Македонија е 12та најмизерна земја во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Makedonija e na vrvot vo kategorija zemja so najmrzliv narod so najmnogu lezaci i zaposleni i nezaposleni. I verujte mi i nemojte da se cudite i da se smeete koga ke vi kazam deka mnogu zapadnjaci ni zaviduvaat na lezenjeto.
:D
 
Дека имаме лошо здравство, признавам, ама од вакви препуцавања дека Македонија е во се најлоша, ми се повраќа.

Мене сто пати ми се помизерни Европските држави, Америчките држави и останатите држави западно од нас, од проста причина што се крајно лицемерни, имаат крајно мизерен хумор и се прават неточни при здрав разум, признавајќи вакви такви права на вакви такви луѓе. Така да нека не кажуваат кој е мизерен, нека се погледнат.
Овие источно од нас не ги коментирам и не се за коментирање, што се однесува до мизерлукот.

Можеби имаме некои пропусти во однос на раководење на државата, но најважно од се е што Македонија има срце, Македонија е топла и убава земја, а Македонците се топол народ. Кога го имаме тоа, тоа значи дека ние имаме нешто скапоцено, а другите можат само да мрчат.

МАКЕДОНИЈА!!! :love::oeoeoe:
Госпо напомош да ти е! :facepalm:
 
Да не се вреѓаме ама за 9000 плата има црногорец да станам од лежење.
 
@valvoline Богами треба и за нас малце вицови,и ние сме мрзливи,колку има што легачат по цел ден ги мрзи да фанат нешто да поработат.:tvg:
 
Makedonija e na vrvot vo kategorija zemja so najmrzliv narod so najmnogu lezaci i zaposleni i nezaposleni. I verujte mi i nemojte da se cudite i da se smeete koga ke vi kazam deka mnogu zapadnjaci ni zaviduvaat na lezenjeto.
:D
Ете зошто не прибирале на запад да им ги чистиме вецињата, па за да можат и тие малку да полежат:noze:
 
Читаш онака разочарувачки постови у темава, кој сеир и фаќа на државава, кој споредби си праи на наша сметка. И ти се избацуе на крај Боб.
.
Можеби имаме некои пропусти во однос на раководење на државата, но најважно од се е што Македонија има срце
И као сеа?
 
Ми се сере од вакви анализи.Мислам,сите си знаеме за Македонија.Него Шпанија 16 место?Јужна Африка?Дајте бе првин размислете што тема ќе отворите.По интернетов ќе најдеш и за бабарога,и ајде тема за бабарога?
Шпанија (заедно со Португалија) пред некоја година беше на исто дереџе како и Грција.
Да не го споменеме и моментот дека има и екстремисти кои што во секој момент може да се решат за некој напад со цел да се изборат за самостојност на Баскија/Андалузија/Каталонија.

Без разлика што ние сметаме дека ете големи држави, јако им е, Шпанија и те како е заслужена на местово.[DOUBLEPOST=1422903843][/DOUBLEPOST]
Читаш онака разочарувачки постови у темава, кој сеир и фаќа на државава, кој споредби си праи на наша сметка. И ти се избацуе на крај Боб.

И као сеа?
Ништо срашно, Боб само пред време ни го откри слоганот на Сашко Кедев за неговата кандидатура за претседател.
 
Најинтересно е дека сите на Балканите си мислат, дека нивните проблеми са уникални . А манталитетот е истиот.
Ако влезеш во б'лгарски и македонски форум нема разлика по начинот по коа се коментират определени теми. Балканскиот п-в е свето место. Каде на толкова малко парче земја са се родили такива велики лугје ? Ова место има свештена енергија.
На кр'стопатот между Западот и Истокот, Балканот ке го спои материалното и духовното во едно. Предстојат големи нешта да стават на Балканот, кој иска да верва или да не верва, времето ке го докаже.
 
Незнаеш на кого да веруваш веќе, дали на пропагандните Сител/Канал 5 или на другиве опозициски

Еве кој е еден од донаторите на тој Като Институт
(најдоле 6 часот :) )

pt_1903_751_o.jpg



Македонија ниту е една од по просперитетните, а ниту една од најмизерните држави
 
Ништо чудно ништо ново... За жал оваа информација никогаш на ниедни вести нема да ја слушнеме пошто сите медиуми се на власта наша велика. Срам е тоа што се чукаат во гради пред телевизија лажејки дека се е во ред а државава тоне и тоне. Неможам да разберам само како не си ја сакаат државата и народот.
 
Многу се дава значење на овие рангирања. Зарем од рангирањата очекувате одговор за тоа колку лошо или добро ви е?

Тој што го направил рангирањето можеби не знае ни кај се наоѓа Македонија.

Има држави каде 60% од економијата е таканаречена сива економија, навидум има голема невработеност, а фактички луѓето си работаат.

Затоа треба да си живееш во државите и да процениш дали е мизерија или не.

Мизерија е за 280.000 невработени (40.000 со високо обр.), за тие кои земаат 150 евра плата, а метар квадратен на стан е 900 евра, за тие кои немат вода и канализација, за тие кои немаат за да одат на лекар .... добро, ете го рангирањето треба да им е утеха, имало негде во светот полошо, ако тоа нешто ни помага.
 
Најинтересно е дека сите на Балканите си мислат, дека нивните проблеми са уникални . А манталитетот е истиот.
Ако влезеш во б'лгарски и македонски форум нема разлика по начинот по коа се коментират определени теми. Балканскиот п-в е свето место. Каде на толкова малко парче земја са се родили такива велики лугје ? Ова место има свештена енергија.
На кр'стопатот между Западот и Истокот, Балканот ке го спои материалното и духовното во едно. Предстојат големи нешта да стават на Балканот, кој иска да верва или да не верва, времето ке го докаже.

Балканот е канализацијата на Европа.
 
Балканот е канализацијата на Европа.

Канализацијата е измислена, за да пречиства, не ли ? Балканот ке речисти Европа, просто уште не е дошло точното време.[DOUBLEPOST=1422907608][/DOUBLEPOST]Ако Македонија е 12та "најмизерна" земја во светот, мога да си представа како остава за другите.
В САШТ дека половината лугје немат дом, јадат некачествена храна, а храната е енергија, ова значи приемат лоша енергија, ако немаш пари за да си платаш, нема да получиш нужното здравно обслужване, успехот на човек се измерва во тоа колко пари има, ако немаш некоја материална придобивка (повекето от които са ненужни) може да причини депресија, даже нешто полошо,не се дава никакво внимание на себепознанието и духовното израстване и немат и грам шанс да променат нешто, зашто живеат во најголемата олигархична република позната во историјата.
Ваква земја - не, благодарам. Подобре си е на Балканот, дека лугјето са запазили човечността си. :)
Ова са критериумите - пари, пари, пари, материално благосастојание. Ако критериумите бева палноценен живот - п'рвите места ке бидат доста различни.
 
Последно уредено:
Е како може да сме толку мизерни коа сме 9-то место во ракомет, имаме македонец во НБА, го имаме најголемиот војсководец што постоел во светот, имаме турски серии, бесплатни денови за пензионерите во ЈСП, една од најдобрите влади што земја може да посака, странски инвестиции безброј, платите во странските инвестиции се цели 12 000 денари бре ало!!!! Во која друга држава го има тоа? За здравството не сакам ни да зборам, се воведе мој термин и одма скокнавме на 16 место во свет. Се подига националната свест за да имате трето дете, реклами против абортус, што друго може да посака еден народ? За која мизерија ми зборите вие? Сите сте велепредавници затвор за сите, и данок и данок само за вас и придонеси во затвор да плаќате и на сите што не работите да плаќате данок на парите што вашите во град ви ги даваат!

За некоја година невработени ќе бидат само спомениците, сеа идат индиски ивестиции, ама ако и на спомениците ќе им дадеме социјална помош. Кај го има тоа?

пс: Какви се луѓе не постојат, нема да ви замерам ако за момент се замислите дали мојов коментар е иронија. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom