Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Гледајте, јас Пленумов, протестите, бојкотот ги гледам како будење на народот. Не само на студентите. Една работа си влече друга, нели гледате дека се всади некоја храброст кај луѓето да излезат и конечно да се побунат против тоа што не им одговара. Беше и крајно време.
Ама...околу бојкотот, не се согласувам. Ако продолжи, јас ќе бидам прва што ќе се откажам. Јас сакам да се приклучам, сакам да се искаже став некој против власта, некој бунт, ама мајка ми работи по цел ден за да можам да платам семестар и кирија. Јас работам секое лето за да имам некој денар на страна. И не може некој се ова да ми го стави на коцка. Секоја недела бојкот значи една недела повеќе предавања на крајот на семестарот, што значи повеќе трошоци. А поголем дел од студентите не можат да си го дозволат тоа. Некој друг тип на бунт, сум за. Ако се продолжи, па здравје. Беше интересно. :)
Емка, не може ми се свиѓаат протестите и на нивна страна сум, ама мама ќе нема пари да ме школува.

Ако не па, нека бојкотираат и прекинуваат настава во недела, тогаш никому нема да му сметаат. Многу сте ми циркус. Сакате протести, не сте задоволни, ама некој друг да протестира, и да не ви смета во наставата.

Како беше она, сакам да се онадам, ама не сакам да ми влезе.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.018
Поени од реакции
12.687

Ај еве ти кажи како да постапи студент во моја ситуација? Не сум само јас, има уште многу како мене.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ај еве ти кажи како да постапи студент во моја ситуација? Не сум само јас, има уште многу како мене.
Јас не сум студент, одамна помина моето време како студент, па затоа немам право да солам памет. Но, ако сепак те интересира моето мислење, еве го.

Од пусти конформизам и опортунизам, дојдовме на ова дереџе. Ако студентите, кои по дефиниција треба да бидат најреволуционерниот и најавангарден слој во општеството не сакаат да понесат некоја жртва, од кого ќе бараме промени во општеството. Од татко ми? Тој има 78 години.

Каков имапкт може да имаат протести кои никому не сметаат? Знам дека најлесно е да се каже овој закон не ме допира мене, за следните генерации е, плус немам доволно пари за да трпам, ама тоа и таквото размислување не претвори во Северна Кореа.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Јас сум и за прекин на наставата ама сето тоа да е координирано и убаво организирано. Првин треба да се седне со професорите и да се реши што ќе се прави со испуштената настава и кога ќе се организираат колоквиуми и испити. Друго, ако веќе се одлучи да не се држи настава да нема воопшто предавања, а не вака со сила да се турка и да се изиграва виша сила и свемирска интелигенција.
Вака гледам само причина да се разделат студентите, а тоа им одговара на оние на кои им гори под нозе.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.018
Поени од реакции
12.687
Јас не сум студент, одамна помина моето време како студент, па затоа немам право да солам памет. Но, ако сепак те интересира моето мислење, еве го.

Од пусти конформизам и опутунизам, дојдовме на ова дереџе. Ако студентите, кои по дефиниција треба да бидат најреволуционерниот и најавангарден слој во општеството не сакаат да понесат некоја жртва, од кого ќе бараме промени во општеството. Од татко ми? Тој има 78 години.

Каков имапкт може да имаат протести кои никому не сметаат? Знам дека најлесно е да се каже овој закон не ме допира мене, за следните генерации е, плус немам доволно пари за да трпам, ама тоа и таквото размислување не претвори во Северна Кореа.
Не знам дали се имаме разбрано ко шо треба. Мене најлесно ми е да речам дека законот не ме допира и да си свиркам, да не се шетам по протести или да окупирам факултети. Јас сум за бунт, сум за промена, најгласно го поддржував Пленумот, се објаснував со сите зошо протестираме, се карав, се нервирав, ама од кожа да ја натерам да излезе мајка ми, не можам. Не сум само јас, многу студенти ќе се повлечат поради овие причини. Баш заради тоа предложив да има некој друг облик на изразување на незадоволство, нешо во што ќе се сплотат сите студенти. Ако се продолжи вака Пленумот до следната недела ќе изгуби поддршка од голем број од студентите.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Затоа Емка треба да се размисли пред да се делува.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Баш заради тоа предложив да има некој друг облик на изразување на незадоволство, нешо во ќе се сплотат сите студенти. Ако се продолжи вака Пленумот до следната недела ќе изгуби поддршка од голем број од студентите.
ОК, кој е твојот предлог? Може да дадеш предлог за некоја врста на протести кој нема материјално да ги оптерети студентите, и истовремено нема да им пречи во наставата? Мене тоа ми изгледа апсурдно, како протестирањето да е некое хоби, а во другото време сме сериозни студенти.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.018
Поени од реакции
12.687
Затоа Емка треба да се размисли пред да се делува.
А кој е тој што треба да размисли во ситуацијава? Студентите во Пленумот кои донесоа одлука да се протестира или сите останати студенти?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Ova idenje od inaet.. nekoj zavrsil pred 15god koa bilo kako sredno skolo, nekoj zavrsil privaten.. pa uporno vikaat Ako nemas pari ne si seriozen studen, rizikuvaj malku u zivot..

ОК, кој е твојот предлог? Може да дадеш предлог за некоја врста на протести кој нема материјално да ги оптерети студентите, и истовремено нема да им пречи во наставата? Мене тоа ми изгледа апсурдно, како протестирањето да е некое хоби, а во другото време сме сериозни студенти.
Posle predavanja neka okupiraat sobranie, i neka se menjaat, na smeni. :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
А кој е тој што треба да размисли во ситуацијава? Студентите во Пленумот кои донесоа одлука да се протестира или сите останати студенти?
Пленумот, нормално.
Уште еден доказ дека е зелен, колку и да се претставува како зрел и спремен за борба.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.018
Поени од реакции
12.687
ОК, кој е твојот предлог? Може да дадеш предлог за некоја врста на протести кој нема материјално да ги оптерети студентите, и истовремено нема да им пречи во наставата? Мене тоа ми изгледа апсурдно, како протестирањето да е некое хоби, а во другото време сме сериозни студенти.
Што им фалеше на првите два протести? Тогаш имаше најголема излезеност и немаше незадоволство од никоја страна.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Што им фалеше на првите два протести? Тогаш имаше најголема излезеност и немаше незадоволство од никоја страна.
Ништо не им фалеше. Супер беа, и имаа наклоност од народот. Вистинско прашање е зошто изгубија на интензитет и излезност? Зошто ви требаше Џака и квазихепенинг? Како наеднаш дојде работата до концерти? Што бараа таму излитени политички фаци?

Тоа се вистинските прашања.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom