Вашите оператори маj ги е страв да не се бугаризирате. Инаку да се емитуват по сите ваши телевизиjи Звезде Пинк, звезде Гранд, X фактор Србиjа, Big Brother Србиjа, Survivor Србиjа, Твоето лице изгледа познато - Србиjа за никого не е проблем и нема србомански настроениjа, али сега со бугарски реклами ке биде страшно - ке се бугаризирате одма. Зашто ова ми личи на повторен обид за мала Jугославиjа.
Нема никаков обид за мала Југославија, туку наједноставно, Македонците како народ се поблиски со Србите отколку со Бугарите.
Е па сега, обвинувај ја судбината бидејќи Србите ја задржале Вардарска Македонија после Првата Балканска Војна и бидејќи останала под српска окупација се до Втората Светска Војна, по што во Вардарска Македонија била формирана Народна Република Македонија, која била дел од заедничка држава со Србија, а не со Бугарија.
Е па i Бугарите уште од Првата Балканска Војна ја задржале Пиринска Македонија под нивна окупација и до денешен ден не дозволуваат формирање на македонска држава која ќе биде дел од заедничка држава со Бугарија. Или па, зошто не им текне да го сменат бугарскиот Устав, па Бугарија да биде држава на Бугарите и на Македонците, со два службени јазика - бугарски и македонски ?
Нека го направат тоа, па ако не сите Македонци кои во моментов немаат татарски пасоши, тогаш барем половина од сите Македонци кои во моментов немаат татарски пасоши, ќе фатат џаде за Софија за да поднесат барања за бугарско државјанство.
А и да не се залажуваме, Бугарите го нудат истото што го нудат и Србите, само во бугарско издание.
Кога би биле прашани корисниците на кабелските и дигиталните оператори дали сакаат повеќе српски или бугарски ТВ канали, мнозинството би одбрале српски ТВ канали.
Но кога би биле прашани корисниците на кабелските и дигиталните оператори дали сакаат повеќе српски канали, или нивно отстранување во замена за канали од типот на HBO, FOX каналите и останатите филмски и спортски ТВ канали кои доаѓаат со македонски или српски превод, биди 100% сигурен дека мнозинството корисници би ги одбрале каналите од типот на HBO, FOX каналите и останатите филмски и спортски ТВ канали со македонски или српски превод, во замена за отстранување на српските ТВ канали.