Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Јес, ми стигна конечно чекот од Сорос! Фала Џорџ љубави, 3 месеци работа за неколку зелени стотки!!! :love::love::love::love:

Иначе, не знам што ви сметаше ова денеска, онака океј. Ја го пропуштив, стигнав баш кога завршија... :D Иначе, утре е состанокот во Ректорат и ќе видиме што ќе биде. Од утрешниот состанок ќе зависи текот на автономните зони. :)
Ти си на правен нели?
Дај изјасни се, се држи настава кај вас или окупација има? :)
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Протестиравме на улици - ништо.
Окупирани факултети / бојкот на настава - ништо.

Мислите студентите се криви сеа шо на владата око не му трепнува? На министерот наш шо незнае реченица на македонски да состави? По радикално од ова - со глад протестирај.
Зошто музика? - Музиката ги сплотува луѓето и ги обединува. Тоа траеше 1 саат максимум - концертчето ваше. Смешки сте тука па хипи мипи демек нешо саркастично ги именувате ко тоа да е срамота замисли. Начинот на облекување. Толку од слободната мисла. И јас губам, и јас не сум од Скопје.
Не очекувајте многу од преговорите. Знаат сите дека нема да се случи чудо и дека наеднаш вмро ќе се усрамат и ќе го повлечат законот.

Ама ако не понесете ниту една трошка енергија со вас после ова - тогаш не заслужувате да се членки во една развиена правна држава.
Чекај малце другарче, шо к*р се овие дубиоза и како се поврзани со борбата на студентите против екстерното тестирање?
Со концертче?
Пушти им музиче, тоа ќе покаже дека сме озбилни академски граѓани.

И кој им плати на нив пат да дојдат и да држат концерт? Кој ги покри сите нивни давачки?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667

Вау замисли, нема шанси сами да си обезбедиле пат до тука. Или биле поканети или самите искажале желба да дојдат. Можеби биле и на настап во близина па се решиле да дојдат. Не знам што го тупиш за тоа.
Дури и да биле платени, не се тоа јавни пари па да треба отчет да даваат за тоа.
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Вау замисли, нема шанси сами да си обезбедиле пат до тука. Или биле поканети или самите искажале желба да дојдат. Можеби биле и на настап во близина па се решиле да дојдат. Не знам што го тупиш за тоа.
Дури и да биле платени, не се тоа јавни пари па да треба отчет да даваат за тоа.
А тука од друга страна кукаат немале шо да јадат у окупираните зони па тражат да им се носи храна и ќебиња.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
А тука од друга страна кукаат немале шо да јадат у окупираните зони па тражат да им се носи храна и ќебиња.
Дали негде некој кажал, дали имаш некој аргумент или доказ да докажеш дека С.Пленум платил ова? Немој да ме зајебаваш...
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Дали негде некој кажал, дали имаш некој аргумент или доказ да докажеш дека С.Пленум платил ова? Немој да ме зајебаваш...
Не реков дека пленумот платил. Туку општо зборено страната што има платено за да дојдат Дубиоза, зар не може да ги покрие трогателните борби за храна на студентите во автономните зони?

Не кажувам дека е пленумот, туку страна што стои зад тоа :)
 
Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
И економски имале настава. Какви смешки човече, шега стана пленумов. Правен најгласни, си држат настава, а доаѓаат кај нас на филозофски/филолошки да ни сметаат, демек „издржете, ризикувајте, дајте се од себе, вреди жртвата“, а тие самите си го ладат. Сигурно деновиве и од економски иста приказна ќе биде, само ние стапот ќе го јадеме. Професорите јавно не го поддржуваат протестот, си доаѓаат на предавање, доаѓаат и дел од студентите, влагаат од пленумот и ги бркаат. Ќе го јадеме ние неколкуте факултети што бојкотираме, односно малиот процент што не дозволува поголемиот да држи настава ќе биде одговорен за тоа. И утре веста нема да биде дека сите протестирале, веста ќе биде „на 3-4 факултети, неколку студенти им сметаа на останатите студенти и на професорите да се одржува настава“. Ти викаат иди да дебатираш ако нејќеш бојкот, дај друг предлог, кажи нешто конструктивно, а тие што ќе кажат нешто против бојкотот, одма БАМ етикета на чело: УМС! ВМРО! ПОЛТРОН! ОВЦА! Гледам сега дека не е до курир и сител, едноставно таков ни е менталитетот и не разликуваме сиви нијанси, туку све ни е црно-бело.

И сега дошле Дубиоза, искачаат слики „УКИМ во моментов! ПоздраФ пленумци!“. Мрш бе, кој ебан уким? Пола луѓе се дојдени да искористат гага концерт, самите луѓе кои присуствувале си кажаа дека пред да дојдат да настапуваат, 100 души дали имало. Со настапов сите само блокираат настава на нашиов факултет, а све друго си работи. И за крај, искачаат дебилни, трогателни писма, „протестирајте колеги, издржете го бедот, и ние не сакаме да протестираме, гладни сме, жедни сме, оф леле мајко фала ти за ајварот што ми го пружи иначе ќе умрев за нашиве права“, абе МРШ! Не сум ја, не се ни другите будали бе, вакви пропагандни срања палеле за време на втора светска војна кога ги регрутирале американците да служат, сигурно го знаете она „I want you for US Army“ пропагандана. Шетај, не ме замарај, 21ви век е ова, не палат тие работи веќе, не пробувајте да ги фатите луѓето на емоции ебате манипулаторите. Сигурно веќе све е длабоко исполитизирано, па сеа ко пиунчиња им служиме. Нека не ми ја вреѓаат интелигенцијата, не сум ни единствен. Ете ги Кемба и Бојан, едни од тие што најжестоко ги поддржуваа протестиве, сега гледам и они се напиздени од срањава.

Да се прекине ова под хитно, пошто само штета си правиме, некој трет не користи и ни наштетува, а ние го јадеме. Да бевме сите обединети може супер би било, ама вака не. Очигледно е дека нема сите да бојкотираат, џабе се фураат, џабе овие фејк пароли, тие што повикуваат на протест не ни протестираат, оставаат све на нас, мојот факултет трпи на сметка на цел УКИМ, а очигледно е дека други не се придружуваат и нема да се придружат, грешка е да се продолжи од тие причини, нека си признаат дека не води никаде и тоа е тоа. Да не ги спомнувам дополнителните проблеми кои се раѓаат од несигурноста на колегите кои не се од Скопје, а плаќаат дополнителни трошоци за да не идат на предавање, башка откако веќе завршија уписиве и си ги дадовме парите. Да, верувам дека може да се деси да не испојебат сите, реална опција е, колку сакате верувајте во духот, младината и слични трогателни срања. Повлекувајте се и не не јебете повеќе од власта што не јебе, најдете некој друг начин пошто ова самоутепајство е. Поздрав, вистински поздрав наместо пропагандното „поздрав пленумци“, не ме цитирајте, особено не со „не мора да ми враќаш, само ова да ги кажам“ коментари, не го дискутирам ова.

Ми го окупираат факултетот луѓе од друг факултет и тука ми изиграваат светци, демек они жртва пружале, абе мавнете ми се дволични фиромјани едни, не сте ништо подобри од власта.
Потполно те сфаќам,стварно не е фер на некој начин али за ова да почнеше требаше да почне на сите факултети истовремено.Повеќево факултети ако не ја прифаќаат окупација не значи дека водат инат туку дека можда стварно не се согласуваат со тој потег.Не знам дали предтоа имало некоја средба со членови од сите факултети каде што прифатиле окупација па биле изиграни или филозофски и филолошки самостојно ја почнаа окупација али во секој случај не е потег со кој се согласуваат сите студенти.Денес кај нас на правен имаше обид за прекин на наставата али еве глеам продолжила.Вашиот факултет беше баш најгласен,од правниве студии ги подржаа протестите али мислам немаше многу луѓе што се нафатија да раководат со пленумот.
Мислам дека противењето со губење на настава на правен е заради тоа што ептен касно завршува летниот семестар.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Не реков дека пленумот платил. Туку општо зборено страната што има платено за да дојдат Дубиоза, зар не може да ги покрие трогателните борби за храна на студентите во автономните зони?

Не кажувам дека е пленумот, туку страна што стои зад тоа :)
Зад пленумот или зад дешавкава?

Повторно ќе те прашам, зошто мислиш дека Дубиоза не би можеле сами да дојдат?
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
И ајде сега одговори, дали ти одиш на предавања на правен а од правен одете и попречувате настава на филозофски и филолошки ? :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
И ајде сега одговори, дали ти одиш на предавања на правен а од правен одете и попречувате настава на филозофски и филолошки ? :)
Да ти кажам право, ни таму ни таму. :D Семестаров два пати сум бил на предавања (и тоа пред да се формираат автономните зони) и тоа. :) Еве ти одговорив, иако немам јас што да ти кажувам што правам со себе и своето време. :)
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Зад пленумот или зад дешавкава?

Повторно ќе те прашам, зошто мислиш дека Дубиоза не би можеле сами да дојдат?
Луѓе на луѓето се ондак, чим толку си зеле на срце да дојдат у Скопје, у друга држава да ги подржат студентите, џоа у нивната држава се цвета и дошле овде да го кренат морално духот на македонските студенти да покажат отпор .... ова де автономност![DOUBLEPOST=1424282967][/DOUBLEPOST]
Да ти кажам право, ни таму ни таму. :D Семестаров два пати сум бил на предавања (и тоа пред да се формираат автономните зони) и тоа. :) Еве ти одговорив, иако немам јас што да ти кажувам што правам со себе и своето време. :)
Браво брат, ти се поклонувам шо не одеш на предавања. Секоја чест. Ти се поколонувам.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Луѓе на луѓето се ондак, чим толку си зеле на срце да дојдат у Скопје, у друга држава да ги подржат студентите, џоа у нивната држава се цвета и дошле овде да го кренат морално духот на македонските студенти да покажат отпор .... ова де автономност![DOUBLEPOST=1424282967][/DOUBLEPOST]

Браво брат, ти се поклонувам шо не одеш на предавања. Секоја чест. Ти се поколонувам.
Осеќам сарказам, не мора. Ако не е сарказам, извини, али ни тоа не мора. Веројатно ќе отидев на некое али кај нас сесијата трае долго па мора да се учи, да се положи. :) Јас 100 пати тука кажав дека автономната зона можеше да се формира на ваков сличен начин (еве и без спиење), но да се остави формален тек на настава. Па студентите да изберат што ќе посетат. И секако, така да бидеме на стенд-бај и доколку се деси да не' заебат од МОН (што видовме дека се обидуваат, но срамежливо малце) се дешава ова што е моментално.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Да ти кажам право, ни таму ни таму. :D Семестаров два пати сум бил на предавања (и тоа пред да се формираат автономните зони) и тоа. :) Еве ти одговорив, иако немам јас што да ти кажувам што правам со себе и своето време. :)
Ти своеволно не одиш. Сака да те праша, дали наставата е попречена? :) Не е :)

Иначе, сега во бус, враќајќи се накај дома, другарка од средно која е цело време со пленумот сама кажа дека се еготрипери повеќето, поготово тој Демири или како и да се вика.

На економски во понеделникот на некој му рекле „излагај бе грд“. Мислам :D
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Ти своеволно не одиш. Сака да те праша, дали наставата е попречена? :) Не е :)

Иначе, сега во бус, враќајќи се накај дома, другарка од средно која е цело време со пленумот сама кажа дека се еготрипери повеќето, поготово тој Демири или како и да се вика.

На економски во понеделникот на некој му рекле „излагај бе грд“. Мислам :D
Не бе, од кај еготрипери, и покажа он на Каракамишева, мислам хелоу... и го спушти и сите му рекоа браво брад. Тоа ич не е еготрип :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ти своеволно не одиш. Сака да те праша, дали наставата е попречена? :) Не е :)

Иначе, сега во бус, враќајќи се накај дома, другарка од средно која е цело време со пленумот сама кажа дека се еготрипери повеќето, поготово тој Демири или како и да се вика.

На економски во понеделникот на некој му рекле „излагај бе грд“. Мислам :D
Па не дека е убав. :D Иначе ова е тој Магелан што го викате хаха. И да, мислам студент е, али ваљда погорни години.

Иначе пошто си играме малце шпекулации на темава, ево ВМРО-ДПМНЕ ги бара индексите од студентите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom