- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Јас пак мислам дека постоечкиот систем не дозволува вистински судир на идеологии и мислења, затоа што тоа би значело можност за вистината да ги покаже своите квалитети. Шизофрениот „систем“ не дозволува некој да биде победник, сите мора да бидат поразени. Она кое го гледаме се работи за судир на алчности, а не на идеологии. Една алчна врхушка се судира со друга алчна врхушка, а идеологијата е само средство за заведување на народот. Владее поуспешната во заведувањето. Ако нешто примени од идеолошкиот постамент го применува без суштина, про форма колку што послужува за владеењето и моќта.При судир на идеологии од толкав интензитет каде што има различни толкувања за буквално се, па дури и за најблиска историја и архитектонски стилови нема начин судирот да заврши со помирување. Едноставно ќе има победник и поразен. Поразениот и неговата верзија на општеството, историјата, уредувањето и се друго ќе го снема и од историските читанки и од колективната свест, па државата ќе продолжи во правецот што го трасирал победникот.
Ништо ново и ништо чудно за млади држави. Среќна околност што Македонија е мала држава, со исселеничка традиција, па не постои можност судирот да прејде во граѓанска војна. Нема критична маса, а има и издувен вентил.
Последно уредено: