FA & Capital One Cup

Член од
14 април 2012
Мислења
33.021
Поени од реакции
67.939
Aко го суспендираат, нема да може да игра во ПЛ.
Ако слоновите не тепаат после, Сити ке бидат комплетни. Ако поминат, Сити ке бидат без Туре и Бони така да, суспензијата на Коста нема да има голем ефект, со оглед на тоа дека и нерешено му врши огромна услуга на Мурињо.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.743
Поени од реакции
12.834
Абе добро, реално гледано, друго се жестоки дуели или дуели во кој играч бил невнимателен, а друго е намерно газење.

Него, пак ќе прашам. Да речеме добива суспензија Коста, нема да може да игра во ПЛ? Нели ако добиеше некој црвен во Лига купот, ќе можеше да си игра во ФА/ПЛ? Или грешка сум? :)
Зависи кога ќе ја донесат одлуката мислам. Имаше некој одреден временски период. Дали ако одлуката е донесена кога започнало колото, или некој саат/ден пред тоа. Нз точно, не ме држи за збор. Како и да е, мислам дека и да биде казнет забраната ќе важи и а ПЛ и ФА Купот, ама од наредно коло.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Еве јас на пример добро се сеќавам дека, Суарез кога го касна Ивановиќ, веднаш во наредниот ден беше санкциониран.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ај нека ти текне од кој старт му е крвава ногата на Бане :)

Избиваше топка и шутка во ѓонот на Хендерсон мислам (исто и тој избиваше). Не беше никаков старт...
 

L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Треба да добие казна Коста, неспорно, ама сепак некако многу брзо покрената постапка, инаку друго е касање, то е претеризам в крај поќе..
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.021
Поени од реакции
67.939
Уф, кога го слушав Мурињо колку го фали Ивановиќ за копачката, мислев кој знае што се десило.
Ова е ништо во споредба на она на Нејмар.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
Брза била постапката, ами ако не нека почекаат да заврши сезоната па да го казнат да не ги игра пријателските. Ама не, нема да чини и така, нема да можи Мурињо да го вклопи во тимот за наредната сезона. Пак заговор. :(
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.483
Поени од реакции
43.375
Треба да добие казна Коста, неспорно, ама сепак некако многу брзо покрената постапка, инаку друго е касање, то е претеризам в крај поќе..
да бе ова да згазнеш двајца играчи у една утакмица ништо не е, како прво суарез нит крв му пушти на ивановиќ нит ништо, и мислам дека киелини беше бетер каснат од него, забите му ги остави
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.764
Поени од реакции
52.741
Сериозно ? Сериозно пак со тоа дека има заговори против Мурињо и Челзи ?
Вчерa дури и микрoфoнoт нa Мурињo пoчнa дa зaебaвa сред прес. Кaкo гo oбјaснувaш тoa? :D

Не, немa бунење зa тoa штo ќе гo кaзнaт (сaмo дa не претерaaт), aмa вo други случaи мислaм декa првo oбјaвувaле декa ќе биде пoкренaтa пoстaпкa, пa пoсле некoе време кaжувaaт декa е крив зa тoa и тoa, пa имa време зa жaлбa, пa пoсле јa кaжувaaт oдлукaтa. Oвa ќе виде зaвршенo дo утре oвa време.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.376
Поени од реакции
5.582
да бе ова да згазнеш двајца играчи у една утакмица ништо не е, како прво суарез нит крв му пушти на ивановиќ нит ништо, и мислам дека киелини беше бетер каснат од него, забите му ги остави
Остри фудбалски стартови имало у фудбал и без нозе останувале што не е у ред и треба да се санкционира ригорозно ама ова со Суарез е пореметување, проблем со психата го има и такво нешто не може да има на фудбал и немало до сега освен него.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Јас незнам зошто се буните. Дали требаше Оливер да му додели црвен на Коста за стартот? Ако се согласуваме дека требаше да биде казнер, прво друг тек ќе имаше вчерашниот меч, а за Коста уште од синоќа ќе се знаеше дека ќе го пропушти дербито.
 
W

wicked_1

Гостин
Јас незнам зошто се буните. Дали требаше Оливер да му додели црвен на Коста за стартот? Ако се согласуваме дека требаше да биде казнер, прво друг тек ќе имаше вчерашниот меч, а за Коста уште од синоќа ќе се знаеше дека ќе го пропушти дербито.
По тој пат ако идеш требаше да се делат жолти картони насекаде и да се суди пенал кој волот немаше јајца да го свирне, каков тек ќе имаше тогаш утакмицата?
Челзи беа подобар тим од Ливерпул, заслужено победија и кондициска спремност се виде x2 у втори 15 минути. Но беше далеку од one-sided game, Ливерпул не си ги искористија шансите.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.764
Поени од реакции
52.741
Јас незнам зошто се буните. Дали требаше Оливер да му додели црвен на Коста за стартот? Ако се согласуваме дека требаше да биде казнер, прво друг тек ќе имаше вчерашниот меч, а за Коста уште од синоќа ќе се знаеше дека ќе го пропушти дербито.
Не се буниме, си рекoвме сите декa си зaслужи.

Мене сaмo ме изненaди мaлце брзинaтa сo кoјa ФА рaбoти нa случaјoт, aмa секaкo не би дискутирaл oзбилнo пoнaтaму нa тaa темa.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
975
Поени од реакции
380
Типична човекчка работа.Ако не ја покренеа одма и го направија тоа за 1 недела коментарите ке ви беа:
сега им текна после 2 века,така ни прават за можат вие да не тепаат ние бодови да ни земат и дрн дрн.
Кога тогаш ке го казнеа и ке го јадевте од некој инаку скоро сигурен сум дека ке му дадат 3 утакмици суспензија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom