Вчера го гледав...Предобар е...Така да
не мислам дека ова е слаба оскаровска година, можеби не е најдобра ама слаба - дефинитивно не...
Во филмов две работи ми останаа нејасни..Прво- тој дечкото што го загубил животот, а бил исто музичар- погинал во сообраќајка како што кажа професорот или од преголем притисок и депресија се обесил...? И второ- во завршниот дел додека овој свиреше професоров му кажа- знам дека беше ти, да не мислиш јас сум глупав...? Мислеше ли на таа истрагата што ја водеа против него, дека нешто овој го клеветел? (не обрнав внимание на овие два сегменти, ми ѕвонеа на моб...
Филмов ти пренесува таква енергија- да не се откажуваш во животот колку и да е тешко, колку и да имаш препреки на патот, да бидеш упорен и храбар...