Ова вечерва што го видов од Киево-Милан беше...Night of the living dead, во буквална смисла на зборот. Очај, беда, мизерија од натпревар, лежеа по терен.
Другото што го забележав е однесувањето на Черчи на клупата пред да влезе во игра. Каков само професионален однос спрема тимот, а читам и некои други поединци истотака се однесувале вулгарно, посебно кон Инзаги.... факинг Инзаги. Замисли човекот кој има освоено неколку скудета, ЛШ, СП и други купови, дојде време некои шмекери да му се серат на глава. Арно им правеше Сидорф минатата година, проба да ги стегне малце идиотите, ама сенилнион им претседател го избрка наклоци од тимот.
И Јувентус бил во ваква резултатска криза, па дури и полоша, но јас не памтам тогашните играчи да изиграваа шерифи во соблекувална... можеби затоа што во тимот тогаш сеуште имаше играчи со преголемо реноме, што не е случај со овој тим на Милан