Експресно поминаа измените – придонеси и за хонорарците!

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Ќе пробам така до кај 87.000 до кај мене, па следните кај друго лице, така би било таман.
Иначе парите се заработени онлајн, значи без разлика како се заработени доколку не прекршуваш над 87.840 мкд годишно си таман и не те оданочуваат.
Имам и Пајонир, само што некако не ми е многу сигурно, доколку ова вака функционира со повеќе лица, тогаш подобра опција е за мене, сега за сега.
За најсигурно, не се пријавувај во ФЗОМ. Ако се пријавиш, сигурно ќе ти прочешлаат сметки, а може и нешто сумливо да им испадне. Можно е од цела фамилија да ги проверуваат приходите. Така да, ако не си пријавен во ФЗОМ, ако не им дадеш причина, нема зошто да ти чепкаат во сметки.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.719
Поени од реакции
16.936
околу уплаќање пари од едно на друго физичко лице мислам дека банката мора да побара основа за уплата.
Во СТБ бараат и за најмала уплата, едино ако е член на семејство. Инаку може да уплати некој некому и да му намести криминална работа, а тука за поголеми суми е и закон на перење пари.
Кога го зборувам ова ќе го наведам примерот на хрват брокер во УСА што дознавал инсајдерски инфа преку платени проститутки кој снимале во собите на бизнисмените. За да ги прикрије траговите купувал на име на мајкаму која воопшто не ни стапнала во УСА и парите ги праќал на нејзина сметка.По неговото апсење агентите на ФБИ и дојдоа дома и на мајкаму во Хрватска.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.093
Поени од реакции
11.497
Конечно паметен предлог, барем според мене:

Станува збор за популарно наречениот Закон за хонорарците којшто од 1. јануари годинава ги задолжуваше сите оние коишто ќе добијат хонорар над 9.500 денари, без разлика дали се вработени или не, да плаќаат придонеси покрај данокот.

- После подолги консултации со повеќе надлежни државни институции, но и после длабока анализа на сите аспекти и забелешки на повеќе граѓани, организации и претпријатија, Пратеничката група подготви предлог со кој би се одговорило позитивно на барањата, но во исто време не би се изгубила главната цел и праведност на претходните измените на законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека со најновите измени и дополнувања се врши прецизирање и олеснување на условите за плаќање на придонеси на надоместоците остварени по основ на договор на дело, авторски договор или друг вид на договор со кој се остварува надоместок:

• Лицата кои остваруваат приходи од работен однос (вработени лица) и лицата кои остваруваат приходи по основ на пензија (пензионери) се ослободени од обврската за плаќање придонеси доколку остваруваат дополнителни приходи на месечно ниво по основ на договор на дело, авторски договор или друг вид на договор, помали од износот на просечната нето плата исплатена во претходната година согласно податоците на Државниот завод за статистика (околу 21.300 денари). Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот кој го надминува овој праг од 21.300 денари. Ова од причина што овие лица веќе се вклучени во системот на социјално осигурување.

a. Пример 1: Доколку вработено лице или пензионер оствари дополнителен приход по еден од овие основи помал од 21.300 денари, нема да плаќа придонеси.
b. Пример 2: Доколку вработено лице или пензионер оствари дополнителен приход од 27.000 денари, ќе плати придонеси само за разликата до просечната плата, односно придонеси ќе плати само за сумата (разликата) од 5.700 денари.

• Лицата кои не се во редовен работен однос (невработени лица), а кои остваруваат надоместоци по основ на договор за дело, авторски договор или друг вид на договор, се ослободени од обврската за плаќање на придонеси до износот на минималната плата утврдена со закон (9590 денари). Овие лица ќе плаќаат придонеси само на износот кој го надминува овој праг од 9.590 денари. Ова е со цел да се заштитат интересите на лицата кои до сега се ангажираа по некој од овие основи, но на кои не им се плаќа пензиско и здравствено осигурување.

c. Пример 1: Доколку невработено лице оствари дополнителен приход по еден од овие основи помал од 9.590 денари, нема да плаќа придонеси.
d. Пример 2: Доколку невработено лице оствари дополнителен приход по еден од овие основи од 15.000 денари, ќе плати придонеси само на сумата над минималната плата, односно придонеси ќе плати само за сумата (разликата) од 5.410 денари.

• И во двата случаи олеснување е што придонеси ќе се плаќаат само на износот кој го надминува прагот од 9.590 ден (за невработените лица), односно прагот од 21.300 ден (за вработените и пензионерите). Ова значи дека лицата кои не се вработени, а остваруваат приходи по основ на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и минималната плата. Вработените лица и пензионерите кои остваруваат приходи по основ на договор придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и просечната нето плата.

• Лимитот за просечната нето плата за плаќање придонеси ќе се применува се до влезот на Република Македонија во Европската унија. По влезот во ЕУ, вработените и пензионерите ќе плаќаат придонеси на приходите остварени од дополнителна работа над износот кој го надминува прагот од минималната плата.

• Доколку вработено лице остварува дополнителни приходи по основ на договор кај истиот работодавач или кај правно лице кое е капитално, управувачки и/или роднински поврзано со работодавачот, во тој случај придонеси ќе се плаќаат на целиот износ на приходите остварени по основ на договорот. Целта на ова решение е да се спречат евентуални злоупотреби на работодавачи кои ангажираат лица на минимална плата и плаќаат минимални придонеси, а им исплаќаат дополнителни приходи преку договори со што им го скратуваат правото за соодветна пензија. Ова решение е во интерес на работниците.

• Со цел постигнување поголема правичност, со измените на Законот се укинува и ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите како по основ на плата, така и по основ на приходи остварени од договори за дело, авторски договори или друг вид на договор со кој е определен надоместок за извршена работа.

• Со измените на Законот се предвидува дека придонеси ќе се плаќаат само на веќе исплатени хонорари.

• Новите решенија од измените и дополнувањата на Законот ќе стапат на сила веднаш со денот на донесувањето и со оглед на тоа што се поповолни за граѓаните ќе се однесуваат и на пресметките и исплатите за приходите остварени во јануари 2015, преку порамнување.

• Рокот за поднесување на пријави во месец февруари 2015 година ќе биде до 25 во месецот, со цел овие измени да имаат ефект веднаш.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.329
Поени од реакции
15.588
Конечно паметен предлог, барем според мене
Сеа слушав на вести, интересни случувања последниве денови, се се мислам да си побарам стан :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.415
Поени од реакции
84.729
Требаше да има сериозна закана по рејтингот и популарноста, како оваа што од утре е најванена, па да почне барем малку разумно да размислува.
Но, џабе. Више ни Ајакс не го пере.
Џабе овие наводни попуштања, и за екстерното (што не е ни попуштање), и за ова.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.478
Поени од реакции
18.504
Цццццццц

Повеќе месеци немаа абер да го слушнат народот и донесоа закони кој од кој поглуп, и сега наеднаш му дојде умот.

Се плашам да помислам што не чека откако ќе се пресметаат со опозицијата.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
ПЕТОК 13-ТИ :cool:





НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!
Остануваме на најавата за протести на 13 февруари, петок во 14 часот, велат од повелбата за солидарност

Фокус 8 фев 2015, 23:16

Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права, граѓански здруженија, активисти и поединци ги отфрлаат најавите за измени на законите за придонеси за хонорарна работа и остануваат на барањата доставени на 12 декември, од кои првото е ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ!

„Одбиваме да бидеме предмет на манипулации со цел да се амортизира незадоволството на илјадници граѓани кои протестираа и бараа укинување на законите откако беа соочени со откази, намалувања и доцнења на приходите. Затоа остануваме на најавата за протести на 13 февруари, петок во 14 часот“ велат од повелбата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека до Собранието ќе достави предлог за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Станува збор за популарно наречениот Закон за хонорарците кој што од 1. јануари годинава ги задолжуваше сите оние кои што ќе добијат хонорар над 9.500 денари, без разлика дали се вработени или не, да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување, покрај персоналниот данок.

- После подолги консултации со повеќе надлежни државни институции, но и после длабока анализа на сите аспекти и забелешки на повеќе граѓани, организации и претпријатија, Пратеничката група подготви предлог со кој би се одговорило позитивно на барањата, но во исто време не би се изгубила главната цел и праведност на претходните измените на законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Олеснување е што придонеси ќе се плаќаат само на износот кој го надминува прагот од 9.590 ден (за невработените лица), односно прагот од 21.300 ден (за вработените и пензионерите). Ова значи дека лицата кои не се вработени, а остваруваат приходи по основ на договор, придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и минималната плата. Вработените лица и пензионерите кои остваруваат приходи по основ на договор придонеси ќе плаќаат само на разликата меѓу исплатениот нето надоместок и просечната нето плата.
 
D

Darko_ufo

Гостин
А добро со кој памет се носи овој дел од законот?!?

• Со цел постигнување поголема правичност, со измените на Законот се укинува и ограничувањето на највисоката основица за пресметка и плаќање на придонесите како по основ на плата, така и по основ на приходи остварени од договори за дело, авторски договори или друг вид на договор со кој е определен надоместок за извршена работа.

Ова значи дека сите што на некој начин заработуваат од интернет и добијат да речеме за еден месец 20 000 евра покрај тоа што ќе платат данок од 2000 евра ќе бидат приморани наместо 825 евра за придонеси да платат 5000 евра бре алоооооо!!!! За мочаното здравство да платат 2000 евра месчно и за пензија 3000 евра, па колку пензија ќе зимаат утре бе 5000 евра? Па се знае кога во Македонија ќе ти дадат пензија 5000 евра. Не бе овие се дегенерици си играат држава. Малку им беше основицата од 4 просечни плати ја зголимја на 6 па сеа ја тргнаа нема граница.

Па што сакам некој како Минчо да се пријави на плата од 100 000 евра месечно па коа ке плати на таа плата придонеси, пензија ќе треба да му даваат 50 000 евра месечно тогаш ќе му вадат афери не му е срам на овој не знае колку пари има да зема толкава пензија.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Мачкање очи, polishing a turd...

Невработениот плаќа повеќе затоа што вработениот веќе платил придонеси на плата, НО, од тоа што ќе го плати невработениот не му тече стаж затоа што тоа оди во првиот фонд, и пензискиот фонд не се мачи да пресметува стаж, само лапа пари. Потврдено од повеќе добро упатени извори.

И како што е повеќе пати кажано, и како што НЕ е на пример во Хрватска и во други понормални земји, се плаќа повеќе пати за една иста работа - здравствено, а за тие повеќе пати наплатени пари, не се добива ама баш ништо. Јес да не се добива многу и со еднаш платеното здравствено, ама ова е најобичен highway robbery.

Значи, ограбени се и вработениот и невработениот.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.415
Поени од реакции
84.729
Ова значи дека сите што на некој начин заработуваат од интернет и добијат да речеме за еден месец 20 000 евра покрај тоа што ќе платат данок од 2000 евра ќе бидат приморани наместо 825 евра за придонеси да платат 5000 евра бре алоооооо!!!! За мочаното здравство да платат 2000 евра месчно и за пензија 3000 евра, па колку пензија ќе зимаат утре бе 5000 евра? Па се знае кога во Македонија ќе ти дадат пензија 5000 евра. Не бе овие се дегенерици си играат држава. Малку им беше основицата од 4 просечни плати ја зголимја на 6 па сеа ја тргнаа нема граница.
Не е мочано бе.
Еве за ова здравство ќе плаќа:
http://www.telegraf.mk/aktuelno/241604-ne-doceka-operacija-pocina-malata-tamara-od-veles
здравство кое не функционира на прагот од настинка, не понатаму
здравство кое одолговлечуваше со операцијата на детето и покрај сите притисоци на јавноста

Патем, не приметруете дека последниве два-три дена фалат овде на Кајгана неколку дежурни билбоарди?
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.478
Поени од реакции
18.504
Кога тоне бродот пацовите први бегаат.
Мислам дека во моментов ја спасуваат Македонија. После ќе се вратат да ни кажат колку ни е добро тука.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
namesto nas,moze na roditelite na tamara da im kazat kolku e dobro vo MKD
 

Kajgana Shop

На врв Bottom