Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Dear K,

На форумов кога сакам да искоментирам нешто за важни случувања во државава се чувствувам како илегалец, барам некоја забегана тема тука и таму каде што Агентот Смит нема да помине со бичкијата. Од понеделник времето ќе биде бомбастично, а ние ќе коментираме за Пресвртницата во Украина и Замокот на Боб. 'Беш му матер, правила. Не е како да сме најголем форум во МК... oh wait...

Енивеј, Оскари се ближат а ја немам ништо изгледано. @wot ми го расипа подфорумот, кога го предложив за модератор мислев ќе прави Фајкла револуција, тој почна на филмови ко Бојхуд солзи да рони... фејкер. Немам време да им кажам на тапанарине со кои го делам мислењето за Whiplash дека филмот не е за тапани, дури повеќе, не е ни за џез музика. Можеш да ставиш друга професија наместо тапанарење и пак да направиш филм со истата порака како Whiplash. Филмот е за пожртвуваноста, посветеноста на работата и амбицијата. Ако работиш напорно и го усовршуваш тоа што го сакаш, еден ден трудот ќе ти биде награден со успех. Или, само ако работиш напорно, ќе имаш успех. Тоа е пораката, и важи насекаде во универзумов. Освен во МК.

Зошто освен во МК? Затоа што општо познато е дека во нормални системи, ако вежбаш тапани, по одредено време ќе станеш тапанар, ако вежбаш фудбал, по одредено време ќе станеш фудбалер. Во нашава црна рупа законите се малце искривени: ако лепиш плакати доволно долго, и притоа ако ги лижеш убаво пред да ги залепиш, за 10 години ќе станеш возач во комунално. Ако си посебно талентиран и знаеш да лижеш задници може да дотуркаш и до директор тука и таму. МК ти е место каде што е неважно за каква професија се усовршуваш - на крајот се се сведува на: „нешто да се работи“. МК ти е ултимативната лотарија, најголемиот ролеркостер, каде што можеш да завршиш на работно место кое не си го ни сонувал, или пак почесто, да сонуваш за работно место, едно 2-3 децении.

Било како било, сакав само да им кажам на илегалците на форумов кои малку од малку се сеќираат за тоа кај плови овај брод, во надеж за некое подобро утре: ич да не му ја мислите, ништо нема да се смени се дури не не' акне некој со неметафоричка нуклеарна бомба. На Курто и Мурто ги заболе Тасе за нас, тие и понатаму „нешто ќе работат“, ќе се преправаат дека водат држава и дека знаат што прават. Тие се олицетворение на сите нас, а ние знаеме што лајна сме.

Send from my Tesseract via Tapatalk 2.0.
 
ДиКеј,

фчера у кафана...или прееска, сеедно, позади мене седеше претседателот на сдмм, да не го именувам. Дечкото ја нарача „Пада Влада“, ја пееше, играше, се маваше у груди...

Е сеа, матер ви јебам. Студенти протестираат, хонорарци протестираат, радници чат-пат и ако, велам АКО по некоја случајност се случи промена на власт, ќе си ја препишете како заслуга а вие само по кафани сте бе матер ви ебам неспособна и се мавате у груди на песни ко пада влада, бела чао и бандиера роса, пичка ли ви неспособна...

Нигде ги нема 10 години и „буткаат власт“, во кафана. Море мамицата....
 
Денес дојдов до едно генијално согледување за мојата физичка состојба.

1. Дома обавезно пијам по 3 нес кафиња секој ден, со по две лажичиња шеќер. На тоа се додава кафето или кафињата (со многу шеќер) кои ќе ги испијам во град. Резултатат, во 1 година ставив 15 кила. Сега тежам 0.1 тон, изгледам како боксер по завршувањето на кариерата.

Ако продолжам вака, ќе почнам да личам на Соња Исмаил, и Green Peace ќе почне да ме рани со планктони...
 
Последно уредено:
Драга, јас пред некое време дојдов до еден заклучок.
Минатата зима ждерев ко будала, бурек, тестенини, чоколада, масно месо и што не. Се згрофтав ко свиња и почнав да се нервирам. Сакав на диета а не успевав. И на крајот се откажав.
Се додека не дојде сезона и полека се вратив на старата килажа, благодарение на тоа што за сезона имам повеќе работа, немам време да јадам, и повеќе се потам.
И така решив и оваа зима да си ждерам без грижа на совеста, бурек и останати неодоливи јадења, кога ќе дојде сезона таму негде мај/јуни пак ќе си се вратам да бидам слаба и згодна сама од себе, без диети и нервози:kafence:
 
Ептен им фала на сите што не веруваа во мене, што песимистички ми викаа ,,ти требаат врски, роднини, партии...,,. Многу им фала.
Да не беа толку убедени, можеби немаше да успеам.
Тешко е Кајг, ама не е невозможно.

Во земја полна лешинари, со искривени вредности и перцепција за лично достоинство, не може ни друго да се очекува.
Им докажав дека се се може, и денес има да се курчам до бескрај :) :) :)
 
Олд скул татко имам. Од компјутери само маусо знај да го мрда for chess purposes. Се спремам сношти да излегувам и ми вика ај бе наместими го шахо, че изиграм една-две и че си легнам. Му викам ако ти го пуштам тука че те најдам сабајле ко че се вратам. И би. Се прибирам во 4 сабајлето, и ми се пули онака dog guilty face.. После си легнав а тој седнал на маса и се успал за на работа. :LOL:

Anyway, јака вечер.
 
Еј драга

Тоа што луѓе плачат кога гледаат убави нешта е само доказ колку сме навикнати на лошо.

Неможе да помине ден а да не ме зачеша совеста. Не правам лоши ствари, не правам добри ствари. Не правам ништо. Апсолутно. Се осеќам како да сум должен на времето.
А и времето знае да е кретен. Секогаш е или премногу, или премалку. Времето никогаш не е на време.

Еднаш една фина личност кажа „Самоубиството е најлесниот пат кон среќа, но никогаш не смееш да го проодиш“. Цитирано е, сигурен сум. Не сум доволно мотивиран да проверам од кого.
Иронично, истата особа реши како пат да избере пад. Седум спрата.
Ебемга.
Не ми е жал, не дека не бевме многу блиски, туку зошто беше свесна личност.
Знаеше што е, знаеше како е и сепак се одлучи за тоа.
Сите должеа на депресии и моментална состојба, ама не верувам.
Да не си грешам на душата, која ионака тенко ми стои.
Неможам да разберам, ама неможам да судам.
Имало денови кога сум го кажувал по сто пати тоа што сигурно го кажале пред скок, куршум, нож, ама секогаш било notion пред motion.

Страв ми е од ајкули, ама радо би си ги зел шансите да умрам пливајќи меѓу нив отколку на дно на океан со сидро кое сам сум го врзал на себе.
 
Вчера еден 70 годишен албанец прави муабет со исто толку стар македонец, кој само шо влезе у автобус и му вика здраво до каде одите и нашиот му вика "до битпазар да купам нешто, ти", и албанецот вика "абе и јас до битпазар, види ја имам 3 сина и едниот живее тука и сега дознав дека имал 7 курви а он женет идем да му ебем мајката сега". Се паѓаше од смеа у автобусот :lolzz:
 
Драа

Чу прееска случајно за погреб некоја баба дала 27 000. Зимала кредит за да га сахрани мужа ву. За споменик праење ке треа куќу да гу продава.
 
Не е најтешко црно тиквешко, најтешко е три саати да дремеш на eBay и да не знаеш што да купиш. Е тоа е најтешко брате кајгане.

И фали @spiros на форумов, btw. Фали таа енергија на совршен ислам и вечна милост МУДРОСТ божја чиста, за спасение на сите, отелотворена во Исуса Христа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom