Нема веќе National Geographic, FOX Life... исклучени најпопуларните канали

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.740
Поени од реакции
7.992
Директорот на АВМУ и денес повтори дека на операторите им било наложено да бидат исклучени каналите затоа што не ги реемитувале веродостојно. А тоа не е точно, тој се прави будала, или навистина не знае и целата збрка е само недоразбирање.
Тој сака да каже дека македонските оператори ги додаваат македонските реклами, кога тоа не е точно, тие си постојат и во изворната верзија на програмата во Србија.

Операторите треба да реагираат на елементарно непознавање на работата од страна на директорот на агенцијата.
Лудило.

https://www.youtube.com/watch?v=tkQ4eIkn5FI
Аууу, страшно. Одма на психијатар овај да иде.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.684
Поени од реакции
11.915

За момент помислив да слушнам какви глупости тропнал чукнатиот, но веднаш откако видов дека видео клипот е од Радио не-Слободна Македонија, експресно го затворив табот и ги заборавив и тие 5 секунди кои му ги посветив на линкот.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Вашите оператори маj ги е страв да не се бугаризирате. Инаку да се емитуват по сите ваши телевизиjи Звезде Пинк, звезде Гранд, X фактор Србиjа, Big Brother Србиjа, Survivor Србиjа, Твоето лице изгледа познато - Србиjа за никого не е проблем и нема србомански настроениjа, али сега со бугарски реклами ке биде страшно - ке се бугаризирате одма. Зашто ова ми личи на повторен обид за мала Jугославиjа.
 
Нема никаков обид за мала Југославија, туку наједноставно, Македонците како народ се поблиски со Србите отколку со Бугарите.

Е па сега, обвинувај ја судбината бидејќи Србите ја задржале Вардарска Македонија после Првата Балканска Војна и бидејќи останала под српска окупација се до Втората Светска Војна, по што во Вардарска Македонија била формирана Народна Република Македонија, која била дел од заедничка држава со Србија, а не со Бугарија.

Е па i Бугарите уште од Првата Балканска Војна ја задржале Пиринска Македонија под нивна окупација и до денешен ден не дозволуваат формирање на македонска држава која ќе биде дел од заедничка држава со Бугарија. Или па, зошто не им текне да го сменат бугарскиот Устав, па Бугарија да биде држава на Бугарите и на Македонците, со два службени јазика - бугарски и македонски ?

Нека го направат тоа, па ако не сите Македонци кои во моментов немаат татарски пасоши, тогаш барем половина од сите Македонци кои во моментов немаат татарски пасоши, ќе фатат џаде за Софија за да поднесат барања за бугарско државјанство.

А и да не се залажуваме, Бугарите го нудат истото што го нудат и Србите, само во бугарско издание.

Кога би биле прашани корисниците на кабелските и дигиталните оператори дали сакаат повеќе српски или бугарски ТВ канали, мнозинството би одбрале српски ТВ канали.

Но кога би биле прашани корисниците на кабелските и дигиталните оператори дали сакаат повеќе српски канали, или нивно отстранување во замена за канали од типот на HBO, FOX каналите и останатите филмски и спортски ТВ канали кои доаѓаат со македонски или српски превод, биди 100% сигурен дека мнозинството корисници би ги одбрале каналите од типот на HBO, FOX каналите и останатите филмски и спортски ТВ канали со македонски или српски превод, во замена за отстранување на српските ТВ канали.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Нема никаков обид за мала Југославија, туку наједноставно, Македонците како народ се поблиски со Србите отколку со Бугарите.
Чија вина е тоа? Србите се наметнуваат на нашиот медиумски пазар од кога знам за себе, од дете сум гледал Пинк додека за Бугарски телевизии слушнав негде у адолесценцијата кога излезе Планета. Сепак политиката на државата си го правела своето и затоа денес вештачки сме поблиски кон едните а оддалечени од другите кога во суштина треба да имаме ист неутрален став кон двете страни.
Тек сега почнувам да го разбирам значењето на билбордот на Љубчо...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.210
Поени од реакции
7.739
Нa MaxTV, FoxLife јa врaтијa уште пред некoј ден.
Уште NatGeo oстaнa... и OBN
OBN нема да ја враќаат така пишаа на фејсбук. Претпоставувам затоа што не им се исплати цело време да затемнуваат, OBN има некој исти емисии и серии како некој наши тв канали.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.684
Поени од реакции
11.915
Чија вина е тоа? Србите се наметнуваат на нашиот медиумски пазар од кога знам за себе, од дете сум гледал Пинк додека за Бугарски телевизии слушнав негде у адолесценцијата кога излезе Планета. Сепак политиката на државата си го правела своето и затоа денес вештачки сме поблиски кон едните а оддалечени од другите кога во суштина треба да имаме ист неутрален став кон двете страни.
Тек сега почнувам да го разбирам значењето на билбордот на Љубчо...
А колку се само интересни Планета и нивните содржини, што да ти зборам. Од друга страна, Пинк барем емитуваат интересни филмови и серии понекогаш, но од поодамна ги нема во понудите на кабелските и дигиталните оператори, додека Планета е достапна, а ретко кој ја гледа - барем ретко кој ја гледа од тие кои јас лично ги познавам.

Слободно криви ја државата или кого сакаш, останува фактот дека Македонците живееле во заедничка држава со Србите од 1945 до 1991 година во која имале еднакви права и негувале заеднички национални вредности, додека Бугарија и до денешен ден не ги признава ниту македонскиот јазик, ниту македонската нација.

И додека од една страна во Србија веќе има општина во која македонскиот јазик е втор службен јазик бидејќи Македонците во истата таа општина сочинуваат над 15% од тамошното население - што е законски услов во Србија за воведување на втор службен јазик во српска општина, Бугарија од друга страна си ја присвојува македонската историја како своја и издава бугарски пасоши за Македонци, но под услов да се декларираат како Бугари по националност, што повеќе од доволно говори колку Бугарија е заинтересирана за затоплување на националните односи помеѓу Бугарите и Македонците.

Немаме ништо заедничко со Бугарите, а нивните телевизиски канали и не се значително поинакви во споредба со српските, додека со Србите барем сме имале, а и до денешен ден имаме по нешто заедничко.

Ако гледаш и слушаш што вели Љубчо Георгиевски, со тек на време ќе дојдеш до заклучок дека целата денешна македонска држава во која живееме е производ на српски или југословенски заговор против кутрата Бугарија.

Единствена работа која Љубчо Георгиевски ја кажал неодамна, а да држела вода, е неговата изјава дека актуелната влада на Република Македонија функционира на истиот популистики начин на кој функционирала и социјалистичката влада во поранешна Југославија.

А овие неговиве последни повици за спротивставување на србизмот во Македонија се чисто продавање магла.
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Jас имам напишано по темата во првите два реда. Во Бугариjа има многу интересни и квалитетни канали со одлична програмска шема. Рекламите се исто со одличен квалитет. Единствен проблем за македонците мислам дека е синхронизациjата коjа не е многу почитувана во ни една ексjу земjа додека каj нас е многу сакана. Во Бугариjа има много силна школа за актери - озвучители така да нема бугарски канал без синхронизациjа а и има многу возрастни луге со очни проблеми коj немат што друго да прават освен да гледат телевизиjа по цел ден и они имат големи проблеми да читат субтитри така они могат да слушат сериjата додека прават нешто друго в дом. Освен ова има поголема вработеност на актерската гилдиjа. Сите не могат да играт во кино и театри. Коj разбира македонски мислам дека разбира и бугарски, исто колку разбира и српски. Овие приказни дека македонциве не разбират бугарски, а сите знаjат српски ги говорете на некоj друг. Ако понудите од вашите кабловски оператори да вклучат бугарски канали различни од Планета и Балканика мислам дека нема да погрешите, а и они су задолжени да предлагат нови услуги на своите користници. Ако има желба од ваша страна, ке има и желба и од бугарска страна да пренесуват сигнал и во соседни земи.
 
Како што и самиот спомна, народите од поранешните југословенски републики се навикнати на преводи, а не на интерпретирани филмови и серии.

А српскиот јазик и српскиот превод се полесно разбирливи од бугарскиот јазик и бугарскиот превод, па ете ти, кажи им на Бугарите да пуштат македонски или српски превод, па без никакви проблеми ќе ги гледаме нивните ТВ канали.
 
Нали знаеш дека ова никога нема да се случува. Како си представуваш бугарски канали со српски субтитри. Кога србите пуштат канал со бугарски титри или со македонски тогава може и да се случи. Или ако некоj од нив гарантира голем реjтинг на овие канали може и да се случи. Иначе каква е потребата ? А ова дека македонците не разбират бугарски, а разбират српски ми е абсурдно и могам да ти дам толку много спротивни примери. Кога сум бил во дружство со студенти македонци и срби србите не разбираха македонците што сборуват на македонски, додека сите ние одлично разбиравме. Исто така немаше наш сбор кои македонциве да не разбират додека со србите мислам им беше потрудно да комуникират. Можно е тие да са били некаде од Струмица или Jугоизточна Македониjа немам спомен али се пак треба да си вонземjанин за да не разбереш и използуваш поврзаността помегу бугарскиот и македонскиот али вака влизаме во друга дискусиjа лингвистична.

А дали се плашат самите македонци кога гледат толку много српски емисии дека им е загрозен идентитетот од страна на србите ? Помнам перед неколку години дека кога излезе Идол со македонски учестници во вашите медиуми имаше много голема тревожност дека ова емисиjа е с намера да jа бугаризира Македониjа. Имаше исто така протести од некои луге во Скопjе против емитуването на Идол со македонци ?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom