Како не е битно дали на шумарски протестирале или не.
Тебе сега да ти дојде некој од пленумот од шумарски и да не те остави да одржиш предавање, а тој кај него си ги завршил обврските на факултет.
Епа не оди така.
Или сите или никој!
До кога ќе го продолжат семестарот, јули, август? Дали мислиш дека сите имаат средства да останат во Скопје плус месеци од предвиденото?
Кој мислиш дека со тоа што ти денес ќе дремиш на факултет, ќе ти носат за јадење и пиење "солидарни" граѓани, (не си го лажете умот луѓето леб немаат да јадат,а не вас да ви носат богати трпези на факултет), ќе ви настапувале бендови (денес нешто наслушнав за Дубиоза и Bernays Propaganda), дека со тоа нашиот апел ќе биде слушнат некаде?
Го донесоја Џака Накот да пцуе и да го претставува студентското движење пред влада, алоооо!
Ова све е,само бојкот на настава во буквална смисла не е.
На кој што не му се учи ќе си оди на факултет, ќе си јади, ќе си пие, ќе си гледа филмчиња, ќе му настапуваат бендови истовремено се прави жртва на системот.
Една со една работа немаат спојка.
Убаво кажа Бојан, МОН ни го направи ова, владата ни го направи ова, а ние си ги окупираме факултетите. Сам себе убио ситуација.
А,за тоа дека цела генерација немало да дипломира, Грујо си ја врза глата да ти кажам право.
Него тоа му одговара,затоа и покрај тоа да се приберат пари во државна каса плус беше и тоа да се намали бројот на дипломирани , секоја година излегуваат тродупло дипломирани студенти, отколку што може да искрепи пазарот на труд.
Во секое здраво демократско општество тоа не е случај, но кај нас се е извртено и тие што сакаат да ги исправат работите ги извртија уште толку и удрија по грбот на студентите, наместо по оние по кои првично плукаа.
Прво беа барањата да се состанат или во министерство или во влада.
Е, сега кога ги поканаа, епа не сакаме таму, дојдете кај нас.
Детска градинка буквално.