Поголеми критичари испаднавте од тие во Милано

Луѓе, на Интер му се деси смена на генерација шо е и нормално да се случат вакви претумбации, лоши резултати и разочарувања, исто како кај Милан, тие уште подолго се во транзиција од нас, кај Манчестер Јун. (земам општ пример) траеше ете можи една сезона кризата од кога им се смена главниот костур, ама Интер не е Манчестер да потроши 150 и кусур милиони од шала за нова екипа тип топ и тренер и сл..Да не зборам за хибридите како Челзи, Сити, ПСЖ ама то е друга тема за муабет
Тохир можи делува ко изгубен германец ама внесе промени во сржта на клубот, гледано од финансиски аспект, организациски, нова управа, скаути, примаверата доминира кај младинците шо е многу битно за извор на млади играчи.
Битно е да се има концепт гледано долгорочно , а лично мислам дека постои квалитетен план за во иднина.
Е сега нас то шо се ни смета то е друго, дојде Мацари се мававме в гради најдоброто од Италија бла бла ...типот реално имаше некоја визија но за некоја друга екипа, не за таа во моментот на Интер.
Дојде Манчини, истото... беневунто Манчио....позната ти е средината сега ќе газиш аааа уууу, пак лоши резултати. Чекајте малце другари

, па сега да дојди и Мурињо со Фергусон и втор асистент Анчелоти пак нема да биди Интер во топ3 во калчото. Тој е максимумот од овие играчи, мада трансферите шо се десија сега во Јануари се едни од подобрите во пост Мурињо ерата (како шо ја викате овде

)
И за крај да не се лажиме, незнам само колку од фановите овде го прателе Интер и пред 2004та, топло-ладно си игра Интер, навиканти сме да чекаме години за титула/и .
