Гребил е повреден и речиси сигурно нема да игра со вас..
Ги фатив последните 10ина минути со Ст Рафаел денес,Монпеље играше со доста ниска и брза постава,со Симоне на лев бек и со Гигу на среден...
Најверојатно и со вас така ќе играат,па ќе треба одбраната добро да ви функционира,посебно на страните кај Брумен и Карачич,баш таму се најопасни,односно вие сте најслаби таму,па сигурно ќе пробаат да ја искористат својата брзина и техника да ја рашират одбраната и со игра еден на еден да пробаат да прават простор по бочните позиции на вашата одбрана,страшна соработка имаат со пикерот и десното крило,и се многу опасни..
А доста добро го прават ова,многу се брзи,страшни техничари и Симоне,и Гигу,како кошаркари се двајцата, и Доленец е многу опасен во игра еден на еден...
Од досега изиграното подобри се во вторите полувремиња,освен во двомечот со РНЛ и Медведи,и на мечот со вас кога паднаа на крај, во сите другите мечеви во второ полувреме беа доста подобри...
Со Веспрем за малку ќе тепаа среде Унгарија,со Цеље на два пати фуриозно во второ полувреме ја вртеа утакмицата..
Страшно спремна екипа,пред се технички,е сега се малку хендикепирани со ростерот,посебно на лев бек,ама и тоа успеваат да го надокнадат..
Освен на голман на сите други позиции се одлично покриени...
Некако во ЛШ не ги повторуваат партиите од Француската Лига,доста подобро играат таму,а лигата не е нималку наивна,напротив од година во година е се поквалитетна,ако продолжат со вакво темпо ништо чудно за брзо да се изедначат со Германците...
Како и да е,ако изигра Вардар добра одбрана,ако има ден Штербик би требало рутински да тепате..
Ако ги оставите да играат,и им дозволите брз центар и брза транзиција тогаш ќе имате проблеми...
Би требало да има повеќе голови на утакмицата,мој тип е победа на Вардар од 2-4 гола разлика...