Живот после смртта

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Еи Буда, не бе, у ништо не сум сигурен 100 посто па ни у ова. Ама прилично сум.
Сигурен да си значи да знаеш, а ова твоето е веруваш. Па така ти прилично веруваш во тоа што го напиша.
Значи ти веруваш дека свеста е продукт(епифеномен) на материјата поточно ја лоцираш кај процесите на горење и сл.
Иако си воден најверојатно од некои теории во делот на физиката не е лошо да знаеш дека општо прифатената(мејнстрим) наука денеска нема одговор на ова прашање...........не е на одмет значи ова да го знаеш.

Главен проблем кој се посочува на постоењето на свеста засебно од постоењето на материјата е демек врската(интерконекцијата) помеѓу овие две.
Убаво.....ама нека одговори некој каде е врската помеѓу набљудувачот и collapse of the wavefunction па ќе правиме муабет за понатака.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Компјутерот, да го земеме е само од прилика како функционира мозокот. Компјутерските операции не се ни од далеку сложени гледајќи ги од иста гледна точка со сложеноста на мозочните операции. Мозокот е органска материја и тоа му дава многу поголема можност за сложени операции. Исто така е машина која исто така само ги детектира како што велиш боите и звуците, само што на друг начин ги обработува и процесира со реалноста.

Самото тоа имање на сопствена воља, недавајќи ни право на избор дали сакаме да имаме или не, налага на тоа дека немаме.
Сакаш да кажеш дека сложеност = свесност? Ајде остави го настрана човечкиот мозок. Земи го мозокот на...една жаба да речиме. Сигурно мозокот на жабата не е посложен од најсложениот компјутер направен од човекот, ама жабата е свесно суштество, компјутерот не е.
Ако ние сме само нашиот мозок и ништо повеќе, т.е. ако сме само машина која детектира дразби и како што велиш на друг начин ги обработува, тогаш зошто ние сме свесни, а машината/компјутерот не е? Кој е тој квалитет кој што не прави посебни? Сложеноста не е.

Ова со волјата нема логика.
Дали имаме или немаме слободна волја е дискутабилно, ама не е тоа темата.

Зашто секогаш прашањето е КОЈ? Законите на физиката во универзумот и перфектните услови на нашата планета за да се развие нешто такво се дизајнерите.
Океј не мора да биде Кој, туку Што?
Ако има закони мора да има законодавец нели? Законите на физиката кој/што ги креирал? Сами од себе се појавиле?

Да си кажам само дека не сум верник, не верувам во религиски Бог, само поставувам прашања кои не ги знам.

И не сме офтопик. Дали постои или не постои свеста како засебен квалитет од материјалниот мозок e во тесна врска со можноста за "живот после смртта".
 
Последно уредено:

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Океј да не ве цитирам посебно. Значи ако сметате дека има некоја посебна свест која го контролира однесувањето на мозокот, што ја контролира таа свест?[DOUBLEPOST=1424280605][/DOUBLEPOST]
Убаво.....ама нека одговори некој каде е врската помеѓу набљудувачот и collapse of the wavefunction па ќе правиме муабет за понатака.
Koa ќе простудирам квантна механика, а ќе го направам тоа, ќе ти реплицирам. Сеа не можам.
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Свеста си самиот ти. Дали тебе некој/нешто те контролира или функционираш по слободна волја?
Кога тврдиш дека свеста не постои ти уствари го негираш сопственото постоење.
Ако свеста е ништо друго туку суперсложени алгоритми тогаш ние сме само нешто слично на зомбија.
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Свеста си самиот ти. Дали тебе некој/нешто те контролира или функционираш по слободна волја?
Кога тврдиш дека свеста не постои ти уствари го негираш сопственото постоење.
Ако свеста е ништо друго туку суперсложени алгоритми тогаш ние сме само нешто слично на зомбија.
Мислам значи постојам? :D

Никоаш нема да се сложиме на оваа тема. Ај некое време ќе истражувам па пак ќе ви дојдам.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.301
Поени од реакции
21.402
Сакам да верувам дека постои и од една страна се надевам дека постои, каков таков на сите ни е драг животот нели?
Сите големи религии го проповедаат истото за живот после смрт и како мора да се придржуваме до дадени правила за да го постигниме истото, но кога ќе размислиш доколку не би постоел еден ваков механизам ( религија-правила-живот после смрт) тогаш кое безредие би настално во светов.
Туку, тоа што велиш. Еве, јас не сум верник, ѝ се мочам на религијата во фаца. И пошто не сум верник, секојдневно убивам, кршам излози по продавници, слушам death метал, се пукам во вена, силувам, сечам глави... Абе walking хаос сум.

Шала на страна, немој со вакви муабети, демек ако не е религијата ќе настане хаос во светот, без морални вредности кај луѓето, емпатија и тн. Гледам некако овие персијциве на исток, хардкор верници што ја прифатиле религијата во својата најчиста форма, мирни како јагненца се. Баш религијата е една од главните причини за безредие во светот. И не само безредие, туку за тотално затупување на луѓето. Де-еволуција.

Каменуваат жена до смрт, бидејќи ѝ се видела пора на лицето. Сечат глави на луѓе, бидејќи биле од друга религија. Се разнесуваат во толпа од илјадници луѓе, бидејќи Аллах им ветил 72 девици во рајот. Дупат кози (ова бонус, нус производ од религијата).

Религијата ти е братче само бегање од реалноста. Бегање од одговорност за своите постапки и фејлови во животот. Пошто доколку фејлнеш, полесно е да речеш: "абе Господ така сакал, така требало да биде", отколку да превземеш одговорност и вината да ја бараш кај себе. Или "можи фејлнав во овој живот, но ќе имам втора шанса за поправен во следниот".

Иначе, на темава, дали има живот после смртта? Well... dreamless sleep. Ако тоа се смета за живот, ондак има.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.588
Поени од реакции
17.430

Не реков јас дека неверниците се лоши луѓе, убиваат, крадат и се остало напротив. Целта ми беше дека преку религија имаат еден механизам на контрола над популацијата според некои правила и без тој механизам би била тешка таа контрола да се оствари, а пошто никогаш не сме искусиле такво нешто да сме неконтролирани т.е. мнозината не искусиле би настанало хаос, замисли наеднаш цела популација на светов да не е контролирана да отфрли религија сигурен сум дека во екот на тоа нешто ќе се изгубат барем на некој момент сите морални вредности. Моралните вредности на денешното општество се градени според тие правила на религијата, затоа и назадуваме како што рече И поради луѓе кои ги злоупотребуваат за своја цел.

Ама ова е цела дисуксија за друга тема, извини и ти и останатите што појдов малце оф топик, инаку ако ме прашап мене општеството е најголемиот рак и проблем на денешницата со цел негов систем на вреднување.
 
Член од
11 јуни 2013
Мислења
47
Поени од реакции
47
Не верувам во натприродни работи, но ова некако ми е чудно со животот после смртта, некако и неможам да го класифицирам како натприродна работа. Еве на пример ние сега сме овде гледаме слушаме или со еден збор чувствуваме, епа можете ли да замислите како би било сето тоа да не се случува?
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Интересно. Трипот на ДМТ е сличен/ист кај различни луѓе. И заедничко за сите нив е што го имаат чувството дека умреле. Ми изгледа веродостојно прво од степенот до кој се обземени од тоа што го виделе и искусиле. Сличен трип раскажува и овој

интересното е тоа што пред да умреш во организмот/мозокот се лачи поголемо количевство на дмт, а ко супстанца/ензим постои во секој жив организам на земјава.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ова е уште едно подрачје кое е недоволно истражено и ние и како држава и како народ можеме многу да придонесеме на тоа поле. Јас воопшто не се сомневам дека на форумов и надвор, на улица, има многу кои се љубопитни околу тоа дали има живот откако животот ќе прекине, дали има живот после смртта и во какви услови и средини се одвива тој. Мислам дека е веќе време, наместо да се нагаѓа што и како, што се правело со милениуми, на заинтересираната популација за ова прашање да и се даде сета неопходна стручна помош не би ли се овај процес забрзал што би водело до побрзо решение на ова задгробно прашање.

Тука голема помош може да пружи Влада на РМ (независно од тоа кој ќе ја состави, оти ова е прашање од послеживотна важност, а не секојдневна политика и заслугите ќе бидат на сите). Со повеќегодишен пројект, поткрепен со бројни вешто направени, примамливи пропагандни пораки, субвенции и олеснувања, љубопитниот дел од нашиот народ може да се поттикне малку понепосредно и поактивно да се вклучи во решавањето на оваа мистерија. Препорачлив е план кој ќе опфати повеќе категории население (возраст, пол, вера, економски и социјален статус, сексуална определба, место на живеење и ниво на образование и сл.), со цел да се приберат различни информации кои ќе овозможат поцелосно согледување на ова прашање и ќе понудат веродостојни одговори.

За да нема злоупотреби и за да се запази редот, посебни служби и инспекции ќе го контролираат овој процес и неговото забрзување. Тие треба да бидат професионално обучени за да помогнат ако треба. Некои од нив, поради поврзаноста на ова прашање со духовното и со мистиката, може да бидат свештени лица, бајачи и други експерти. Ќе бидат плаќани врз основа на реализираното, нема да го оптоваруваат буџетот бидејќи приходите што ќе ги остваруваат ќе бидат дар од нестрпливите и благодарни учесници во овој мега-пројек. Може да се понудат различни пакети, од поединечни, семејни и фамилијарни до такви кои ќе опфаќаат села, населби или градови. Не е на одмет да се формира и институт, агенција за задгробно живеење и планирање, некакво министерство, универзитет или барем факултет.

Секако, не би смееле да ги занемариме и индиректните благодети од овој проек кои би значеле помалку невработено население, помалку пациенти кои неблагодарно кукаат за лошите услови во нашите болници, помалку пензионери во нашите автобуси, помалку усти за хранење, подобрена економска состојба, помалку иселувања во странство, попослушни деца итн итн. За ефектите од можниот целосен успех на зацртаните цели не ни вреди да се зборува.

Јас лично, засега, не сум заинтересиран за живот после смртта, бидејќи имам повеќе работи да завршам. Немам ни финансиски интерес, само сакам да помогнам.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.431
Поени од реакции
17.779

Интересно. Трипот на ДМТ е сличен/ист кај различни луѓе. И заедничко за сите нив е што го имаат чувството дека умреле. Ми изгледа веродостојно прво од степенот до кој се обземени од тоа што го виделе и искусиле. Сличен трип раскажува и овој

интересното е тоа што пред да умреш во организмот/мозокот се лачи поголемо количевство на дмт, а ко супстанца/ензим постои во секој жив организам на земјава.
Уште поголема мистерија е ајахуаската, која во себе содржи активна супстанца, т. е. молекули на ДМТ. Е тоа е вистинско автентично доживување на смртта, затоа и ја викаат " виното на смртта".

Сега пази, ајахуаската се спрема со мешање на две билки, кои се главни, иако рецептот може да варира и да содржи уште некоја билка плус. Една од тие две билки, е активната која содржи молекули на ДМТ. И се би било супер, но човековиот желудник содржи ензими кои ја спречуваат апсорпцијата на ДМТ молекулите. Затоа се додава втората билка, која ги деактивира тие желудникови ензими и ДМТ - то си цепа во крвоток.

Напитокот се подготвува по 7, 8 часа варење, па и повеќе. Во Амазонија, во прашумата постојат над 80 000 видови билки На прашањето како шаманите го откриле рецептот, тие одговараат дека духот на билките им го кажал.

Инаку при сеанса со ајахуаска, сите доживуваат слични, скоро исти визии. Духовите на билките, на ајахуаската, на дрвото, на змијата, на жабата, на сите им се јавува истиот физички облик. На пример, сите го опишуваат духот на самата ајахуаска со исти физички квалитети.

Тоа е вистинскиот трип, во Амазонија, покрај шаман-ментор, со сите финеси - прочистување, дијагноза со тутун, икароси и слично. Но викаат дека тоа е само за храбри, за тие кои не се плашат да умрат. Ова само со готов ДМТ, не е тоа тоа.

Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
 
Колку што ми е познато чист ДМТ е најинтензивниот трип опишан од оние што го искусиле. Искрено не знам дали би го сврстил ко доживување пошто ова не се recreational drugs, туку нешто многу подлабоко, нешто што те тера да поставуваш прашања ко: Дали живеам во симулирана реалност? Дали раѓањето и смртта се илузија? Дали јас сам сум решил да дојдам на овој свет? Дали секое доаѓање на ова место Земја има некаква мисија, има некаква цел? Дали "дома" е сосема поинакво место од ова на кое сега живееме и се вика планета Земја? Дали се што ме опкружува е само обично GUI (graphic user interface). Сликава го опишува точно тоа што сакам да го кажам

Ако твојот мозок, твоето физичко тело се CPU, RAM, I/O devices, се што те опкружува е GUI или Applications, тогаш вистинското прашање е што е Кернелот или кој го прави целиот хевилифтинг и хендлање на риквестите од Апликациите до ЦПУ и обратно? Поентата ми е дека живееме во симулирана реалност, се она што го искусуваш и гледаш е возможно да е само еден user interface. Знам дека најлогичен одговор на све ова што нафрлив е дека се работи за халуцинации предизвикани од потентна дрога. Погоре имаш видео каде 30 души буквално го опишуваат истиот трип кој е многу сличен со оние од near death experiences. Гледаш бела светлина влегуваш во тунел чии ѕидови изобилуваат со безброј различни геометриски форми и бои кои се претвораат од една во друга, немаш тело, способноста за расудување не ти е нималку нарушена, туку напротив тоа место изгледа пореално и од она на кое што си сега и во еден момент слушаш звук(ко брчење од авион) и ко да пробиваш низ некаква мембрана. Понатаму различни луѓе раскажуваат различни стории, али сите зборат за едно нешто, дека оствариле комуникација со некакви ентитети, некои ги опишуваат ко машини, други ко вонземјани, трети ко елфови, четврти ко мали дечиња, петти ко циркуска група итн. итн. Знам дека звучи лудо и тотално нерационално, али ако 100 души имаат иста халуцинација која ја прифатиле ко колективна реалност, тогаш зошто не би можеле да се сложиме дека се што не опкружува и се што нашата свест е способна да испроцесира не е халуцинација? Или да бидам уште посликовит :)

Постои и таканаречената The simulation hypethesis на Nick Bostrom. Оваа хипотеза не нуди никакви емпириски докази туку колкава е математичката веројатност да живееме во симулирана реалност?

Ако земеме три претпоставки

а) Човештвото изумира пред да достигне технолошка зрелост и постхумана состојба во кои е способно да генерира симулации кои оригиналните нивни предци би ја нарекле реалност
б)Таа постхумана цивилизација изгубила секаков интерес да креира симулации на некаква реалност на нивните предци
в)Третата претпоставка е дека ова човештво со сигурност живее во симулација

сите овие претпоставки се меѓусебно исклучувачки. Ако земеме дека човештвото по некоја случајност не изумрело и достигналло постхуман степен на цивилизација и технолошка зрелост да е способно да креира симулации на нивните предци, ако исто така таа постхумана цивилизација не изгубила интерес да ги генерира овие симулации, тогаш доаѓаме до тоа да ние сигурно живееме во симулација односно сме свесни програмчиња

f : Fraction of all human‐level technological civilizations that survive to reach a posthuman stage
N : Average number of ancestor‐simulations run by a posthuman civilization
H : Average number of individuals that have lived in a civilization before it reaches a posthuman stage

simulation.jpg

Или да упростам, ако претходните две претпоставки се грешни, тогаш веројатноста за третата претпоставка е приближна кон 1 или 100%. :)

Еве го и целиот документ, да не се устручавам и да ја терам на долго и широко

http://www.simulation-argument.com/simulation.pdf

и за крај обавезно ова

Член од
16 април 2014
Мислења
7.298
Поени од реакции
11.601
Исто како телевизорот кога ќе го исклучиш,буквално исто.Слика снемуваш.Темница.Крај.
Јас вака го замислувам. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom