Најголемите во стопанството, сопственици и акционери се знае кои се и како диктираат висина на плати. Платите пак, како и хонорарите и наградите на одредени лица во нестопанството секој наставник па нека е и рудар може само да ги сонува. За секој понатамошен муабет подлабоко во состојбите не гледам дека има потреба. На вториот графикон
http://fokus.mk/porast-na-plati-od-nad-60-e-sharena-laga/
ќе забележиш дека многу дејности имаат многу повисоки плати од државните или образованието. Повисоки плати имаат банките, осигурителните и финансиските друштва, како и најбитно монополите (греење, струја,...). Дури во образованието според податоци од нет, распонот на плати е од околу 11-21000. Е сега, колку земаат над 20, колку до...
Aко пак ги споредиме со прагот
од 15% од БДП според ОЕЦД, (ако не се лажам над 600 евра) наставниците во Македонија се во групата на слабо платени наставници.
Ако во овие параметри ги зееме предвид па колку саати работат и какви кадри вадат, држи вода дека треба многу повеќе за тие плати. Се насе, платите какви се, се ниски.
Генерално сите податоци за плати даваа многу искривена слика, посебно во земји како Македонија каде распределбата на приходи е најлоша во Европа. Овде би вовел и медиана или некој друг подобар показател кој ќе ја покаже поточно дистрибуцијата на плати.