Новинар: ,,Дани честитки за голот, но зошто го прослави така против клубот во кој што ги направи првите фудбалски чекори, Робин Ван Перси не славеше вака по првиот постигнат погодок против Арсенал?
Дани Велбек: ,,Пред се благодарам, го почитувам Јунајтед и никогаш нема да заборавам што тиа направија за мене. Од Ван Перси научив доста многу претходната сезона тој е напаѓач од светска класа. Да тој не го прослави првиот погодок против Арсенал, но како славеше на последниот? Тој направи доста многу за Арсенал беше капитен на тимот, ја имаше својата најдобра сезона во кариерата. Го напушти Арсенал доброволно и дојде кај нас, ни помогна да ја освоиме 20-та Премиер-лигашка титула. Но кај мене е сосема поинаку, јас немаше да го напуштам Јунајтед, но кога дојде Ван Гал ми кажа дека не сум играч за Јунајтед, едноставно бев избркан како пес. Токму затоа го прославив погодокот.