- Член од
- 7 август 2011
- Мислења
- 5.011
- Поени од реакции
- 15.628
Реков ќе напишам поопширно ама немам време.
Се гледаме утре во 12:00 на фонтана.
Се гледаме утре во 12:00 на фонтана.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мислев дека се разбравме уште тогаш, ама изглеа не.
Не разбирам, нели беше за математика како задолжителен дел од матурата?Мислев дека се разбравме уште тогаш, ама изглеа не.
Ја сум Против матурата како задолжителен испит, ама За елементарното знаење што е потребно да се положи истата.
Поента некоја пробуваш со тагов да напраиш или?
Значи, ако веќе се полага матура, нема зашо математиката да биде дискриминирана во однос на македонски пошо се подеднакво битни.Не разбирам, нели беше за математика како задолжителен дел од матурата?
Разбирам како размислуваш, али не се согласувам. Сите предмети се еднакво битниЗначи, ако веќе се полага матура, нема зашо математиката да биде дискриминирана во однос на македонски пошо се подеднакво битни.
А дали матура како начин за оценување е добра работа е скроз друго прашање.
Се разбираме сега?
Види, математиката сама по себе има огромна предност пошто е единствената наука (барем единствена која е во вид на предмет во основно/средно) на која каква програма и да и направиш, ти ќе мораш за неа да знаеш и теорија и практика. Тоа си доаѓа само по себе, мора да знаеш како да ги решиш задачите, а после тоа мора и да ги решиш нели, совршена комбинација од теорија и практика. АМА, тоа не ја прави математиката побитна, во никој случај. Тоа е само производ на нашиот став за све - научи на памет, напиши го и заборави го, затоа и на луѓето им е тешка математиката, пошто е огромен исклучок во тој поглед, нема лабаво.Можда сите предмети се битни, но не сите можат на ист начин да се научат. Зборувавме еднаш за ова, ама ај па. Математиката не секој може да ја научи од час и задачите што ги слуша, па мора да оди по курсеви, па збирки, второ трето и тоа се све трошоци кои не секој може да си ги дозволи. Од друга страна Македонскиот се учи многу полесно, отвараш книга/тетратка и учиш. Ем штедиш време ем дополнителни трошоци јок.
Математиката треба да се укине од матура, или цела матура да се укине и да се воведе приемен на факс што би било РАЈ, а не ова, некој кој сака да учи за новинар да полага матура со задачи за линеарни неравенки, дропки и вектори..
Za da znaes da presmetuvas sudski, advokatski, notarski taksi i takvi raboti :-DDDМолам некој да ми објасни. Ете сакам да идам на правен, за кој qурац во животов ми е потребна математикава?
Убаво го кажа ова, поготово кај делот за одбивноста. Децата секако не сакаат математика, камоли кога ќе им речеш дека мораат да го учат. Тоа е всушност најлошиот можен педагошки пристап, „учи иначе тешко тебе“. Невозможно е да создадеш интерес на таков начин, па дури и да сакаш нешто, ако ти е наметнато како обврска од таков тип, ќе ти стане одбивно. Ниедно подобрување не може да биде доволно само по себе ако е во вид на една и единствена мерка. За подобрување треба да се почне процес, долготраен, изобличување на деталите од сите страни, адаптација. Се што не е во согласност со тоа само ќе одмогне. Али ние Македонците сме си такви, секад гледаме со колку што може помалце замарање да ги поправиме работите, воопшто не обраќаме внимание и се пробуваме да направиме грубо и набрзинка. Не знаат? - Опни им уште еден тест дур не научат. Бегаат од часеви? - викај родителите да ги искараат. Не може така, вината не може да им се препише на децата. Тие не станале едно сабајле и одлучиле да не учат. Очигледно има друго нешто што не штима, некакво влијание кое има негативен ефект врз младите, само што никој не сака да си признае кога згрешил или дека не бил во право, а уште помалце дека едноставно не знае како да постапи.Математиката беше ставена како обавезен предмет со цел да се зголемел интересот за техничките науки. Колку треба да си неписмен за ваква реформа да направиш. Значи стварно не ми е јасно кој ги предлага и гласа реформиве ама ова е стварно смешно. Дали се озбилни дека со воведување на еден финален тест ќе се зголеми интересот ?
Ние не негираме дека математиката е наука во која сите мора да имаат општи познавања и свесни сме дека во нашето образование има огромна дупка во поглед на природните науки, посебно математика и физика. Ама оваа дупка сигурно нема да се пополни со еден финален тест. За оваа дупка да се пополни потребна е комплетна промена на програмата и значително подобрување на наставничкиот кадар. Сегашната програма уште од најрани години ти ствара комплетна одбивност кон математиката и децата во средно доаѓаат без да ги знаат основите, а не па нешто посложено. Значи прво потребно е комплетна промена на сегашната програма од прво одделение до четвртта година средно. Втора работа свесни ли сте вие што се случува со наставничкиот кадар? Наставниците се катастрофални. Голем дел немаат познавања од материјалот и не се замараат да предаваат, а дел од тие што го знаат материјалот се ужасни педагози и уште повеќе им создаваат одбивност на децата кон математиката.
Решението не е во еден финален тест туку во менување на програмата и средување на партискиот наставнички кадар.