Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
радувајте се додека сте први, зошто наскоро ние ќе бидеме
Тргај тоа Манчестер и Ван Гал, ќе ти го викнам психото, ќе бегаш пак од форум , ај.
 
Вака сега другар. Јас колку и дали пратам фудбал и што разбирам од него тоа останува ти индивидуално да го процениш. Колку луѓето овде го процениле тоа се разбира е нивна работа. Она што може да ти го кажам е дека со вакви досетливи и фенси одговори едноставно ништо не може да покажеш. Ти самиот рече дека Челзи го надиграл Сити тактички, но не играл подобро од истиот. Човек да се зафркава на твоја сметка после постов може колку сака. Но, јас до некаде те разбирам што сакаш да кажеш. Но сепак не го кажуваш на правилен начин. Да надиграш некого тактички значи да ја процениш идејата на играта на противникот, да воведеш конкретна против игра и истата да биде ефикасна и на крајот на резултира со позитивен резултат. Челзи можеби теоретски извади позитивен резултат, но првите два критериуми во никој случај не ги задоволи. Како прво на домашен терен првиот тим во Англија не смее да си дозволи да дојде во ситуација да брани очајно нерешено и тоа да му дозволи на противникот повеќе удари кон голот и повеќе корнери со таква разлика. Тоа не е тактичко надигрување, тоа е оставање на работите на чиста случајност. Другата работа е тоа што противиграта на Челзи воопшто не функционираше, што го покажува истиот факт на повеќето удари на гол од страна на Сити, повеќето корнери и повеќето создадени шанси. Не заборавај дека сета среќа што Агуеро промаши на 0-0 чиста шанса еден на еден што во 90% од случаевите ја дава и тоа што Пелегрини ве поштеди со влегувањето во игра на Лампард дури во 75тата минута. Специјалниот може колку сака да биде добар тренер, но ја заеба работата на вчерашниот натпревар, исто како што ја заеба на првиот натпревар со Сити.

Во двата наврати избра да се брани и тоа без некаква конкретна сигурност, само за да ја зачува предноста стекната во однос на Сити добиена против помалите тимови. Реално гледајќи ја сезонава во ПЛ, Челзи досега требаше да бега повеќе од пет бодови. Ваквата разлика во бодови е мала во однос на тоа што Челзи го освои против помалите тимови отколку Сити. Тоа може да го вртиш колку сакаш, но оние кои пратат знаат дека е вистина.

Еве јас лично на твојот совет за тоа дали пратам фудбал и што да правам понатаму вака ќе ти вратам: Продолжи да пратиш фудбал, но обиди се тоа да го правиш подобро во иднина. Верувај добро е да се прати спорт во секој случај, затоа што останатата понуда на нашиве канали е прилично бедна. Сепак, нема да ти биде лошо да ги прошириш хоризонтите за спортот и конкретно за фудбалот, заради тоа што знаењето од овој спорт никогаш не е доста. Секогаш се појавува нешто ново кое може да го научиш. Очигледно она што треба да го научиш е во врска со тактичкото надигрување и подобрата игра против одреден противник. Овие две категории се комплементарни, односно се надополнуваат една со друга, а тоа ти го имаш промашено во твојата анализа. Тврдењето дека Челзи го надиграл Сити тактички, а не играл подобро од истиот е комплетно прогрешно. Се надевам дека ова добро ќе го разбереш и ќе го елаборираш. Поздрав и секое добро (y)

Океј вака извини за тоа што така изреагирав ама ме изнервира и у момент реагирам така али сепак воопшто не се согласувам со ова што го имаш кажано .

Зашто? Па вака еве и ја ќе болдирам чим така сакаш, прво тактички да надиграш некого не значи дека треба да имаш повеќе удари или повеќе посед што чист пример кога Челзи ја освои ЛШ играта против Барса и Баерн.
Второ Мурињо имаше десеткуван тим плус и тие што играа пред 3 дена има утакмица од 120 минути и апсолутно беше прочитана играта на Сити и освен подавање на средина "ала Барса" ништо не направија.
Шансите што ги имаше Сити беа по грешка на одбрана тоа Мурињо не може да го предвиди дека Ивановиќ не знае ја да подаде или дека Тери ќе се лизне.

Така да според мене а сигурен сум зашто навивам за овој тим подобро сум ја следел утакмицата отколку некој што не навива за ниеден од двата и погледнал вероватно статистика и ја гледал онака од "около".Можеш да се заебаваш колку сакаш и сите други кои навивате за други тимови ама да беше вашиот тим у позиција што е Челзи и на некој начин да му одговара повеќе нерешено на вашиот тим од другиот сигурно ќе го браневте на пример да беше Ван Гал , Роџерс или Венгер.
И тактичко надигрување не посед , шутови и корнер еве ако не нас погледни го Атлетико против Реал како игра .
Позз:)
 
Некако Ливерпул и Арсенал во најдобра форма се деновиве. А, Челзи ако го преброди февруари на прва позиција, 99% станува шампион.
 
Не знам што е последна тема за зборување имате многу пишано ме мрзи да читам:ROFLMAO:
Сакав да прашам што се замарате за тоа како е Лампард пречекан , у нашите очи и 99% фанови е легенда и стварно немојте да правите глупи споредби со пречекувања на играчи кои се дојдени посебно за тоа и ова кога Френк се загрева и влегува во игра. Особено пичките oд некои клубови од ПЛ кои само што замине некој у друг клуб од лига палат дресови без разлика колку тој играч направил за тој клуб.
 
Баш ме интересира кој ќе ја земи наградата за Јануари. Реално би било Куман оти од 3 меча во јануари имаше 3 победи. За играч, Казорла ?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom