Лига на шампиони 2014/2015

Статус
Затворена за нови мислења.
Веспрем ќе ги поремети натуралните....
Киелце е голем фаворит со Монпеље,иако на првата утакмица ќе биди интересно...
Алборг ќе доживее бродолом од Барса...
Фленсбург,првата утакмица би требало да се држат,имаат позитивен скор со Кил,ама ако не се вратат некој од повредените џабе е....
Псж,Данкерк,овде се бива,Данкерк покажа дека има против игра за ПСЖ,добро се познаваат,заебано ќе биди,сепак ПСЖ треба да оди понатаму...
Вардар го доби најтешкиот можен противник,многу јака екипа е Висла,опасна екипа,добар тренер,широка клупа...
Се ќе зависи од првиот меч,во Скопје тешко дека ќе се снајдат добро Пољаците,иако со тој ростер шо го имаат се бива....
Овде е се отворено,иако многумина мислат дека Вардар лесно ќе помини,мислам дека шансите се 50-50%...
Пик Сегед го доби џек потот од третопласираните екипите,тешко дека ќе имаат шанса со РНЛ,сепак Шваба си е Шваба....
И плинарите имаа среќа,Колдинг е противник по мерка,посебно шо не се снаоѓаат Данците со екипи ала Металург,кои ја убиваат играта и имаат јака одбрана,ќе биди интересно овде...посебно ако начука некоја пристојна разлика Загреб дома,од 4,5 гола,тогаш Колдинг ќе има мака да анулира...
Без Ким Андерсон не се истата екипа....
 
Ајде кратка анализа и од мене:

Веспрем - Ла Риоха - Нема дилеми Веспрем е огромен фаворит и лесно ќе помине. Шанси: 95/5
Киелце - Монпелје
- Меѓу пинтересните дуели. Киелце е фаворит, ама Монпелје знае да биде незгоден противник кога ќе му се погоди денот. Шанси: 80/20
Барселона - Алборг
- Покрај Веспрем, вториот дуел во кој се очекува потоп. Шанси: 95/5
Кил - Фленсбург
- Фленсбург во општ случај може да биде доста незгоден за Кил, ама со сите тие повреди ќе биде лесно разбиен. Шанси: 85/15
ПСЖ - Данкерк - Данкерк многу проблеми му правел во домашното првенство на ПСЖ, ама ов е ЛШ, само два натпревари, а и Данкерк мислам дека сезонава се послаби. Шанси: 80/20
Пик Сегед - РНЛ
- Еден од поинтересните дуели. Пик Сегед е малку потценета екипа, ама против германциве сепак ќе бида во подредена улога. РНЛ ќе мора да запне дома. Шанси: 35/65
Колдинг - Загреб
- Заради катастрофата со Металург лани Колдинг е малку потценета екипа. Се зависи од тоа дали ќе игра Андерсон. Со Андерсон шансите се 80/20, без него 50/50.
Вардар - Висла - Еуфоричен ракомет со шпански шмек. Ќе победи оној со подобар голман и подобра транзиција. Шанси: 75/25
 
интересна статија за "откритијата" во ЛШ оваа година.

http://www.hand-station.com/#!Las-r...ue/c1sd2/6B6E315F-552B-42AF-B3E7-A1A2ED57E5AF

И уште една анализа на осмина финалните двојки

http://www.hand-station.com/#!Llega...ns/c1sd2/9B70D2B7-9025-41C1-82C0-4F745F730E34

Ги ставив само линковите зашто не се на македонски статииве. Турете ги на гугл транслејт ако искочат на шпански.
 
Липовина во Вецлар до 2017 година.
 
Некако изгледа кладилнициве го преценија РНЛ, а и сите вие овде останати. 16та минута 10-7 за Пик Сегет и константно е ова водство од 3-4 гола.
 
Добар отпор им дава Сегед на Лавовиве .Искрено очекував дека ловен нема да бидат до олку фаворити колку шо ги напраја бидејки Ландин и не е толку константен сезонава само шо неможеше да се види правиот квалитет на Сегед во таа очајна група иако со Киелце изиграа многу квалитетно на двете утакмици иако изгубија.а.А тоашо им дадоа 1,10 кладилнициве на Ловен е и поке од потценувачки има сегед квалитет за повеке
 
Ландин ич не е константен сезонава, напати мислиш некои голови што ги прима како аматер делува. Како и да е, на 11-16 нешо ме заебаваше стримот, кога ќе видам 17-16 пресврт. Солидно доста делуваше Пик Сегед првово, Бомбач доста добро предводеше во напад, а и РНЛ доста слабо одбрана делуваше. Ќе видиме што ќе биде во второ, се надевам оваа 5-0 серија на РНЛ последниве 4 минути нема да се одрази на Сегед и ќе гледаме неизвесна утакмица.
 
Што ти значи да имаш добар тренер.
 
Премногу ги потценија. Браво Сегед, голем чекор до четвртфинале.
 
Вака кога ги гледа човек како го примаат Швабите(од кој стигнат)се доаѓа до еден прост заклучок...
КАКВА БУНДЕС ЛИГА БЕ...:pos:
 
Зошто е толку голем коефицентот за ПСЖ?
Не е голем..
Големо француско дерби е,плус Данкерк последните години е многу незгодна екипа за ПСЖ и редовно си ги шлака...
На последните 3 лигашки средни 3 победи има Данкерк,изгубија само во Супер купот..
Како игра ПСЖ на гости сезонава против посилните француски екипи нема да ме чуди да изгубат во првата утакмица..
Иако според сите параметри ПСЖ е далеку појјак тим од Данкерк и треба да оди понатаму..
Оваа според мене е чист минус...ако е под 55..
 
Вујо дели лекции на кој стигне. Доказ дека не бепе случаен неговиот успех со не многу квалитетни играчи со вардар, еве го сега и со Загреб слично прави. Дај боже да издржат и на реваншот па да помиант поантаму.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom