Штрајк во образованието

  • Креатор на темата Креатор на темата ostoun
  • Време на започнување Време на започнување
Од понеделник и наставниците од гимназијата во Охрид ќе штрајковаат.
Значи вистина е дека се намалвел бројот на штрајкувачи :ROFLMAO:
Туку една работа ме занимат, новиот директор дали ќе штрајкуват? :icon_lol:
Економско, ЕМУЦ, докторско, угостителско?
 
Освен во Охрид, штрајкот се проширува и во Тетово
„ Штрајкот на СОНК секојдневно во тетовско добива сè поголема поддршка од просветните работници. Голем дел од наставниците од основното училиште Гоце Делчев, едно од двете училишта од Тетово кое не го поддржуваше штрајкот во основнотo образование, денеска ја бојкотираа наставата.“
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=19841
 
ШТРАЈКУВАЧКИ ОДБОР ГИМНАЗИЈА: „ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ИМА ШТРАЈК“
НА 31 ЈАНУАРИ 2015. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Од понеделник во охридската гимназија ќе штрајкуваат професорите кои ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески, кој денес беше надвор од градот, во телефонски разговор за ТВМ открива дека тие законската процедура за пријавување на штрајкот ја испочитувале со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката вчера, пред назначувањето на новиот директор била доставена и потпишана од досегашниот вршител на должноста директор на гимназијата, Вера Јовческа.

gimnazija%20strajk.jpg
„Дека штрајк ќе има, ќе има штрајк и тоа е договорено и одлучено на состанокот кој се одржа во петокот во 13 часот, меѓу смените. Одлуката беше едногласно од колегите поддржана, е сега бројноста на тоа колку колеги ќе го поддржат штрајкот не ја знаеме, но синдикалната организација при ОСУ „Св.Климент Охридски“ даде поддршка да излезиме на штрајк и да го поддржиме штрајкот од централата.“
-вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор при ОСУ „Св.Климент Охридски“.

Николески за одлуката за стапување во штрајк потенцираше дека не е политички мотивирана, туку дека станува збор само за остварување на правата на професорите. Тој смета дека и голем дел од професорите кои нема да штрајкуваат, морално ги поддржуваат штрајкувачите. Сепак не можеше да прецизира колкав дел од колегите кои гласале за стапување во штрајк, во понеделник ќе штрајкуваат.

nemat%20strajk%20gimnazija.jpg
„Да не кажувам точна бројка, или не ни знам точна бројка бидејќи можеби од тие кои се пријавија вчера дека сакаат да штрајкуваат, по вршење на притисоци можеби и ќе се откажат, да не штрајкуваат. Постојано имаме притисоци ние, тоа се ситни политички притисоци, ова е борба за демократија, не е за ситни политички поени, туку си ги бараме правата, основни човекови права се ова. Казнување на професори го нема никаде во светот и тоа треба да му е јасно на цел Охрид и цел Охрид треба да ни даде нас поддршка.“
-рече тој.

Николески вели дека штрајкувачкиот одбор ги има добиено штрајкувачките материјали, односно соодветни плакати за излегување на штрајк. Инаку Синдикатот за образование и наука уште на почетокот на месецов донесе одлука од 20 јануари да започне генерален штрајк поради неисполнување на барањата за зголемување на платите, како и укинување на казните на наставниците воведени врз основа на екстерното оценување.
 
Во едно сум сигурен, дека ова е валкана игра на владата и СОНК како доказ е фактот што Јаким Неделков станс претседател на СОНК со помош на ВМРО. Јас су бил делегат на конресот и добив инструкции од директорката за кого да гласам, за мене беше сеедно кој ќе биде. Лично ги знам тие луѓе Јаким и компанијата тие не се борат за нас туку за својот втор мандат. Господ нека ни е на помош!
 
а што да прават работници во приватна фирма, ( било која струка, па и образование )?? или кај нас треба да живеат добро само тие во државна служба ?? А што праиме ако државата прогласи приватно образование, да плаќа котизација по ученик од задолжително образование, ама со конкуренција, на тендер ?? А да се стават штрајкувачи од било која струка во улога на газда, а имаше случај газда се откажа од фабриката во Англија. За овие 10 години просечната плата кај нас се качи 100%, најмногу поради државните службеници. Како резултат на тоа се качи и потрошувачката кошница за 150%, а вработените во приватните сектори со секој оваков штрак на буџетарите се во се потешка ситуација. Или треба сите да избегаат од РМ или да стане граѓанска војна меѓу работници што сами ја заработуваат платата и буџетари. Не може некој да бара плата спрема ЕУ плати а некој спрема кинески плати, ова лудило мора да престане, не само кај нас. А Словенија имаше намалување на платите на буџетарите, почнувајќи од горе надоле. Платите во нестопанството мора да се во функција само од просекот на платата во стопанството, кое го рани и нестопанството. Неможе да се задолжува државата за апетитите на буџетарите, катастрофална шема на Грција и некој други губитници...
 
Здраво на сите,јас сум наставник во средното училиште Арсени Јовков-Скопје. Иако сите знаете но сакав изворно да ве информирам за случувањата во нашето училиште. На состанокот на синдикална организација едногласно одлучивме да го подржуваме штрајкот, но кога директорката разбра за ова одма почна со закани и притисоци особено кон наставниците македонци кои подлегнаа на овие закани и почнаа да се откажат од штрајкот. А колегите албанци стојат цврсто и покрај огромните притисоци.
Во едно сум сигурен, дека ова е валкана игра на владата и СОНК како доказ е фактот што Јаким Неделков станс претседател на СОНК со помош на ВМРО. Јас су бил делегат на конресот и добив инструкции од директорката за кого да гласам, за мене беше сеедно кој ќе биде. Лично ги знам тие луѓе Јаким и компанијата тие не се борат за нас туку за својот втор мандат. Господ нека ни е на помош!
Што стана, ве брифира Ахмети? :D
 
Над 90% сме во штрајк. Каков одговор сакате? Ова е доказ дека имаме колективна свест за разлика од колегите македонци кои се послушни и "чесни" граѓани на оваа "држава".
 
Над 90% сме во штрајк. Каков одговор сакате? Ова е доказ дека имаме колективна свест за разлика од колегите македонци кои се послушни и "чесни" граѓани на оваа "држава".
 
Над 90% сме во штрајк. Каков одговор сакате? Ова е доказ дека имаме колективна свест за разлика од колегите македонци кои се послушни и "чесни" граѓани на оваа "држава".
Што ти смета Јаким Неделков тогаш? Човекот бара поголеми плати за вас.
 
Лично мене никој не ми смета, но јас само си го искажав моето мислење. Сега сватив дека згрешив бидејќи ние не треба да мислиме туку треба да правиме како ќе ни рече ВМРО оти само тие можат и знаат да мислат.
П.С. да живее ВМРО
 
Значи сега ти го поддржуваш штрајкот за кој сметаш дека е една голема валкана игра на Владата и СОНК? Или го поддржуваше и не го поддржуваш? Јаким Неделков протестира за втор мандат или за да ви даде поголеми плати?
 
@Ireal
Tвојот пост отвара многу прашања.
Вистина е дека државните службеници имаат повисоки плати од вработените во приватните фабрики
Тоа е интересен феномен кој се јавува не само кај нас туку и во други земји
Вработените во индустријата, со такви мали плати имаат и слаба куповна моќ. А бидејќи купуваат малку, малку и плаќаат ДДВ
Значи има малку вработени во индустријата и тие имаат мали плати. Затоа буџетите имаат дефицит

Но кај учителите е специфично, што тие се државни службеници со најмали плати во однос на другите државни службеници
Јас стално повторувам - никакво оправдување нема еден зонаш да има плата од 25 илјади, а учител од 18 илјади.
Од друга страна со екстерното тестирање, ги казнуваат и им ги намалуваат и онака малите плати
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom