Свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема пари
Претенциозни се изјавите на некои верници дека во епархиите постојат одредени ценовници за услуги кои ги вршат свештените лица, познати како давачки за ”треба” или ”Света Тајна”, вели Отец Игор Здравковски од Кумановско – осоговската епархија на прашање дали и ова епархија ги зголеми цените на своите услуги за верниците како што тоа го направи МПЦ.
Верниците кои сакаат својот брак да го крунисаат во храм, или пак да го крстат своето новородено дете, нема да бидат вратени ако немаат пари, вели Здравковски, нагласувајќи дека КОЕ нема промени на т.н цени на услуги за своите верници кои сакаат да бидат дел од седумтте свети тајни.
- Наша света должност е да ги извршуваме светите тајни, без разлика дали верникот има или нема пари за тоа. Пред Бога сите се еднакви, и за црквата нема поделба на богати и сиромашни, па во зависност од тоа, да се бараат суми кои би ги поделиле верниците. Црковните храмови во Куманово не се подеднакво посетени, и со доброволниот прилог на граѓаните, КОЕ успева да ги одржува сите храмови со отворени врати за верниците, но, без притоа да бара пари за одреден обред. Сѐ што ќе биде оставено во црквата се смета за дар, а не за наплаќање на услуги, вели Здравсковски.
Наплаќањето за свештенодејства е грев и канонски прекршок, вели Здравковски и свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема пари.
Кумановско – осоговската епархија во тој правец апелира до своите верници дека во ова епархија не постои ниту зголемување, ниту намалување на т.н ценовник, и средствата дадени за црквата се сметани како ”милостиња”, а не како наплаќање за свештенодејство.
Инаку, МПЦ деновиве го објави новиот тарифник на услугите, кои владиците го донеле уште во почетокот на минатиот месец.
Услугите поскапеа од 500 до 1.000 денари. Од МПЦ велат дела покачувањето на цените било од економски причини. Новиот ценовник веќе се спроведува во некои епархии. Така на пример во скопската епархија крштевка се наплаќа 4.000 денари, за венчавка со еден свештеник 6.000 денари додека со тројца свештеници 7.000 денари. Во оваа епархија погребот чини 3.000 денари.
http://kumanovskimuabeti.mk/koe-sveshtenikot-e-dolzhen-da-ja-izvrshi-tajnata-i-vo-sluchaj-vernikot-da-nema-pari/
Гледам нај многу се засегнале од поскапувањата атистите и богоборците на форумов, зошто ли
.
Oва што го наведуваш е вистина. Кај нас поставија едно младо попче. Доколку немаш пари, не прави никаков проблем, плус човекот пее на македонски јазик, за да можат сите да го разберат.
Кај католиците имаш верски данок, кај протестантските заедници одвојуваш една десетина од личната заработка за нивната црква. Кај нас дава кој колку има и пак се наоѓаат луѓе на кои тоа не им чини.
Кај нас верниците се големи лицемери. Не е проблем за некој што е сиромав и нема пари. Но највеќе се буни оној кој вели дека му е скапа венчавката, но затоа без никаков проблем ќе фрли 500 евра во кафеана за моминска или ергенска вечер. Или ќе организира свадба на која ќе покани 200 гости. А најголем дел од тие гости не го сфаќаат значењето на свадбата и дека тоа е настан во кој се прославува венчавањето како круна на љубовта помеѓу невестата и младоженецот, туку гледаат како на згодна прилика за да се прејадат и опијат и ако ним не им се види доволно богата трпезата тогаш ќе ги оговарат домаќините дека не знаеле да направат свадба (!).
Или ќе каже домаќинот дека му е скапо осветувањето на колачот за Слава или Служба за светителот, ама затоа ќе направи манџи од пет врсти, колачи од десет вида, со гостите ќе се напијат, најадат и ќе пеат соблазнувачки песни. Многумина ќе се опијат и ќе се степаат итн. Ни ваквиот домаќин, ниту неговите гости не ни знаат кој е светецот и кои се неговите заслуги чија Слава слават, туку на гостите најважно им е да се најадат и напијат, а на домаќинот да се покаже со разни јадења и пијачки и со што повеќе пречекани гости.
Slava kod Srba:
http://www.alo.rs/vesti/reportaza-srbija/slavlje-u-dvoristu-vrtica-uz-go-go-igracice-video/61722
Или за оној кому погребните трошоци му се скапи. Таквиот без никаков проблем ќе даде илјадници евра за најмодерна надгробна плоча. Иако вистинските верници знаат дека за починатиот последното пеење од свештеникот е од непроценлива важност за упокоениот. И единствена работа што може да ѝ помогне на неговата душа на патот низ поднебесието, кадешто не му помага ни златен гроб опсипан со бесценети камења.