Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.113
- Поени од реакции
- 13.141
На пример?
П-Р-О-Т-Е-С-Т!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
На пример?
Па добар процент ги знам лично или ми се пријатели бе госпоџа и не тресам на памет, башка овие денови имам работа таму и се гледаме и разговараме. За шпиуни незнам, а намерите ми се сумљиви (зборувам за "окупацијата").
А знаеш ли пак од кога постојат автономни студентски организации и дека и меѓу нив, исто така, има луѓе кои не се студенти? Сигурна сум дека овие луѓе работеа околу случајот. Веројатно некој од нив чита, нека повели, нека се изјасни ако сака.
Во тој случај нека се убијат ако пратат оваков тренд. Јас па зборував за нестудентите што ми се мене пријатели, а не се такви и така.
Заклучок: Да не генерализираме и да не претеруваме со заклучоците.
Иначе, сега во бус, враќајќи се накај дома, другарка од средно која е цело време со пленумот сама кажа дека се еготрипери повеќето, поготово тој Демири или како и да се вика.
Јеп, за солидарност се таму.Солидарност? Можеби нивните деца утре ќе бидат студенти. Дури и да не бидат, добро е што некој кој не е директно засегнат со проблемот пробува да створи подобра средина за идните поколенија.
И ти не си била никогаш тепана од маж, па пак застануваш во одбрана на жртвите на семејно насилство, нели?
И јас никогаш не сум била студент, па би доаѓала на протестите да бев во Македонија.
Гледам дека ова со окупација на никој не му се допаѓа иако у свет е покажана како најпрофитен вид на протест ама јебига нашиот менталитет е друг.
Ме интересира пример вие да сте у Пленум што предложувате како ефикасен метод?
Не тоа ме интересира имаше ли предлози некои или не сум ги прочитал?Никој од Пленум не ја чита темава, насочени се кон истражувања на алтернативни методи по земји во кои демократијата се спроведува и во пракса, а не е само пишана на хартија. А кажи шо убави предлози имаме сите![]()
Го имам сличново мислење, поентата е што кога е веќе доведено работава до ѓон, треба да се истера до ѓон. Ако е доведено до „окупација“ нека се стори истата и нека се биде истраен. Сите мислиме дека протестов ќе трае недела две и после магично коцките ќе се поклопат. Има многу, многу повеќе од тоа. Бара и време и најбитно истрајност. Многу истрајност. Затоа што како што напомена погоре, се знае со какви луѓе се справуваме на власт.Тоа е тој муабет што го терав дека не може вакви ликови кои ги класификувам во луѓе кои "не живеат во овој свет" да ти водат вакви протести.
Оној што шета како мрднат цело време е тоталка изгубен, којзнае како завршил овде.
По некоја случајност се најде во автобусот со кој одевме да ги пречекаме ракометарите на РК Вардар на аеродром, тежок ремет доби за време на патувањето и апла се гледаше дека нешто му фали и многу лоша слика се прави кога некој таков се врти во први редови на сите протести и за време на окупацииве.
Ваквите фаци кои се во први редови заедно со некои членови на УМС СДСМ кои само од чисти политички причини се потепаа да се истакнат на сите овие настани ќе придонесат да биде неуспешен целиот овој бунт.
Баш ради екстремната глупавост на младите опозиционери и медиумската машинерија на власта која перфектно ги пере мозоците на не толку интелегентното население во Македонија, никогаш нема да се оправи државава.
Најтажно после се е што најдебилските морони ака умс вшро ќе ликуваат на сите овие настани кои само ќе воведат до распад на студентскиот бунт и сите тие успешни протести пред нова година ќе паднат во вода.
Законот е убиство за сите, ама за да не биде донесен треба многу повеќе од тоа што го прават пленумеци во моментов.
За главна нивна грешка го сметам гласањето да се одложи законот и бегањето од нивниот првичен став, од кој не смееа да отстапат во ниеден момент. Втора грешка е избрзанава окупација во која немаат поддршка од други страни.
Тоа и не е нивна грешка, напротив во секоја нормална држава ова би го натерало министерството да свика состанок, но не и овде. Тоа не е нивна грешка, затоа што на окупацијата најпрво треба да се приклучат сите професори како најзасегнати, а потоа и студентите.
Не може да биде не дефинирано, едни држат настава, други не, не се знае кога ќе се полага, дали ќе им пропаднат колоквиумските или испитните рокови итн, нормално дека нема да има поддршка од сите студенти, кога самите професори не дефинирале како они ќе дејствуваат при бојкотирањето на наставата.
Ова ти е нешто како прераното Илинденско востание, кое после тоа видовме како завршило![]()