Бомбата пукна многу порано, уште од времето коа се дојде до информација, за првите десет земји, во кои е инсталиран најновиот израелски софтвер за следење ФинФишер (али тогаш ги болеше уво повеќето, за таа вест). Инаку со овој софтвер, меѓу другото, може да ти укључуваат камера ако сакаат без да знаеш.
Не знам како го сфаќате софтверов и зошто толку хиперболизирате, но ова е обичен тројанец/RAT. Не е никаков rocket-science and Matrix shit. Добро, не е баш обичен, пошто на некому му текнало да го продава исклучиво на многу богати клиенти, по многу висока цена.
Како и секој друг просечен тројанец, овозможува контрола и пристап до целиот систем/компјутер на корисникот/жртвата. Некои од неговите можности се keylogging, односно мониторирање на се што пишуваш на тастатура, потоа следење аудио-визуелна комуникација, вадење на претходно зачувани лозинки во прелистувачот и тн., да не набројувам. Тоа мислам јасно е.
За некој да те шпиунира со овој софтвер, прво е потребно да го инсталира на твојот компјутер. А за да го направи тоа, потребно е твое одобрение (ако може така да го наречам). Фактички, потребно е напаѓачот да изврши психолошка манипулација врз жртвата, односно социјален инжинеринг, да стекне твоја доверба, и нормално, после да ја изневери. Ако сакаш може да ти набројам милион начини како да се направи тоа, но мислам дека нема потреба, да не должам многу.
Е сега, ова што е на сликава нема апсолутно никаква тежина, не е никаков доказ, за нешто. Прво, таа IP адреса што се наоѓа во Македонија може да биде компјутер кој е инфициран со софтверов, односно жртва. Може да биде било компјутер, во било која држава. Може да биде и твој, на пример.
Второ, доколку е C&C сервер, пак ништо не потврдува. Ваквите софтвери обично (не обично, туку секогаш) користат таканаречени proxy chains за пренасочување и тунелирање на податоците, со цел сокривање на адресата на главниот C&C сервер.
Тоа се рандом компјутери на кој претходно е добиен пристап искористувајќи некоја ранливост во системот.
Трето, C&C серверите се сервери кои се претходно хакирани и конфигурирани да бидат C&C сервер. Немаат фиксна локација. Денес серверот може да биде во Албанија, утре може да се префрли во Танзанија. И не е само еден C&C сервер.
Четврто, и јас го имам софтверов. И можам ако сакам да ти го инсталирам тебе и да те пријавам дека ти си бил тој кој врши шпиунажа во државава. Пошто кај нас има многу вжештени глави и неедуцирани овци, многу лесно може да ги изманипулирам и убедам.
Така да, сликата е само еден голем булшит кој не докажува ама баш апсолутно ништо.