Штрајк во образованието

  • Креатор на темата Креатор на темата ostoun
  • Време на започнување Време на започнување
Нема смисла и тие 200 прашања кој и да е можи да ги научи
Пример кај нас средно, се организираја во групи, секој по одреден предмет ги одговори прашањата
Исто и на интернет има блогови,триста чуда со решени прашања, па 3 дена пред то ќе земиш ќе учиш постојано и ќе добиеш 4/5
 
Еве подток, знам знам и цените за живеачка се зголемија :) http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=1D646099EE17B94994BC0F70FBF0D344

Овде пишува дека просечната плата е околу 21000, но просекот е пресметан заедно со платите од високото образование, каде платите реално се повисоки, значи во основното и средното образование е многу помала платата. А и тука се вработени луѓе со високо образование.
 
тогаш тоа ни кажува каков кадар ни предава по училиштата.
педагогија е наука. Ако е така, зошто се изучува, зошто се формира академија за наставници и како пред се ти би оценил ученик по македонски, знаејќи дека стилот на ученикот, прочитаните книги, начинот на однесување, рецитирање, раскажување и така натаму се градат низ самиот процес на настава. Дали се оценува ученикот или неговите најчесто напамет научени одговори за екстерно.
Екстерно по 2 предмети се полага
По другите предмети кецој ќе има?
имаш право, но во секој случај ако мора да е подготвен за 3 денови да може да одговори на цел материјал од предмет по случаен избор, зошто да посетува настава воопшто по тие неколку предмети. Проблем покрај ваквото испитување и учење напамет за 3 денови, е и запишување на оценките во свидетелство, иновација за која не можев да најдам барем неколку репрезентативни примери од европските земји.
Оценките треба да се за подобрување на процесот на настава, не за казнување на наставникот и не за просекот во свидетелство. А подобрување на квалитет на наставникот колку што знам се врши со обука, не со казна.
Еве подток, знам знам и цените за живеачка се зголемија :) http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=1D646099EE17B94994BC0F70FBF0D344
земи ги предвид хранарината и превозот (3.500-4.000)+надоместоци за некои до работно место плус к-15...заради многу јакиот буџет. Значи 15-16000 била плата во 2005, според весникот. Стави на тоа згора инфлација, пораст на трошоци на живот и такви ситници...
 
Овде пишува дека просечната плата е околу 21000, но просекот е пресметан заедно со платите од високото образование, каде платите реално се повисоки, значи во основното и средното образование е многу помала платата. А и тука се вработени луѓе со високо образование.
Дали тоа значи дека на тие во средно и основно што работат им стагнирала платата а овие од високо имале покачување од 200%?
 
Еве подток, знам знам и цените за живеачка се зголемија :) http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=1D646099EE17B94994BC0F70FBF0D344

Точно е тоа, се покачуваа некаде до 2008, но обеќаните 20% што требаше да одат по 5% годишно почаа тек лани (а прашање е дали ќе продолжат во наредните години) Како што можем и од самата вест да приметиш, најголемиот скок е до 2007 година.
 
А колку им била плата на пратеници 2005, колку сега? Била околу 40.000 ако ми е точен изворот, сега (според блиц и апанажата на госпожата) 1000-1200 евра. Четрсто евра само плата, 60 посто. И за автобуска карта 4-24000 евра...и фитнес машини...и три од карти, ....
 
Фактот што најголемо противење за екстерното тестирање доаѓа од албанските паралелки е доволен доказ дека се работи за исправна мерка. На учениците Македонци овој тест не им е проблем, но очигледно е дека за неписментие ученици со албанско потекло и те како е проблем екстерно да бидат тестирани. Истото ќе се случи и со државниот испит. Што се однесува до барањето за поголеми плати мисла дека е крајно безобразно и без никаков осет и чуство за реалноста. Тие исти учители и наставници до пред 10 години зимата по 8 до 10 илјади денари а сега над 20. Мое лично мислење е дека платите им се и големи за работно време од 4 саати на ден во некој случаи
Факт е дека тебе многу солена мартадела и стар растителен кашкавал ти подметнале пред кооперација, па вакви факти и заклучоци донесуваш. Мое лично мислење е дека треба да го земиш телевизорот и низ прозор и да одиш до најблиската библиотека и да земиш нешто да читниш да ти се разбистри умот.
 
Дали тоа значи дека на тие во средно и основно што работат им стагнирала платата а овие од високо имале покачување од 200%?

Па претходно во платата не се пресметуваше хранарината и превозот, сега влегуваат во плата. не знам, треба некој што работи во образование да каже споредба.
 
И јас колку што знам порано посебно се земаше, сега е во вкупната плата.
 
A so dan im e nesto loso,3 meseci raspust na zima 20 dena slobodni pazi bogati imaat i resenija so vo privatniot sektor e naucna fantastika.Vo makedonija ima dve kasti.Prvata e administracija vo kja spagaat i profesorite ,znaci razgaleni do nevideni razmeri,vo nea clenuvaat i penzionerite,drugata kasta se vrabotenite vo privatniot sektor koi maka macat da si gi ostvarat svoite osnovni rabotnicki prava!
Во тие "слободни денови" всушност се прави и најтешкото, да сумираш што се си одработил, да ја направиш програмата за наредното полугодие, да дадеш извештај по секој предмет итн.
Воопшто не е лесна професорската работа и секој професор заслужува да биде убаво платен затоа што токму тој е оној кој треба да им даде поттик на младите ученици да се образуваат и вон школото, да не дремат како амеби кои не ги интересира ништо.
За жал, исповработија партиски кадри, па реално во моментов наставниот кадар (со исклучоци кои работат колку сите останати заедно) воопшто и не е кадарен да држи настава.[DOUBLEPOST=1422563258][/DOUBLEPOST]
Фактот што најголемо противење за екстерното тестирање доаѓа од албанските паралелки е доволен доказ дека се работи за исправна мерка. На учениците Македонци овој тест не им е проблем, но очигледно е дека за неписментие ученици со албанско потекло и те како е проблем екстерно да бидат тестирани. Истото ќе се случи и со државниот испит. Што се однесува до барањето за поголеми плати мисла дека е крајно безобразно и без никаков осет и чуство за реалноста. Тие исти учители и наставници до пред 10 години зимата по 8 до 10 илјади денари а сега над 20. Мое лично мислење е дека платите им се и големи за работно време од 4 саати на ден во некој случаи
На учениците Македонци истотака им е проблем екстерното оценување, исто како и на професорите Македонци, ама за разлика од Албанците, немаат муда да му писнат на оној кој ги поставил на работното место.

Да и јас мислам дека е стварно безобрано да бараат повисоки плати, можеби треба и да им се смалат. Нека земаат партиските гомна по 60000 за НИШТО, а оние кои треба да пренесуваат знаење, кои се витален дел од општеството кој ги ебе.
Со вакви размислувања како твоиве далеку ќе стигнеме.

Не знам дали знаете дека на пример наставниците по еден предмет (нема да именувам кој, а можеби важи и за другите) кои добија 15% скратена плата, покрај казната цела година одат на посебна настава на која треба да научат како да предаваат по соодветниот предмет.
Наставата ја држи едно приватно училиште од таа област кое благодарение на блискоста со власта го доби тендерот.
И така, кадри од по 20 години сега цела година "обучуваат" наставници од основно и средно како да предаваат, иако истите си ја работат работата со години и години.
Се заради што некој си препишувал на екстерното затоа што некој трет замижал пред преписот и се добила нереална оценка.

Друга работа е што да земеш цело време да заокружуваш одговори под една иста буква, со сигурност ќе добиеш 2-ка, а многу често и 3-ка ако ја трефнеш буквата :icon_mrgr:
И ете ти беља, секој ученик што имал единица, на овој начин може да извади загарантирано подобра оцена :)
 
Последно уредено:
Ако е толку проблем платите на наставниците (и покрај огромните дневници, плати и патни трошоци на избраните), еве податоци
http://fokus.mk/porast-na-plati-od-nad-60-e-sharena-laga/
ако е премногу за читање (или некому е напор, јбг) имаат графикони. Ако и тоа е too much, еве накратко од муабетот

Меѓутоа, веќе во следните две години, т.е. во 2007 и 2008 година просечната реална нето-плата се зголемувала само за 1,8%, за да во 2013 година во однос на 2009 година истата опадне за 4,2%, што значи дека просечното годишно намалување е 1,06%.
Притоа, може да се каже дека во овие процеси најлошо поминале вработените во секторот Образование, при што на пример во реалната нето плата во 2013 година изнесува само 91,91% од онаа во секторот Здравство, односно само 84,76% од онаа во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување.
Што ова значи, не треба посебно да се говори, но треба да се има на ум дека во случајов секторот кој има највисоко ниво на образовна структура од овие три сектори има значително депрецирани плати во однос на останатите два сектори.
Имајќи предвид дека во изминатиов период имаме значителен пад на реалните нето-плати, јасно е дека дури и да се реализира најавеното зголемување од 4-5% на номиналните нето-плати истото скоро и да нема да има влијание во насока на зголемување на стандардот на населението.


Сега за возврат очекувам според која методологија се пресметуваат патните трошоци, швецка?
 
Диктаторот повторно фатен со спуштени гаќи :icon_lol:

Повеќе од 65 отсто од членството на СОНК штрајкува, тврди синдикалниот лидер Јаким Неделков, со што се демантира изјавата на премиерот Никола Груевски дадена во емисијата „Јади Бурек“, дека помалку од 10 отсто од просветните работници излегле на Генерален штрајк.

- Изјавата на премиерот дека штрајкувале помалку од 10 отсто од членовите на СОНК, а дека 90 отсто нормално си работата е чиста дезинформација. Па, само во кумановскиот регион штрајкуваат 10 отсто од членството, а каде е тука скопскиот регион, битолскиот, прилепскиот…Повеќе од 65 отсто од членството штрајкува, а во меѓувреме ни се приклучуваат нови синдикалкни организации и нови членови. Во моментот, луѓето толку се револтирани од игнорантскиот однос што планираат да штрајкуваат се додека не се исполнат нашите барања – истакна Неделков.

Целата работа почна откако премиерот Груевски во интервју во емисијата „Јади Бурек“ истакна дека не сфаќа зошто СОНК и просветарите штрајкуваат, кога до пред неколку месеци постојано ја фалеле работата на Владата. Тој го повтори добро познатиот став, дека новото раководство мора да прави нешто и да се бори, за да си ја задржи функцијата.

- Сега им текна на неколку месеци пред нивните избори да штрајкуваат и да тврдат дека не се задоволни, апретходно тврдеа дека имаме одлична соработка. Раководството сигурно има потреба да се покаже дека нешто работи и за бори за правата на своите членови. Поранешниот претседател постојано ги фалеше реформите и сега преку ноќ, групата што работи таму вика ни доаѓаат изброи, имаме конкуренција внатре, треба да покажеме активност, нашите членови да видат дека се бориме за нив. Ќе нагазиме сега, нека мисли Владата, нека се снаоѓа. Е, не може така. До вчера бевме одлични, а сега не сме. Затоа и немаат поддршка, помалку од 10 отсто штрајкуваат, над 90 отсто од просветарите си работат – рече во интервјуто Груевски.

Генералниот штрајк на СОНК продолжува се додека не седнат на заедничка маса со Министерството за образование и преку социјален дијалог не ги решат проблемите и не им се исполнат барањата, а тоа е зголемување на платите за 25 отсто и укинување на екстерното тестирање во делот со казните.
 
Колку и да не го сакаме, Груевски е у право во делот кај што вика „зошто сега штрајкуваат кога години наназад цело време не поддржуваа“.
Затоа ја пример и се нервирам и се противам на тоа кога слушам дека борбата против државниот испит е борба на студентите. Така се збореше и кога го воведоа оноа со заменски наставници, и кога се воведе тоа за хонорарците и сите очекуваме само директно засегнатата група да се буни, а сите други од страна да гледаат претстава. Епа затоа и вака ќе се случува. Ако вчера коа воведувале заменски наставници сите ќутеле, ако денес коа воведуваат државен испит сите ќутат, ако утре коа се оданочуваат хонорарците пак сите ќутат, задутре коа пример ќе го укинат да речеме правото на здравствена заштита и кога сите ќе протестираат не очекувајте некој сериозно да го сфати тоа протестирање. Мора тоа бунтување да биде континуирано, секогаш кога има некој лош потег тоа да биде проследено со бунтување на народот. Народот треба да биде тој коректив на власта, а не мирно да си спие дур го гмечат.
 
Фактот што најголемо противење за екстерното тестирање доаѓа од албанските паралелки е доволен доказ дека се работи за исправна мерка. На учениците Македонци овој тест не им е проблем, но очигледно е дека за неписментие ученици со албанско потекло и те како е проблем екстерно да бидат тестирани. Истото ќе се случи и со државниот испит. Што се однесува до барањето за поголеми плати мисла дека е крајно безобразно и без никаков осет и чуство за реалноста. Тие исти учители и наставници до пред 10 години зимата по 8 до 10 илјади денари а сега над 20. Мое лично мислење е дека платите им се и големи за работно време од 4 саати на ден во некој случаи
А колку беа цените на основните продукти пред 10 години? Си чул за инфлација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom