Експресно поминаа измените – придонеси и за хонорарците!

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Reloaded
  • Време на започнување Време на започнување
И ти би се нервирал кога би увидел дека „коњите на Калигула“ ни кројат капа:(.
Коњите се многу благородни животни. И би биле одлични пратеници. Ама ако нешто не можат да прават, тоа е да кројат.
 
Како може државата да бара да се плаќаат придонеси за хонорари ако хонорарот не е се уште исплатен ????!!!!!

СПОРЕД СЕГАШНИТЕ ОСТРОУМНИ ПРАВИЛА до 15 во месецот треба да платите на УЈП придонеси за хонорар иако тие пари се уште не ви се исплатени??????? што доколку си се олесните од сопствен џеб, а хонорарот никогаш не ви се исплати? (Ова не е ништо ново се случувало и се случува) Ај што ми земате половина од хонорарот за придонеси или околу 45% (За 10 000 хонорар државата ќе ми земе 4800 денари, значи ќе работам за пишливи 5000) – Да разберам да ми рачунате на уплатени хонорари , ама вие сега АРАЧ ми мавате на ПРАЗЕН ЏЕБ???? НА СЕУШТЕ НЕ ДОБИЕН ХОНОРАР???

Хонорарци, а и вработени отворете очи – Според македонските закони УЈП не го интересира дали ви исплатиле вам или не тие се грижат само за парите кои ним треба да им се уплатат.

Denari.jpg

Не е од памет – дури и за плата.. Ако газдата му плати на УЈП придонеси за вас, а вам не ви исплати плата обидете се да се жалите во УЈП – ќе ви кажат дека опција ви е само да тужите.

И еве да речеме и да тужите – ај што ќе заглавите по судови најмалку 2 години – а дали знаете колкави се давачките за тужба и жалба на суд. Еве да речеме имате некоја зделка огромен хонорар за да поднесете тужба треба да платите процентуално од сумата која ја побарувате – а понекогаш овие пари кој треба да ги имате во џеб да му ги плукнете веднаш на судот (ако не не почнува постапка), се АСТРОНОМСКИ СУМИ

Од друга страна – очекувате од нас да завршиме школо за сметководители за да можеме ажурно секој месец да ви пополнуваме по 10 образци вакви и онакви ??? и да ви ги доставуваме до УЈП ( не сте свесни дека со ова ги малтретирате луѓето со непотребна папирологија.. Пресметајте сами колку сум зел на сметка та нели сте држава!!!)

Па прашувам ИМАТЕ ЛИ ПАМЕТ. Хонорарец кој едвај крпи крај со крај со 12/15 000 денари хонорар. ТРЕБА НА ДРЖАВАТА ДО 15 ВО МЕСЕЦОТ ДА ВИ ПЛАТИ ОКОЛУ 7000 од џеб иако хонорарот се уште не го видел??? и ако газдата го изигра и не му плати треба да има за секој случај уште едно 1000 евра во џеб за да може да тужи?????

Александар.П Скопје

- хонорарец не по своја вина. Хонорар со кој како единствен прилив го оддржува своето 3 члено семејство! (а сега од парите што сеуште ги НЕМАМ на сметка, треба однапред да и плаќам на државата и за тоа едно бедно хонорарче)
мислам дека си грешка околу болдираното, се исплаќа БРУТО плата, не може само придонесите.
А тоа за хонорарите држи, не може да се бараат придонесите однапред од хонорарен работник, ова е перпетум мобиле, од ништо нема нешто. Придонесите треба да се платат однапред само од налогодавачите, едно што никогаш може нема да се плати хонорарот, туку едноставно хонорарниот работник не е банка кредитор.
Во најлоша ситуација се тие што по наредба мора да работат хонорарно, самата држава преку мин.за финансии држи огромни суми хонорари.
 
А што е со оние што работат по бродови надвор од Македонија, и зимаат плата на наша трансакциска , ама не се пријавени да им тече стаж, и сега и они ли треба да плакаат хонорар на државава или не?
 
А што е со оние што работат по бродови надвор од Македонија, и зимаат плата на наша трансакциска , ама не се пријавени да им тече стаж, и сега и они ли треба да плакаат хонорар на државава или не?

Најверојатно да:
Придонеси за хонорари ќе плаќат и странци
Придонеси на хонорарите ќе плаќаат и странци кои хонорарно работат за домашни фирми, како и наши државјани кои работат за странски фирми.
И тие до Фондот за ПИОМ треба да поднесат барање за прием во осигурување.
Тоа можат да го направат самите или пак нивните работодавачи, со поднесување барање за прием на осигурување, доставување договор, трансакциска саметка и лична карта.
Потоа ПИОМ носи решение за прием на лицето во задолжително социјално осигурување, изготвува М1 образец за периодот наведен во договорот и електронски доставува и прием во осигурување до Фондот за здравство, Агенцијата за вработување и УЈП.
--------------------

Инаку главната причина за законов:

Според податоци на Министерството за финансии, заклучно со декември, минататата година, приходите во државната каса се помали за 156 милиони евра односно 6,1% помалку споредено со претходните проекции.

За минатата година беа планирани приходи од 2,53 милијарди, а државата успеа да собере од даноци, придонеси и неданочни приходи 2,37 милијарди евра. За оваа година е проектирано да се соберат 2,65 милијарди евра.
 
Ова мислам е за овде, а не за надвор од МК
 
А треба ли да се оданочуваат пари пратени од едно лице кон друго лице на трансакциска сметка?
 
мислам дека си грешка околу болдираното, се исплаќа БРУТО плата, не може само придонесите.
А тоа за хонорарите држи, не може да се бараат придонесите однапред од хонорарен работник, ова е перпетум мобиле, од ништо нема нешто. Придонесите треба да се платат однапред само од налогодавачите, едно што никогаш може нема да се плати хонорарот, туку едноставно хонорарниот работник не е банка кредитор.
Во најлоша ситуација се тие што по наредба мора да работат хонорарно, самата држава преку мин.за финансии држи огромни суми хонорари.

Секако дека е антиуставно хонорарен работник или некој што зема некој вид на надомест да плаќа однапред придонеси за приходи кои не се исплатени, зошто може и никогаш да не се исплатат некои хонорари. Од што брзаа да лапаат пари од хонорарците, заборавија дека треба многу законски измени да се направат, а не да ги изедначуваат физичките лица и исплаќачите- правните лица во одност на процедурата за плаќање придонеси.

Хонорарците се тешко дискриминари во повеќе наврати:
  1. Задолжителните придонеси за хонорарците се плаќаат само кон ПИОМ, а вработените се осигуруваат и во втор столб.
  2. Физичкото лице кое зема надомест/хонорар од повеќе места, треба само да си ги пријавува и плаќа придонесите, додека вработените и оние кои имаат само хонорар од еден исплатувач се ослободени од ваквата обврска и работодавачот/исплатувачот ги плаќа и пријавува сите придонеси.
  3. Хонорарците, односно оние кои земаат некакви надоместоци по основ на договор, треба да плаќаат придонеси и за приходи кои и да не се исплатени од страна на исплатувачот, мора да се платат зошто така било договорено, а законски, секој договор со хонорарецот е исполнет само кога исплатувачот ќе го исплати хонорарот/надоместокот како своја обврска. Со ваквата скандалозна наплата на придонеси за неисплатени хонорари се прави тешка дискриминација на хонораците на кои им се наметнати обврски како да се правни лица и исплатители на хонорар/надомест, а вакви обврски нема за останатите физички лица.
 
Последно уредено:
Ова мислам е за овде, а не за надвор од МК
Би требало да е само за овде. Пошто не знам како иде за брод, али пример ти си плаќаш давачки, т.е. даноци во Америка ако одиш на Work&Travel и после имаш процедура со која ти се враќа данокот (пошто нели, не си државјанин на САД).
 
А што е со оние што работат по бродови надвор од Македонија, и зимаат плата на наша трансакциска , ама не се пријавени да им тече стаж, и сега и они ли треба да плакаат хонорар на државава или не?

Pojdi si vo PIOM ili UJP i tie ke ti objasnat.[DOUBLEPOST=1423050202][/DOUBLEPOST]
Би требало да е само за овде. Пошто не знам како иде за брод, али пример ти си плаќаш давачки, т.е. даноци во Америка ако одиш на Work&Travel и после имаш процедура со која ти се враќа данокот (пошто нели, не си државјанин на САД).

Едно е данок, а сосема друго е придонес за пензиско, социјално и здравствено осигурување.
 
Pojdi si vo PIOM ili UJP i tie ke ti objasnat.[DOUBLEPOST=1423050202][/DOUBLEPOST]

Едно е данок, а сосема друго е придонес за пензиско, социјално и здравствено осигурување.
Знам тоа, ама некако не ми е логично ја да работам во странство, а да плаќам придонеси во оваа држава.

Читајќи ја горе одредбата која вели „странци кои работат за домашни фирми, но и наши државјани кои работат за странски фирми“ упатува на тоа дека се однесува на оние кои ќе добијат хонорар од фирмите кои имаат седиште во странство, т.е. странски фирми. (еден куп се).
Не е логично затоа што за да треба да плаќаш придонеси ако одиш да работиш во Америка, треба и во нивното законодавство да стои (карикирам): „странски лица да плаќаат придонеси во домашни фирми, и државјани да плаќаат придонеси во странски фирми“.
 
Млаце го цедиме нашиот народ, малце го тртиме накај Албанците, па пак малце го цедиме, па пак го тртиме, и така...
 
А треба ли да се оданочуваат пари пратени од едно лице кон друго лице на трансакциска сметка?
Пиши дека се поклон и нема да ти земат данок. Или прими ги на сметка од пензионер. Или на странска сметка.

Ако во текот на една година, вкупните приходи кои легнале на твоја сметка во македонска банка, се помалку од 87,840 денари, тогаш не се плаќа никаков данок. Ослободен си од секакви давачки. Ни пензиско, ни здравствено, ни персонален, ни данок во крв - ништо!

Доколку се надмине сумата од 87,840 денари, треба да се плаќа 10% персонален данок на доход. Доколку надминеш сума од 115,080 денари, и притоа се пријавуваш во ФЗОМ како невработен и искористуваш бесплатно здравствено осигурување, тогаш наеба. Најверојатно ќе добиеш кривична пријава и ќе бидеш осуден на казна затвор во траење од три месеци, условно една година.

Новиов закон е баш за вакви случаеви, каде што луѓе остваруваат приходи над законските прописи, а притоа искористуваат бесплатно здравствено осигурување (а не треба да искористуваат, според законот).

Оние што работат како фриленсери на Odesk и слични страни, имаат опција парите да ги примаат преку Payoneer. Нема потреба на македонска сметка. Така да, може да попушат курац УЈП.
 
Може малце повеќе инфо за ова префлање на пензионер, нема да биде малку сумљиво доколку истиот човек што ти праќал, сега праќа пари на твој близок што е во пензија?
Зборувам за сума над 87.840 ден. Или пак може на повеќе трансакции да се праќа, со цел да се подели сумата така што секој член би примал приход под овие 87.840 денари.
 
Зошто сумливо!? Парите не ги добиваш од фирма, немаш никакви договори потпишано. Човекот што ти ги праќа е твој роднина, пријател или дечко, кој ти праќа подарок. Ако си во можност, подели ја сумата. До 87,840 кај тебе, другото на сметка на пензионер. Не може преку Payoneer да ги примиш?
 
Ќе пробам така до кај 87.000 до кај мене, па следните кај друго лице, така би било таман.
Иначе парите се заработени онлајн, значи без разлика како се заработени доколку не прекршуваш над 87.840 мкд годишно си таман и не те оданочуваат.
Имам и Пајонир, само што некако не ми е многу сигурно, доколку ова вака функционира со повеќе лица, тогаш подобра опција е за мене, сега за сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom