни великани во модерната класика. Неутрален ќе сум оваа недела..
 
Tiersen.

И смени наслов. :D
Зш бе Тирсен. Јас се думам то. Од Тирсен делото околу 2000-та, вклучувајќи саундтрак за Амели и Гудбај Ленин е ептен силно. Али братов опаѓа во константноста после 2004-та негде. Последниов албум му е ок, ама пак не ми е то то. Од друга страна Лудовико ми е некако поконстантен во албумите. Речиси да ми нема утка во песна, ваљда така некако ми легнал дур сум го слушал.

Али уште сум во фаза на думање.....
 
Зш бе Тирсен. Јас се думам то. Од Тирсен делото околу 2000-та, вклучувајќи саундтрак за Амели и Гудбај Ленин е ептен силно. Али братов опаѓа во константноста после 2004-та негде. Последниов албум му е ок, ама пак не ми е то то. Од друга страна Лудовико ми е некако поконстантен во албумите. Речиси да ми нема утка во песна, ваљда така некако ми легнал дур сум го слушал.

Али уште сум во фаза на думање.....
Повеќе го иам слушано, по при срце ми е Тирсен. Не дека Лудовико е лош, далеку, ама Тирсен со Амели ме купи за сите. :D
 
Ајде и јас за Тирсен иако уште не сум сигурен..........
 
Браво.
Лудовико е класичен пијанист, константен на исто ниво, не е динамичен како Тирсен, и сето оваа е резултат што работи доминантно со еден инструмент, делата му се у еден такт, од почеток до крај.
Кај Тирсен има повеќе new age елементи, дефинитивно поагресивен, поалтернативен, и покреативен, има некој меџикал тач во секој проект. Амели беше пример како да се редизајнираш, ама да останеш со ист квалитет.

Јан Тирсен
 
Кога се работи за структурна комплексност и диверзитет на бои и инструменти тука мислам дека Јанко води. Ама јас сум многу субјективен на овие дуели. Тирсен не сум го слушал одамна, а во последно време многу ми лежеше Лудовико. И полесен е за свирење. И никој уште не гласал за него.

Лудовико Еинауди.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom