А пак пратениците ги бираат на непосредни избори, но што има тоа врска со било што. И да го бираат претседателот на непосредни избори и да го бира парламентот тој пак е врховен командант на вооружените сили. И не само кај нас, скоро секаде во светот, што би рекле општо прифатено правило. Дали сите претседатели се воени лица, генерали итн итн. Значи споредбата беше заради тврдењето дека министерот мора да биде во случајот доктор што во најмала рака нема врска. Или пак ако се работи за одбрана, војна, вооружени сили може да биде секој, арно ама за здравство мора да биди доктор. Или ако некој знае да оперира и има мирна рака тој сигурно по дифолт мора да биди и добар менаџер. Јас чисто се сомневам во тоа, ама ете ако вие мислите дека е така тогаш сигурно мора да е така..
И сега да се вратиме малце на случајот. Во основа се согласувам со одговорностите на еден министер и потребата на формирање на комсии од причини кои и ти ги спомена. Но од каде сега извади дека сите доктори рекоа дека случајот е итен. Или јас сум грешка или грешно имам прочитано каде се тврдеше дека сите комисии кои одлучуваа за Тамара едногласно одлучија негативно за случајот. Таму првостепена и второстепена со потпис и печат изјавија дека предметот е одбиен. Ако јас сум грешка и комисиите дале зелено светло а министерот или некој над нив во фондот ја блокирал работата тогаш тој некој треба да одговара. И затоа пак ке нагласам дека треба да се запази процедурата каква и да била таа и према неа да се види кој треба да ја сноси одговорноста. Друга работа дали министерот по правило на служба има овластувања да ја заобиколи препораката или цел систем и на своја рака да донеси решение. Ова во случајот можеби и би било полезно и добро, но од друга страна може да не доведе во ситуација некој друг ден тој на своја рака да си ја прати швалерката( ако ја има) на естетска хирургија оти едноставно му се можи и притоа ни да праша нити да чека препорака од комисија и со тоа да му скрати лекување на некој на кој реално му е потребно. Така да тоа е меч со две острици и некако колку и да звучи добро во овој случај сепак само ја префрламе топката од дворот на комисијата во дворот на министерот. Утре ке дојди некоја нова влада, нов министер и неизбежно порано или покасно повторно ке дојди до ваков случај и пак ке си ја префрлаат топката а реално никому ништо.
Значи врти сучи мора да има процедура која треба да се следи доследно и према неа да се бара каде затаила работата и кој е виновникот што затаила но притоа и да се увидат грешките и во самата процедура ако ги има и дали сите доследно ја следеле. Тука морални оставки не помагаат затоа што во суштина ништо нема да променат. Треба да се стркалаат неколку глави како за пример. Ама не било кои глави туку на одговорните кои се директно одговорни за смртта на Тамара.
Очигледно не читаш детално или не сакаш да читаш детално кога ти реплицираат, бидејќи јас убаво потенцирав дека сите лекари кои го прегледале девојчето - односно кои лично биле запознаени со нејзината здравствена состојба - дале препорака за нејзино итно лекување во странство поради брзиот напредок на нејзината болест.
А тоа што одлучиле комисиите, во кои сигурно не членувале истите тие лекари кои го прегледале девојчето, е веќе друга приказна.
Кога сме кај претседателот на државата, спомнав дека граѓаните го бираат на непосредни избори за да потенцирам дека неговиот избор не зависи од парламентот како што е во случајот со министрите во владата, туку зависи од изборот на граѓаните кои знаат за кого гласаат, односно за кого не гласаат.
И без разлика што е претседателот на државата по професија, во случај на вонредна состојба, тој е обврзан ако не да ги прифати, тогаш во најмала рака е обврзан да ги ислуша аргументите, забелешките, препораките и советите од советот за безбедност и од кризните штабови, за да не каже после дека не знаел каква е ситуацијата на теренот за која тој донесувал одлуки.
Но за разлика од претседателот на државата, кој е избран на непосредни избори, министрите во владата се избрани од страна на пратениците во парламентот - кои да, избрани се од страна на граѓаните на непосредни избори, и како такви, се обврзани да вршат контрола врз владата, вклучувајќи го и министерот за здравство. Во најлош случај, пратениците во парламентот доколку дојдат до заклучок дека некој министер не си ја врши својата работа како што треба, можат да му изгласаат недоверба и да го отповикаат од службената функција која ја извршува.
Во случајот со сега веќе покојната Тамара Димовска, Бог да ја прости, министерот за здравство Никола Тодоров, отворено и јавно изјави дека е запознаен со случајот и дека девојчето ќе се лекува во странство на сметка на државата. Зачудувачки е тоа што, во најмала рака, кога Тодоров ја даде ваквата изјава во ноември 2014, сепак не најави истрага како и зошто дури 2 комисии одбиле да одобрат лекување на девојчето во странство на сметка на државата кога болеста толку напреднала, а не даде таква изјава ниту за 3-та комисија која исто така одбила да одобри лекување на девојчето во странство на сметка на државата, туку му текна таква изјава да даде дури откако девојчето почина.
Можеш колку сакаш да кажуваш дека министерството и фондот за здравство до бескрај ќе си ја префрлуваат вината едни на други, но тоа не ги амнестира ниту едните ниту другите бидејќи дозволија ваква трагедија да се случи.
Министерството за здравство дозволи да се случи оваа трагедија со тоа што не ја регулираше работата на Фондот за здравство и не побара фондот да донесе итна одлука за случај кој се влечкал цели 3 (ТРИ) години низ лавиринтите на здравствените институции.
Фондот за здравство дозволи да се случи оваа трагедија со тоа што не донесе итна одлука за лекување на девојчето во странство на сметка на државата, земајќи ги во предвид извештаите и препораките од сите лекари кои го прегледале девојчето и сите од прв до последен - без ниту 1 (ЕДЕН) исклучок - дале препорака за итно лекување на девојчето во странство бидејќи болеста брзо напредува и на девојчето му е потребна итна медицинска помош.
Од оваа гледна точка, виновни се и членовите на сите 3 (ТРИ) комисии, и нивните претседатели и претседавачи, и претседателката на Фондот за здравство, и министерот за здравство Никола Тодоров, бидејќи заедно имале можност да донесат одлука за итно лекување на девојчето во странство на сметка на државата, но сепак дозволиле случајот да се влечка цели 3 (ТРИ) години низ лавиринтите на здравствените институции.
Во историјата на независна Македонија, само 1 (ЕДЕН) министер има поднесено неотповиклива оставка, а тоа е поранешниот министер за транспорт и врски Антонио Пешев, кој поднесе оставка после двете авионски несреќи кои се случија во 1993 година, за кои не беше ниту директно, ниту индиректно виновен, но сепак си поднесе неотповиклива оставка.
Никола Тодоров од друга страна, има пред се морална одговорност за ваквата трагедија која можеше да ја спречи доколку интервенираше лично во Фондот за здравство, а понатаму тука е и службената одговорност која како министер ја има за да води ред и контрола во институциите кои се под негова надлежност - вклучувајќи го и Фондот за здравство врз кој, или Тодоров не врши редовна контрола, или намерно го оставил со одврзани раце за во 3 (ТРИ) различни наврати да одбие да издаде решение за лекување на 9 годишно девојче во странство на сметка на државата.