Фан клуб - РК Вардар

Каква катастрофа направија Германците место во САП Арената мечот ќе се игра во саличе во едно мало место. СРАМОТА тоа ли е шампионска лига сала со 1800 места. И сега нормално има проблем за карти.[DOUBLEPOST=1423656984][/DOUBLEPOST]Знаете ли колкав контигент на карти има добиено Вардар за утакмицата Рајн Некер Ловен - Вардар на 21.02? Може да ми дадете контакт од Скопје ако има останато карти би сакал да земам неколку.
Нема обезбедено одреден број, меѓутоа доколку некој ги исконтактира можат да ти завршат работа.
 
http://sportmedia.mk/noviot-rakometen-prvak-na-makedonija-mozhe-da-go-chekame-duri-do-juni/

Првенството би требало да заврши на 6 и 7 јуни, но бидејќи тоа е на само три дена до репрезентативниот термин и дуелот со Швајцарија, можно е поместување во календарот. Сепак, теоретски возможно е новиот шампион Македонија да го дознае дури во првите денови на јуни.

Нека се повтори 2.6.2013 :jeeee:
 
Еднаш се дешава тоа. Не е возможен сега ден ко 2 Јуни 2013 од причина што немаме конкурент што може да ни парира.
Тешки ропаци беа тие од Автокоманда, ама мене лично ќе ми фалат дерби утакмиците со нив. Адреналин до плафон, маклење по терен, на трибини исто, по 300 степена у сала.
Кругот се врти, само да не ни се деси и на нас некој драстичен пад ко овој на Металург. Правило е тоа, само се надевам дека ќе биде поблаг.
 
Се борев со сето срце за Вардар !

"Не очекував дека навивачите ова ќе ми го приредат. Многу ми е драго што покажаа дека го ценат сево ова што сум го направил изминативе години. Навивачите и соиграчите се едино мерило за тоа каков си играч, а не управата" - изјави Прибак.

"Добивам поддршка од сите страни, али сеуште никој од управата не се огласи. Не очекувам клубот да признае дека погрешил со отпуштањето на македонски репрезентативец. Оставив многу пот овде, се борев со сето срце за клубот и навивачите тоа го препознаа. Во зенитот сум на кариерата, можам уште многу да пружам. Имам понуда од Бешикташ и од еден бундеслигаш. Играњето во Германија е прав предизвик, се игра во среда и сабота, секој натпревар е дерби и тоа е мотив и снага за играње" - заврши Прибак.



Сепак не е минутажата...
 
Гребил е повреден и речиси сигурно нема да игра со вас..
Ги фатив последните 10ина минути со Ст Рафаел денес,Монпеље играше со доста ниска и брза постава,со Симоне на лев бек и со Гигу на среден...
Најверојатно и со вас така ќе играат,па ќе треба одбраната добро да ви функционира,посебно на страните кај Брумен и Карачич,баш таму се најопасни,односно вие сте најслаби таму,па сигурно ќе пробаат да ја искористат својата брзина и техника да ја рашират одбраната и со игра еден на еден да пробаат да прават простор по бочните позиции на вашата одбрана,страшна соработка имаат со пикерот и десното крило,и се многу опасни..
А доста добро го прават ова,многу се брзи,страшни техничари и Симоне,и Гигу,како кошаркари се двајцата, и Доленец е многу опасен во игра еден на еден...
Од досега изиграното подобри се во вторите полувремиња,освен во двомечот со РНЛ и Медведи,и на мечот со вас кога паднаа на крај, во сите другите мечеви во второ полувреме беа доста подобри...
Со Веспрем за малку ќе тепаа среде Унгарија,со Цеље на два пати фуриозно во второ полувреме ја вртеа утакмицата..
Страшно спремна екипа,пред се технички,е сега се малку хендикепирани со ростерот,посебно на лев бек,ама и тоа успеваат да го надокнадат..
Освен на голман на сите други позиции се одлично покриени...
Некако во ЛШ не ги повторуваат партиите од Француската Лига,доста подобро играат таму,а лигата не е нималку наивна,напротив од година во година е се поквалитетна,ако продолжат со вакво темпо ништо чудно за брзо да се изедначат со Германците...
Како и да е,ако изигра Вардар добра одбрана,ако има ден Штербик би требало рутински да тепате..
Ако ги оставите да играат,и им дозволите брз центар и брза транзиција тогаш ќе имате проблеми...
Би требало да има повеќе голови на утакмицата,мој тип е победа на Вардар од 2-4 гола разлика...
 
Очекувано...
Не си оди бе овај од Барса,па макар и многу поголема плата му нуделе другите..
Таму лапа 400 К по сезона....иако не е спорно дека и вие можите да му понудите исти услови....
Додека го сакаат таму и немаат подобра опција сам ќе инсистира да остани па макар дремел на клупа,а и тие знаат дека во моментот нема подобра опција од него на десен бек,и додека е здрав нема да се мислат многу дали ќе го задржат...
Плус некако и сентиментален е за Шпанија дечкото,како втора татковина му е,тоа го видов од средбите со Шпанија...
На првата утакмица во Скопје демек глумеше повреда,па излезе одма уште на стартот на утакмицата,па во реваншот не играше...(за потоа по само неколку дена да игра за Атлетико Мадрид како препороден):D...
Исто и лани на ЕП,демек не му се играше на однапред изгубени утакмици..
Ништо чудно и да остани да живее таму...
Немате гајле со Македа и Алекс таму,повеќе од добра комбинација се..
 
Типот главна цел му е да освои Лига шампиони. После може ке смени одлука, ама па тогаш не знам колку више ќе ни биде потребен.
 
Чим не доаѓа Кире, се надевам дека тотално бескорисниот бате ќе ја добие клоцата која одамна ја заслужува! Џабе го држеа како мамка, ајт сиктер сега!
 
Уште Циндрич и Марсениќ да потпишат + Прибак и Марковиќ да останат и барем за мене тоа би било тоа.Тим за во двата правци без некој очигледни слабости.
 
Во сабота без Алекс,Тоскич,Прибак и Маркович.... ау. :place:

И одбрана и напад ослабени....:semolam:
 
Во сабота без Алекс,Тоскич,Прибак и Маркович.... ау. :place:

И одбрана и напад ослабени....:semolam:
Никаде Раул не рече дека тие сигурно нема да играат. Туку дека неделава пропуштиле неколку тренинзи и се надева дека ке бидат подготвени за сабота.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom