Средношколски протести

Според мене математиката доколку се внесува како задолжителен предмет барем да биде еден стил интерен-задолжителен и да не има улога врз оценката од матурата бидејќи не секој може да решава сложени проблематики. Или може да се направи математика-основно за оние кои примарна цел им се општествените предмети, а посебно да биде математика-напредно.
Него проблемот е начинот на запишување на факултет. Концептот на матурата е добар за да се намали проблемот со приемните испити, меѓутоа не донесе резултати од икс причини. Јас полагав математика бидејќи ми одеше и сакав да се запишам на технички факултет (машински). Во смерот бевме 25 души од кои само тројца полагавме математика на матура. Капак на се беше намалениот критериум при оценување бидејќи поголемиот дел од колегите од 2+2 не знаеја повеќе од математика, а нели во денешно време скоро сите завршуваат факултет. Дипломирав прв во генерација и сеа 9 месеци талкам за работа, поради системот во образование кој дозволува секој да се запише на каков факултет сака без да има некои предзнаења во таа област и токму тие фаци ти завземаат работно место во иднина.
 
За да знаеш да си го изброиш кусурот утре.

Математика е задолжителна и задолжителна треба да биде.
Исто како што треба да знаеш да збориш македноски треба да знаеш и основни математички работи.

А за нивото на кое се тестира математиката е друг муабетот.
Според мене не треба да се укине математика на матура (за не технички, информатички или природно математички факултети) туку само да се олесни, ама основата мора да се положи. А не утре да имам комшии шо не знаат да извадат 20% од 500 без дигитрон.
не му треба, адвокат, поп и доктор не враќаат кусур :D
 
Немам некоја одбивност кон математиката, но сум ПРОТИВ воведување КАКО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕДМЕТ ЗА СИТЕ!! Напоменувам за сите бидејќи не сите училишта, зборувам за средни стручни учат ист материјал. Во учебниците по математика убаво на првите страници има обележано букви кои стојат пред секоја тема со што темите се класифицираат според смеровите кои треба да ги учат. Е сега тука МОН не прави НИКАКВА, АМА БАШ НИКАКВА разлика помеѓу овие смерови и ќе го БАПНИ цел материјал на матура без разлика на смерот, и ќе нема шанса на приговор. Е ајде сега кажете ми како да се нема одбивност кон математиката на матура за сите струки?
Ова го зборувам од искуство со екстерното каде оние од здравствена струка(кои од учебникот за 2ра година учат само 5-6 теми од вкупно 12) и оние од техничките струки(ги учат сите 12) го имаат истиот материјал на екстерно, БЕЗ право на приговор или било што друго.
Да не споменувам дека во стручните училишта математиката најчесто е задолжителна до 2ра година а потоа е изборен предмет, е сега тие што учеле математика до 2ра со пауза од 2 години ке треба секако да полагаат матура во 4та, што според мене е идиотизам, наместо да земат да ја стават матурата математика после втора за тие што не избрале математика изборен предмет да учат понатаму во 3та. Јас не велам дека не треба да претставува проблем за нив бидејќи учеле 10 години математика, но ЗОШТО па да не се постави математиката лепо-фино после 2ра и никому ништо.
 
Смешно (повеќе оди кон жално), но вистинито. Струмичките матуранти протестираат затоа што математиката била задолжителна на матурата! Треба да се засрамат, ако се тие толку добри ученици и се паметни како што се претставуваат ваљда се способни да научат и математика за матура. Секако не е лесно, но со малку повеќе труд, се' бидува.

Средното го завршив во Словенија каде што математиката е еден од 5-те предмети што се полагаат на матурата - зборам за општа матура. Па никој нит се жалеше нит протестираше. Имаше деца што 3-4 пати полагаат ама никој не се жалеше за тоа што математиката била задолжителна.

Ова е претеризам. За се' нешто по некој протест. Ова според мене е една од правилните одлуки на МОН.

Ваш коментар за овој дебилизам (според мене!)?
Ова е една од низата КАТАСТРОФАЛНИ одлуки на МОН. Ако се постави еден предмет како здолжителен за сите ученици, тогаш треба и да се изучува од сите ученици според иста програма, со ист број на часови, еднаков број на години и исти учебници. Не може во едно училиште да се изучува математика две години, а во друго четири, па потоа да имаат исти прашања за матурскиот испит. Тоа значи дека голем дел од учениците се хендикепирани. Тоа значи ДИСКРИМИНАЦИЈА. Се треба однапред да се осмисли и да се создадат услови нешто да се реализира. Исто како што апсолутно без најава им го зголемија бројот на бодови, потребни за одредена оценка на екстерното. Верувам дека насекаде (како впрочем и на најобичен контролен тест во училиште) стои отстрана бодовната листа. Само тука ја нема бидејќи таа може ноќ пред тестирањето да се смени според нечија добра волја. Или фактичкото прогласување на полугодишните оценки за крајни и одземањето можност да се поправи оценка, а со тоа и губењето на секаква смисла на второрто полугодие за матурантите? Зошто да им биде срам? Затоа ли што не сакаат да полагаат на материјал од четири години оние што учеле само две? Дали во Словенија прво биле создадени услови за матура каква што ја имаат или донесуваат одлуки без подготовка? Не ми се верува ! Е, сега малку, само неколку збора, за неопходноста на математиката и напуштањето на ИЗБОРНИОТ предмет. Ова може а донесе ситуација кога знаењето на математиката треба да се стави, како услов за упис на факултет, пред она што е битно за одреден стручњак. На литература треба да оди оној кој , да речеме, убаво пишува, на сликарство оној кој има дарба за ликовни уметности ... без разлика колку знае математика (на матурскиот испит, секако, бидејќи веројатно научил нешто за 8 години учење математика). Одличен правник може да биде и оној што не полагал на матура математика. Доволно му е што 8 години ја изучувал. На матура треба да покаже дека е подготвен да стане стручњак во областа што ја одбрал и во која треба да стане успешен. Затоа постојат тие ИЗБОРНИ предмети. Еве, мене, на пример, во мојата професија апсолутно не ми се потребни изводите од функции. Во секојдневниот живот ми требаат четирите основни математички операции, процентите, можеби донекаде и дропките и пресметување на квадратура. Успешноста во работата воопшто не ми зависи од математиката. Или Вие потценувате се што не е математика? Па, да, видов, погоре дека ги подведувате под НЕпаметни. Замислете музичар за кој не е не знам колку битно таму како свирка на виолина, ако не докаже дека знае алгебра! Тоа свиркањето - споредна работа. Е, со математика ќе се докаже како уметник...
 
Последно уредено:

Веројатно сте постара личност, според изразувањето. Затоа би ве замолил да ме извините, но мешате баби и жаби. И уште ќе додадам:
1. Сеуште сум на ставот дека математиката треба да биде задолжителна или во најдобар случај нека се укине и нека се полагаат приемни.
2. Сметам дека за гимназијалците математиката треба да биде задолжителна.
3. Не ги подведувам за „непаметни“, туку нивната/и одлука/и.
4. Не знам како гласи правилникот на МОН за матурата и се согласувам дека на некој од стручно нетехничко училиште математиката на матура не е му од корист, ама воопшто.
5. Мислам дека напоменав во првите страни дека за да ја отворам темава ме испровоцираа гимназијалците, затоа што тие беа иницијатори.

Сепак по согледувањето на тоа што другите ченови имаа да кажат, дојдов до свој заклучок, за себе дека матурата можеби би било подобро да се укине и повторно да се воведат приемни испити.

ПС: Ретко читам и враќам на долги текстови.
 
Музичар кој свирка на виолина, треба одлично да познава дропки, за да може соодветно да ги интерпретира нотите :toe:
Задачите не се исти за гимназијалци и за оние кои учеле математика помалку од 4 години. Начинот на бодување на матурите, не е базиран само на ОСВОЕНИТЕ БОДОВИ, туку има малце подруго рангирање, зависно и од резултатите на останатите.
 
Веројатно сте постара личност, според изразувањето. Затоа би ве замолил да ме извините, но мешате баби и жаби. И уште ќе додадам:
1. Сеуште сум на ставот дека математиката треба да биде задолжителна или во најдобар случај нека се укине и нека се полагаат приемни.
2. Сметам дека за гимназијалците математиката треба да биде задолжителна.
3. Не ги подведувам за „непаметни“, туку нивната/и одлука/и.
4. Не знам како гласи правилникот на МОН за матурата и се согласувам дека на некој од стручно нетехничко училиште математиката на матура не е му од корист, ама воопшто.
5. Мислам дека напоменав во првите страни дека за да ја отворам темава ме испровоцираа гимназијалците, затоа што тие беа иницијатори.

Сепак по согледувањето на тоа што другите ченови имаа да кажат, дојдов до свој заклучок, за себе дека матурата можеби би било подобро да се укине и повторно да се воведат приемни испити.

ПС: Ретко читам и враќам на долги текстови.[/quo
Многу ме интересира која баба помешав со жаба. Испаѓа дека речиси и да немаме несогласувања. Против приемните немам ништо. На некои факултети и сега се полагаат приемни. Исто така се согласувате дека на нетехнички, стручни и уметнички (уметничките не се стручни) училишта матурскиот испит по математика е непотребан. Сеуште не можам да ги забележам помешаните баби и жаби. Не гледам во Вашиот стил никаква посебност што би ми била некаков показател за Вашата возраст. Стандардизиран македонски јазик.
Веројатно сте постара личност, според изразувањето. Затоа би ве замолил да ме извините, но мешате баби и жаби. И уште ќе додадам:
1. Сеуште сум на ставот дека математиката треба да биде задолжителна или во најдобар случај нека се укине и нека се полагаат приемни.
2. Сметам дека за гимназијалците математиката треба да биде задолжителна.
3. Не ги подведувам за „непаметни“, туку нивната/и одлука/и.
4. Не знам како гласи правилникот на МОН за матурата и се согласувам дека на некој од стручно нетехничко училиште математиката на матура не е му од корист, ама воопшто.
5. Мислам дека напоменав во првите страни дека за да ја отворам темава ме испровоцираа гимназијалците, затоа што тие беа иницијатори.

Сепак по согледувањето на тоа што другите ченови имаа да кажат, дојдов до свој заклучок, за себе дека матурата можеби би било подобро да се укине и повторно да се воведат приемни испити.

ПС: Ретко читам и враќам на долги текстови.
 
Абе толкава узбуна се дига за матурава како да нема да ја препишаат како и останатите години.
Не сегде се препишува. Затоа трубам дека матурава е глупост. Да не се препишуваше нигде, ќе имаше некаков ефект, вака ништо.

Земаат замав средношколските протестни собири во Скопје, наскоро можда ќе има некој масовен протест. Секако, во некои други градови веќе се случија и по неколку пати, но сепак кога ќе биде во Скопје, на друг начин се гледа.

http://www.radiomof.mk/galerija-srednoshkolcite-se-sobraa-pred-gimnazijata-orce-nikolov/

Еве имало, ама 4-5 гимназии е малце. Де бе, кај се Корчагин упм, не се заебавајте.
 
Последно уредено:
Еве имало, ама 4-5 гимназии е малце. Де бе, кај се Корчагин упм, не се заебавајте.

Не ги пуштал Јоцо. Им се заканил дека ако излезат да протестираат, ќе се начука и ќе им пушти Болеро.
 
НЕ за задолжително полагање на математика на матура!
Зошто би му требало некому математика доколку се одлучи да оди на пример филолошки и филозофски?
Тоа дека постојат луѓе кои не знаат два и два-да точно,но истите тие нема да се запишат на некој од техничките факултети.И доколку пробаат да се запишат,сигурна сум дека како задолжителен ќе им треба математика.Значи,ако имам во план да одам на технички факултет-полагам,ако не-зошто да ми паѓа просек од таа математика? Доволно ми паѓал просек од секоја школска година благодарение на тие природно-математички предмети,зошто да ми опаѓа уште толку?
:cenzura:
 
Зашто си запишан гимназија,а види ко за чудо и математиката спаѓа во предметите што ги учиш. Разбирам да протестираш поради неефикасност на матурата,али ако има толку неписмени што не знаат 2+2 тие не треба да имаат диплома од средно.
Жал ми е за просеков,веројатно тешко ти паѓа дека не можеш во секое подрачје да бидеш одличен.
 
Математика треба да има (поготово гимназија), но начинот на третирање во матурата треба да е поинаков. Тие што сакаат да идат на општествени факултети математиката да биде на основно ниво и да нема улога во уписот (али мора да се положи да не испадне некој не знае колку се 2+2 а сака да се смета во иднина за академски граѓанин). За останатите кои сакаат да одат технички факултет математика-напредно ниво!
 
Според мене треба да се укине матурата и да има приемни на факултет. Не може сите да полагаат на матура математика бидејќи во стручните школи не се ни изучува математика од трета година т.е изборен е. Зошто му е потребно на некој математика да полага ако има афинитети да се запише на економски, филолошки и др слични факултети ?
Вака со приемниот на факс ќе полага тоа што го интересира, тоа што тој го има одбрано. На тој начин ќе навлезе во струката за која што се определил и ќе полага за нешто што него ќе му биде од корист понатака во животот.

Затоа и денеска бев на овој мал протест против матурата.
 
Да, пошто на матура математика се бара 2+2. Знам што све се учи математика од 1ва до 4та и знам колку многу од тие работи му требаат на еден правник, политиколог, економист, лингвист, психолог и ред други професии. Учебници немам, но можам да најдам тетратки да видиме колку од тие работи што сме ги учеле биле основни.

И нон-стоп се спомнува, „гимназијалци, имате математика, треба да полагате“ и слично...знаеш колку мал дел од деца на 14 години знаат што сакаат да работат во иднина? Зошто да се запише во стручно средно училиште и со тоа значително да си ги лимитира можностите? Сосема е во ред ако некој од 14 години знае што сака (пример да работи со економија, право итн, иако веројатно многу малце знае за тие области, но има нешто што го влече), но исто така убаво е еден млад човек на 14/15 години да се запознае со различни науки и да се пронајде себеси во бар една од нив понатаму. Затоа постои усмерување во трета година што начи младите имаат 2 години, бар отприлика, да се пронајдат себеси. Пример: некој ќе се пронајде себеси во конкретна наука или пак во поле од науки (природно-математичко или општествено) и одлучува натаму да го продолжи своето образование. Конкреетно јас не се пронајдов во правото уште во втора, но знаев дека повеќе ме влечат општествено-хуманистичките (а и ме одбиваа природно-математичките).

Барањето на средношколците е легитимно иако многу полегитимно барање е укинување на екстерното оценување од кое јас, а и многумина други, не гледаат ништо полезно за учениците. Треба да ги искомбинираат тие две барања. Така ќе имаат многу повеќе подршка и ќе се обединат средношколци од 1ва до 4та година. Мило ми е што почнува активизирање и кај оваа група на луѓе, што сметам дека е многу добро за едно општество. Голема подршка до нив, па не гледам причина зошто не би ги подржал и на некој од нивните протести.
Сакав да прокоментирам нешто за оние болни умови што ги правеа летоците, но нема. Станува збор за болни умови чии акти не само што се незаконски туку и крајно безобразни, искористувајќи малолетни лица (веројатно) за некоја сопствена корист или корист на некој претпоставен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom