Има ли спас од партиите?

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
При судир на идеологии од толкав интензитет каде што има различни толкувања за буквално се, па дури и за најблиска историја и архитектонски стилови нема начин судирот да заврши со помирување. Едноставно ќе има победник и поразен. Поразениот и неговата верзија на општеството, историјата, уредувањето и се друго ќе го снема и од историските читанки и од колективната свест, па државата ќе продолжи во правецот што го трасирал победникот.

Ништо ново и ништо чудно за млади држави. Среќна околност што Македонија е мала држава, со исселеничка традиција, па не постои можност судирот да прејде во граѓанска војна. Нема критична маса, а има и издувен вентил.
Јас пак мислам дека постоечкиот систем не дозволува вистински судир на идеологии и мислења, затоа што тоа би значело можност за вистината да ги покаже своите квалитети. Шизофрениот „систем“ не дозволува некој да биде победник, сите мора да бидат поразени. Она кое го гледаме се работи за судир на алчности, а не на идеологии. Една алчна врхушка се судира со друга алчна врхушка, а идеологијата е само средство за заведување на народот. Владее поуспешната во заведувањето. Ако нешто примени од идеолошкиот постамент го применува без суштина, про форма колку што послужува за владеењето и моќта.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.644
Поени од реакции
16.851
ако нема цврста власт има анархија, гледајте го филмот долу линк има......патем во Хрватска ХДЗ беше од 1992 се до пред 1,5 години на власт...дојдоа левичарите, ама сега бидејќи е Хрватска во ЕУ нема седење на власт долго, брзи промени, еве веќе на председателски изгубија...
значи најсигурен начин на опозицијата беше да соработува а не да блокира додатно ( башка си имаме блокади од Грција) па ако почнеа евроинтеграции ќе почнеа и подинамични промени во власта... Но и тоа не е идеално, кога ќе почесто ќе гладни на власт ќе се зголемува задолженоста а економијата ќе оди долу...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Кога би бил муслиман би се жртвувал за вас па во собрание со тнт како човек бомба ќе влезам да се разнесам да видам дали е вистина приказната за девиците.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Нема ниту логика ниту практична примена ограничувањето на партиската активност. Доколку не постојат партии ќе нема власт, доколку нема власт ќе има анархија, безредие.
Така да, не треба да се меша партиското и државното дејствување.
Партијата е правно лице, по закон, кое учествува легитимно на избори доколку има најмалку 1000 потписи, учествува со своја прорама, идеологија, инфраструктура, членови, активисти, одржува пресконференции, ги кажува своите ставови, за да потоа на избори додје како главна партија на власт или како дел од коалиција. Е тогаш кога ќе биде во позиција, таа ги остварува своите или дел од своите замисли во договор со другите коалициони партнери.
Тоа што некои членови од партиите се лопурди, перат пари итн, тоа не треба да го препишуваме на целата партија независно дали учествува во власта или не. Кратко и јасно- партии мора да постојат за да има власт во една држава.
Но треба да постојат и правни механизми кои ќе го ограничуваат самоволието на партиите кои со нас се изживуваат повеќе од две децении.[DOUBLEPOST=1424032315][/DOUBLEPOST]
Еден и единстврен спас од партиите е
намалуваење на "Државните плати" за 50%
Сами себе ќе си ги намалат платите?[DOUBLEPOST=1424033080][/DOUBLEPOST]
Таа трета партија на претходните избори беше ГРОМ и интересно беше тоа што за кратко време успеа да се актуелизира, да привлече внимание, па дури и освои еден пратеник. Само во последно време не се нешто посебно активни или барем ги нема во јавноста. Тоа е најголемата грешка на опозициските партии, што пред избори трчаат наваму - натаму, ветуваат се и свашта, а после се повлекуваат и си работат за свој интерес. Епа не можеш да добиеш гласови ако дремеш цело време во позадина, треба постојано да се дејствува, да му се нуди нешто на народот, да се задоволат барем неговите минимални потреби.....
Не знам немам сознание за светското искуство колку е одржливо, но добро би било двете идеолошки страни, левица и десница секоја да има по една партија идеолошки конкурентна. Тоа би можело да го забрза прочистувањето. Во периодот на расипување на власта која со текот на времето коруптира, проблем е кога опозицијата не може да достигне доволно добар квалитет и освестување. Ем недоволно квалитетната опозиција го забрзува расипувањето на престабилната власт, ем овозможува подолго владеење од потребното додека носи напредок.[DOUBLEPOST=1424033775][/DOUBLEPOST]
ако нема цврста власт има анархија, гледајте го филмот долу линк има......патем во Хрватска ХДЗ беше од 1992 се до пред 1,5 години на власт...дојдоа левичарите, ама сега бидејќи е Хрватска во ЕУ нема седење на власт долго, брзи промени, еве веќе на председателски изгубија...
значи најсигурен начин на опозицијата беше да соработува а не да блокира додатно ( башка си имаме блокади од Грција) па ако почнеа евроинтеграции ќе почнеа и подинамични промени во власта... Но и тоа не е идеално, кога ќе почесто ќе гладни на власт ќе се зголемува задолженоста а економијата ќе оди долу...
Пријатно ме изненадува што и ти во филмот си видел лекција за владеењето, само заклучоците не ни се исти. Не видов нешто во однос на централизацијата. Мојот главен заклучок од филмот е концентрацијата на медиокритетизмот во средните слоеви кој всушност ја креира повисоката власт и освен краткотраен пробив не дозволува подолго задржување на мудроста во владеењето.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Во Македонија не може да се збори за чиста идеологија. Уште од независноста на Македонија, идеолошкото профилирање на партиите е замрсена работа. Десните партии како ВМРО-ДПМНЕ делумно спроведуваат леви политики, а левите како СДСМ спроведуваат делумно десни политики. Дури и партии што треба да се од центарот и да се либерални, како ЛДП и ЛП, сепак не се целосно либерални во своите платформи и дејствување. Во овој контекст, само имињата и историското наследство на партиите се останати како некаков репер за определување на една партија како лева или десна.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Немој те да заборавите дека и Хитлер имал партија
На изборите 1938 од 45 милиони гласачи, 99% гласале за Хитлер.
а помалку од 450 илјади биле против
http://en.wikipedia.org/wiki/German_election_and_referendum,_1938
Ако има избори и некој победи на избори не значи дека има демократија и дека тој е за демократија
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Немој те да заборавите дека и Хитлер имал партија
На изборите 1938 од 45 милиони гласачи, 99% гласале за Хитлер.
а помалку од 450 илјади биле против
http://en.wikipedia.org/wiki/German_election_and_referendum,_1938
Ова што го кажа често се користи за затворање на вратата за верба во силата на соборноста, силата на знаењето и правилниот избор на народот. А оди во прилог за избраната елита која знае и треба да владее. Одговорот е едноставен и јасно видлив:
Изборите во Германија не биле слободни. Самото тоа 99% гласачи гласале за Хитлер е потврда. Затоа што еден народ да биде и со злато потурен не е можна победа поголема од 75%.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова што го кажа често се користи како затворање на врата за верба во силата на соборноста, силата на знаењето и правилниот избор на народот, а оди во прилог за избраната елита која знае и треба да владее. А одговорот е едноставен и јасен:
Изборите во Германија не биле слободни. Самото тоа 99% гласачи гласале е потврда, затоа што еден народ да биде и со злато потурен не е можна победа поголема од 75%.
Секако дека изборите во Германија во времето.Хитлер не биле слободни
Но и тој можел да каже „ за мене гласаа граѓаните “ - „ таква беше волјата на народот “ и слично.
Но Хитлер бил фирер и немало демократски институции. Сите одлуки тој сам ги носел, се потпирал на пропаганда и партиска полиција
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Во Македонија не може да се збори за чиста идеологија. Уште од независноста на Македонија, идеолошкото профилирање на партиите е замрсена работа. Десните партии како ВМРО-ДПМНЕ делумно спроведуваат леви политики, а левите како СДСМ спроведуваат делумно десни политики. Дури и партии што треба да се од центарот и да се либерални, како ЛДП и ЛП, сепак не се целосно либерални во своите платформи и дејствување. Во овој контекст, само имињата и историското наследство на партиите се останати како некаков репер за определување на една партија како лева или десна.
Денг Сјао Пинг ја применува кинеската мудрост: не е важно дали мачката е црна или бела важно е да фаќа глувци. Така апсурдната капиталистичко-социјалистичка Кина дојде до несфатливи успеси. Сличен пример е и Шведска, најкомунистичката монархија??? во светот. За Македонија би се залагал партиите да ги почитуваат идеолошките догми но во формата да не се пати од идеолошки шаблонизам на системот. Мислам дека во новото време и САД трпат штета што не можат да направат измени поради традиционалната поврзаност со крутиот американски тип на капитализам.[DOUBLEPOST=1424036488][/DOUBLEPOST]
Секако дека изборите во Германија во времето.Хитлер не биле слободни
Но и тој можел да каже „ за мене гласаа граѓаните “ - „ таква беше волјата на народот “ и слично.
Но Хитлер бил фирер и немало демократски институции. Сите одлуки тој сам ги носел, се потпирал на пропаганда и партиска полиција
Претходно не бил целосно фирер. На изборите навестил ако победи ќе ги укине партиите и тоа го сторил. После воведувањето еднопартиски национален социјализам неговата волја како фирер нема никаква конкуренција во владеењето.
 
Последно уредено:

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Но треба да постојат и правни механизми кои ќе го ограничуваат самоволието на партиите кои со нас се изживуваат повеќе од две децении.
Може да има правен механизам кога таа партија ќе дојде на власт, а вака само како партија нема логика.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.644
Поени од реакции
16.851
Секако дека изборите во Германија во времето.Хитлер не биле слободни
Но и тој можел да каже „ за мене гласаа граѓаните “ - „ таква беше волјата на народот “ и слично.
Но Хитлер бил фирер и немало демократски институции. Сите одлуки тој сам ги носел, се потпирал на пропаганда и партиска полиција
i pokra diktaturata na Hitler, Georgi Dimitrov na montiraniot sudski proces za palenjeto na Rajhstagot ( Reichstag fire ) uspeal da se odbrani , ama od Stalin ne možel, go likvidiral vo sanatoriumot :eek:...
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Може да има правен механизам кога таа партија ќе дојде на власт, а вака само како партија нема логика.
Досега на секоја нова смена на власт, новата владеачка партијата и се бендисуваа слободите без ограничувања во владеењето и со нејзините камења ја тепаше другата партија. Како и народот. И кругов само се врти и врти. Негде треба да искочи народот и да рече доста не тепавте, чекајте да видите како е. Да ги подудри малку со камеата колку за памет. И за во иднина да им ги одземе камењата на следните раководители.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Претходно не бил целосно фирер. На изборите навестил ако победи ќе ги укине партиите и тоа го сторил. После воведувањето еднопартиски национален социјализам неговата волја како фирер нема никаква конкуренција во владеењето.
Партиите во Германија се укинати пред 1938
На изборите се гласало или за Хитлер или си против. Самите гласачки места биле јавни секој можел да види за кого си гласал
Еве како изгледало гласачкото ливче


а еве гласачко место


еве предизборни плакати


Овие избори се екстрем - но ете и такви работи се случиле
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Партиите во Германија се укинати пред 1938
На изборите се гласало или за Хитлер или си против. Самите гласачки места биле јавни секој можел да види за кого си гласал
Еве како изгледало гласачкото ливче


а еве гласачко место


еве предизборни плакати


Овие избори се екстрем - но ете и такви работи се случиле
Тогаш прашањето за укинување е дел од претходните избори.
Како со успехот на нацизмот, така и со успехот на комунизмот, како и во секое ниво на ненародно владеење штетно е од незнаење на настаните да се каже дека тоа бил слободен избор на народот. Така се губи вербата во соборноста и изборот на народот. Пред изборите веќе со години многу новинари биле претепувани или фрлени во Рајна, многу излози и дуќани искршени и тн. Исто и со Октомвриската револуција. И ако имало извесна подршка од револт од сиромаштијата, распуштената власт, болната монархија тоа и да било избрано брзо би паднало. Од тие причини сите тоталиризми имаат учења за диктатура на пролетеријат, авангарда, избрана елита и слично за укинување на конкуренцијата на мислењата.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Во случајот на нацистите, германците си добија тоа што го сакаа, ако не дојдоа нацистите на власт во таа криза во 30-тите, политичка и економска, власта ќе ја земеа комунистите, или-или била работата, старата пруско-јункерска елита, конзервативците и традиционалиостите го одбрале Хитлер, како екстремен но цврст бастион против црвената наезда.

Иронично, токму тој бастион против комунизмот ќе го донесе истиот во срцето на Германија и во пола европа, засекогаш уништувајќи ги старите темели на германската држава, градени уште во 18 век во старото Кралство Прусија, ќе ја уништи до пепел Пруската Хохенцолернова Германија и сите нејзини одлики и механизми, и ќе придонесе до раѓање на една нова, за старите генерации непрепознатлива Германија, сеуште моќна, но кастрирана од патриотизам, пола историја и традиција, иронично, Хитлер е директно одговорен за уништување на Германија каква што ја сакаше и доживуваше.

И ден денес тој проблем постои, после 1945 година, германците се воспитувани во таков дух, да не се гордеат со своето минато, да не изразуваат патриотизам и преголема љубов кон својата земја, да носат колективно чувство на вина за се што се случуваше во европа од 1914 го 1945 (особено за периодот 39-45). Каде тоа ќе ги доведе Германците јас не знам, но знам дека денес во 2015 година, како и повеќето европски народи се наоѓаат на крстопат и преиспитување на своите вредности, традиции и корени, што се и што сакаат да бидат.

Веројатно и ние сме во некоја слична ситуација, во наша адаптирана верзија, на таков идеолошки конфликт мисли @Inglourious Basterd, но јас за разлика од него, не сум сигурен дека нашето историско редефинирање и преиспитување ќе донесе премногу добро, се плашам да не биде крај за македонскиот народ, или барем за македонскиот народ каков што го знаеме досега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom