- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.574
- Поени од реакции
- 18.975
Децава треба да сватат дека ако не те бива за некој предмет не треба да имаш петка,овие знаат дека се дрва и сеа не ја гледаат вината кај нив туку кај државата што ги тестира.Да, пошто на матура математика се бара 2+2. Знам што све се учи математика од 1ва до 4та и знам колку многу од тие работи му требаат на еден правник, политиколог, економист, лингвист, психолог и ред други професии. Учебници немам, но можам да најдам тетратки да видиме колку од тие работи што сме ги учеле биле основни.
И нон-стоп се спомнува, „гимназијалци, имате математика, треба да полагате“ и слично...знаеш колку мал дел од деца на 14 години знаат што сакаат да работат во иднина? Зошто да се запише во стручно средно училиште и со тоа значително да си ги лимитира можностите? Сосема е во ред ако некој од 14 години знае што сака (пример да работи со економија, право итн, иако веројатно многу малце знае за тие области, но има нешто што го влече), но исто така убаво е еден млад човек на 14/15 години да се запознае со различни науки и да се пронајде себеси во бар една од нив понатаму. Затоа постои усмерување во трета година што начи младите имаат 2 години, бар отприлика, да се пронајдат себеси. Пример: некој ќе се пронајде себеси во конкретна наука или пак во поле од науки (природно-математичко или општествено) и одлучува натаму да го продолжи своето образование. Конкреетно јас не се пронајдов во правото уште во втора, но знаев дека повеќе ме влечат општествено-хуманистичките (а и ме одбиваа природно-математичките).
Барањето на средношколците е легитимно иако многу полегитимно барање е укинување на екстерното оценување од кое јас, а и многумина други, не гледаат ништо полезно за учениците. Треба да ги искомбинираат тие две барања. Така ќе имаат многу повеќе подршка и ќе се обединат средношколци од 1ва до 4та година. Мило ми е што почнува активизирање и кај оваа група на луѓе, што сметам дека е многу добро за едно општество. Голема подршка до нив, па не гледам причина зошто не би ги подржал и на некој од нивните протести.
Сакав да прокоментирам нешто за оние болни умови што ги правеа летоците, но нема. Станува збор за болни умови чии акти не само што се незаконски туку и крајно безобразни, искористувајќи малолетни лица (веројатно) за некоја сопствена корист или корист на некој претпоставен.
Лектирите никогаш не ми беа интересни ама сепак ги полагав и Странецот и Божествена комедија на матура,стурчно никад нема да ми се најдат ама тоа е тоа општо образование што се добива во средна школа.Да за 5ка сигурен сум дека ќе треба да знаеш многу Математика,ама ја коа полагав имаше агли во триаголник да броиш.Сеа ко што ќе полага цела генерација ако вакви работи не знаат срамота е диплома да им се даде.