Лига на шампиони 2014/2015

Статус
Затворена за нови мислења.
Вујо изгледа има посебен тренинг за овие последни шутеви, Прибак го направи мајстор, еве го и Челица :D
 
Алборг 30 - 36 Мотор :eek: :вонзем:

Колку се лабави овие Алборг, чудо едно :cenzura:
 
Ocaj neviden Alborg,ne mi e jasno kako uspeaa da soberat 6 boda.
Ne zasluzuvaat da odat ponatamu.
 
Овие се дојдени да одземаат време,не да даваат голови.

Добар е Стојановиќ за сега..добар за во РК Чаир.:anco:[DOUBLEPOST=1424027485][/DOUBLEPOST]Срамота,21 минута немаат дадено гол..Во тие минути имаа максимум четири шута на гол со се контрите.

Добро си почнаа,па примија 4 гола по ред и Лино побара тајмаут.На тајмаутот им вика да одземаат време и пополека да играат и овие вистина тоа го правеа,не беа заинтересирани да шутнат,само си се додаваат.:notworthy:

Овој Маџовски само за на нива е,страшен антиталент.Талески,Нелоски и Бувиниќ не се лоши,ама премногу се неивентивни.Крилата џабе си трчаат,исто така и пикерот.За некој маалски ракомет ќе ги биде,каде што играат три на три.

Јасна беше ситуацијата уште пред натпревар ама Кил им даде шанса барем малце да се разиграат,а тие пешкирот го фрлија више..

Барса си гази,а прееска Хансен растур ги направи.Има неколку пара очи,какви асистенции си правеше.:cuc:
 
Последно уредено:
Ocaj neviden Alborg,ne mi e jasno kako uspeaa da soberat 6 boda.
Ne zasluzuvaat da odat ponatamu.
Шо мислиш за следната недела
Мотор-Киелце?Дали ке изненадит Мотор?
Висла -фленсбург?денес полјациве некако едвај тепаа ,дома незнам како играат?
 
Шо мислиш за следната недела
Мотор-Киелце?Дали ке изненадит Мотор?
Висла -фленсбург?денес полјациве некако едвај тепаа ,дома незнам како играат?
Најзафркната група од сите,1 коло до крај а 4 екипи се борат за две места и сите имаат по 6 бода...:pos:
Мотор денес изигра перфектен меч,цело време го контролираа мечот,како само ги решија во второ полувреме секоја чест..
Лани успеаа да го тепаат Веспрем(си ја наредија),нема да ме чуди и сега да падни некој ДИЛ и да ја наредат по комшиска линија со Пољаците...
Плус Киелце има мака со повредени играчи,не ми се верува да играат толку за честа и да ризикуваат нови повреди,сепак им претстои борба за Ф4....
Сеуште не ми е јасно како успеа Алборг да тепа со Данкерк во гости,и да тепа со Мотор во гости,не можам да се изначудам...
Ептен непредвидлива екипа,распашана команда се кога губат,ако им заводиш неколку разлика се распаѓаат тотално,посебно во второ полувреме се губат и влегуваат во еден куп технички грешки...
Ако не се заебаваат Пик Сегед нема шанси Алборг во Унгарија...
Данкерк би требало да е еден од тимовите кои ќе оди понатаму,појјаки се од Кадетен,а вториот најверојатно ќе биди Мотор,зошто и да изгубат од Киелце дома а Алборг го прими од Пик Сегед пак ќе бидат во 1/8 финале зошто имаат подобар меѓусебен дуел...
Висла треба да пружи добар отпор,не се лоша екипа...
Јуркевич како лидер,тука се Србите Зеленовиќ и Никчевиќ,Романецот Ѓонеа,реепрезентативците на Полска Дашек,суртукот Шупршак....
Плус пиринејски шмек,на среден бек имаат Шпанец Барабаш,солиден играч,плус многу јак пикер од Португалија Роча...
Тренер Шпанец,Кадењас,брза транзација,основна одлика....
Од друга страна Фленсбург е многу ослабен без главниот играч Гландорф..
Ќе им одговара и бод на Германците,ама сигурно тешко ќе играат...
Добвра публика имаат,уствари одлична,сигурно во ТОП5 во Европа моментално,ќе имаат голема подршка,а во вакви мечеви е голем плус.
Сепак не е мала работа,да се избегнат екипи како Кил,Веспрем,Киелце во 1/8 финале е голем влог...
Мој тип е на Висла....не се лоша екипа,напротив дома се одлични и со игрите заслужуваат да одат во 1/8 финале,ја чукнаа Барса,извадија бод со Колдинг,за разлика од Фленсбург кој се изрезили со Колдинг,и двапати беа силувани од Барса...
 
Ги играв речиси сите ЛШ и ги фатив.( а и ги гледав речиси сите)
Начевци ја судат во Полска и тука е плус за полјаците.
Треба добро да се размислит дали ке паднат 1,,а Вардар да ја водам јас со РНЛ ги тепам 100 посто во сабота.Колку слабости видов против Чеховски...само број 2 Шмидт да го отфрлат и 70 посто готова работа,а за Дуи Ритз и Петерсон лесно е.Све зависит од Рауловата тактика.
 
И мене ми се чини дека Висла Плок ќе го добие Фленсбург и со тоа актуелните шампиони ќе завршат како четвртопласирани во групата и веројатно ќе си пакуваат куфери уште во осмина-финале...
Колдинг не би требало да ја пропушти шансата да финишира како втор во оваа група, сепак се класи над Алингсас.

Во групата А се е решено, нема шанси Брест Мешков да го добие Кил во Германија, така да они својата шанса си ја пропуштија на мечот со Металург во Скопје.
Загреб со 5 победи дома и со можност да го добие Металург на гости и со пораз во Скопје ќе биде трет, ПСЖ втор, Кил прв.

Во нашата група, Веспрем прв, Монпеље четврт, останува ние и Рајн некар да се решиме за второ место. Според моменталната форма, мислам дека ќе го загубиме дуелот.

Во последната група, Данкерк според мене е во пол-позиција бидејќи играат дома со Кадетен Шафхаузен. Ако ги добијат, веројатно ќе завршат и како трети.
Не верувам Мотор да освои барем бод со Киелце, но мислам дека ќе идат понатаму бидејќи се најдобри во триото Мотор-Алборг-Кадетен, во случај ако Алборг загуби од Сегед.

Група А:
Кил
ПСЖ
Загреб
Ла Ријоха

Група Б:
Барса
Колдинг
Висла Плок
Фленсбург

Група Ц:
Веспрем
Рајн Некар
Вардар
Монпеље

Група Д:
Киелце
Сегед
Данкерк
Мотор

Ние и како третопласирани би имале добри шанси за понатаму, само да се избегне ПСЖ :toe:
 
Ги играв речиси сите ЛШ и ги фатив.( а и ги гледав речиси сите)
Начевци ја судат во Полска и тука е плус за полјаците.
Треба добро да се размислит дали ке паднат 1,,а Вардар да ја водам јас со РНЛ ги тепам 100 посто во сабота.Колку слабости видов против Чеховски...само број 2 Шмидт да го отфрлат и 70 посто готова работа,а за Дуи Ритз и Петерсон лесно е.Све зависит од Рауловата тактика.
Силата на РНЛ е во Ландин..
Ако се разбирани тој лудакот ќе дојдат контрите,полуконтрите,брзата транзација итн...
А имаат играчи за ова....
Јаки и брзи крила,многу јак пикер,и не толку инвентивна бековска линија на поставена зона на противник....
Ду Риц не е класичен шутер,повеќе Шмит шутира од него..
Петерсон исто,повеќе дава голови од брза транзација отколку да ја натскока зоната...
Од измените ги имаат Менсах(кој според мене е чист просек игра,играч без ум кој шутира од кој стигни,без да внимава дали има позиција или не)и посебно Реинкинд,дечкото е голем потенцијал и сигурно ќе прерасни во врвен играч...
Ако Вардар не го разбрани пајакот,и не дозволи многу контри и полуконтри имаат шанса...
Ако влезат во игра со многу трчање и брзо завршување на нападите лошо ќе поминат...
Ако не се разбрани на почеток Ландин после паѓа на психа,и самиот ќе биди незаинтересиран,како да се губи ако не му тргни...
Ако отвори добро тогаш е друга песна....
Ако изигра Вардар паметно и ја забави играта,како шо направи Цеље во Германија би требало да гледаме интересен меч..
Се е до отворањето на мечот,тука се најсилни РНЛ...
 
[quote="Tomasino, post: 7123952, member: 28504"[/quote]
Пред 8 год пијам кафе со Бенгт Јохансон еден од најтрофетните репрез.тренери и го прашува зошто Швеганите цепелинот го викате Јапонец ,на балканот го викавме Румунец тој реше бевме на турнеја во Јапонија прв пат таму видовме и затоа го викаме Јапонец .
Нели во бивша Ју сите го викаа Румунец?
 
http://handballme.me/2015/02/ls-kielceova-desetka-zicer-za-dankerk/
Кои дудуци се Мотор..:bravobe:
Хаха,како само изгубија добиен натревар...
9 водеа на полувреме...:D
Типична советска школа,имаат се,предиспозиции,пари,се ама џабе е кога немаат ум и интелегенција...
И бод им бркаше работа...
И кретените имаа 2 разлика на 2 минути до крај,им го исклучуваат Евдокимов,и играат со играч помалку..
Примаат брз гол,го ебаваат нападот и Киелце на 1 минута до крај оди по нерешено,даде Биелицки од далеку гол...
И останаа некаде 30ина секунди до крај,и дудуците наместо да ја чуваат топката до крај,не можеа обично вкрстување да направат и му ја дадоа в раце топката на играч на Киелце,на 10 ина секунди до крај,и дечкото си искористи поклон,го претрча цел терен и даде гол..
И немаше време...:LOL:
И сега ако изиграат Данкерк и Кадетен нерешено а Алборг да изгуби од Сегед ќе испаднат Мотор...:pos:
Баш ме интересира дали ќе ја наредат Данкерк и Шафхазуен и ќе си земат по бодче и двете ќе одат понатаму...:zloo:
Први играат во сабота,вреди да се проба НУЛА на оваа утакмица...:zloo:
 
Значи колку е слаба групава, во ЕХФ куп има појаки екипи. :tapp:

Освен Киелце никој друг од групава нема теорија да помине осминафинале, па дури и ВТК ако на пример се паднат со Монпеље може да имаат проблеми.

Убеден сум дека Целје кој во групата сега заврши на петто место, доколку играше во А или Д групите ќе завршеше трет најмалку.
 
Два директни интересни дуели за места во групите ни престојат ова последно коло.

Првиот, дуел за третото место помеѓу Висла Плок и Фленсбург.
Вториот многу поинтересен за нас, дуел за второто место помеѓу Рајн Некар и Вардар.

РНЛ ја потврди одличната форма со што го потопи Гепинген во гости со резултат 22-33, што само кажува дека тежок дуел ги чека вардарци во Германија. Но нас ни лежат во последно време германци па ќе видиме..:cool:
 
ПСЖ со поразов нема шанси да паднат на 3то место? Ако тепа Загреб утре ќе се изедначи со нив ама ваљда ради меѓусебен пак ќе остане ПСЖ втор
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom