PayPal (официјална тема)

Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.901
Еј луѓе чекајте, па погоре пишаа дека неможе на овој начин, туку дека мора стриктно да имаат buy now копче или сл.

Ако може од македонскиот paypal да се плаќа на одредена email адреса што е регистрирана на paypal, тогаш мене цела работа ми е завршена?!
Доколку не може да се испраќаат пари преку македонскиот PayPal, тогаш можеш да пробаш преку словенечкиот PayPal.

Сигурно ќе успееш да ги пратиш парите, бидејќи @Volko1 во пост #2702 спомнува дека го користи/користел словенечкиот PayPal, а и @Inaoto неодамна успеа да се регистрира на словенечкиот PayPal и да ја верификува нејзината картичка, што значи дека сеуште е изводливо да се користи словенечкиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка.

Но сепак ќе мораш претходно да го решиш проблемот што го имаш со заборавената PayPal сметка, па откако ќе го решиш истиот, да се регистрираш на словенечкиот PayPal со твојата Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка. За ова јас лично би ти препорачал да го следиш мојот совет за пријавување на картичката за изгубена и да побараш од НЛБ Тутунска Банка да ти издаде нова Visa Electron дебитна картичка - откако претходно ќе ја уништиш сегашната која ќе ја пријавиш како изгубена - бидејќи оваа картичка што сега ја имаш веќе е верификувана на македонскиот PayPal, па дури и ако успееш да ја отстраниш од заборавената PayPal сметка, сепак сигурно PayPal ќе ја помни како македонска картичка и нема да дозволи нејзино верификување на словенечкиот PayPal.

Словенечкиот PayPal дозволува и купување и продавање, односно и праќање и примање пари, па сигурно ќе можеш да испратиш пари со кликнување на опцијата Send Money и со испраќање пари на физичкото лице на кое му ги праќаш парите со внесување на e-mail адресата на неговата/нејзината PayPal сметка, како што спомна @moongoses во пост #2697.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813

Значи треба прво да ги извадам парите што ми се на нејзе, па после да ја пријавам ко изгубена....ама да не ми напраат филм ок нема проблем ке ти напраиме иста картица со истиот број?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.901
Значи треба прво да ги извадам парите што ми се на нејзе, па после да ја пријавам ко изгубена....ама да не ми напраат филм ок нема проблем ке ти напраиме иста картица со истиот број?
Сепак ќе биде друга картичка, со друг CVV2 код и со друг датум на истекување, па би требало сепак да ја прифати на словенечкиот PayPal.

Но за секој случај, замоли ги да ти издадат картичка со друг сериски број, ако сепак ти издадат картичка со истиот сериски број, сепак би требало да ја прифати словенечкиот PayPal бидејќи станува збор за друга картичка.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.210
Поени од реакции
20.921
Се молат волкот и мунгосот да не мешаат странски PayPal акаунт со македонски. Овде правиме муабет за мaкедонски хендикепиран PayPal акаунт, на кој што можеш само да купуваш, не да праќаш директно од PayPal на PayPal со опцијата Send Money.

Фала многу, пријатно. ВМРО!
 
Прати ги ВМРО во УМРИ - Универзален Македонски Рециклатор Интернешенл, можеби ќе излезат од таму со памет во глава. ;)

Или па можеби не ... :unsure:

Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.734
Поени од реакции
2.553
WTF. Со мк сметка на пејпал не можеш ни да пратиш пари?!? Што е разликата од купување до праќање пари за компензација на производ/услуга?
 
Член од
20 октомври 2013
Мислења
1.096
Поени од реакции
509
Некој да ми прати 5$ на пејпал, враќам 10$ на пајза?
 
Член од
22 јануари 2009
Мислења
382
Поени од реакции
25
Дали мозе во македонија да се направи пејпал картица и сонеа и да мозе да се префрла и подига пари од страници како PLANETWIN365.COM ФАЛА ОДНАПРЕТ
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Здраво,
прашање:
направив пејпал профил на македонски, верифицирана е картичката - ми стигна и смс од тутункса итн, мејлот верифициран и изгледа може да стартувам. Како Ви е искуството за повлекување пари на банкарската сметка, не видов нигде опција за повлекување пари, но сеуште немам износ на пејпалот. Пејпал исклучиво го користам за продажба.

тенкс
 
Нели на македонски пејпал неможе да се прима и повлекува пари? Или има промени?

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.901
Јас појма немам затоа прашувам како Ви се искуствата.
Преку македонскиот PayPal може само да се купува, односно само да се праќаат пари, не може да се продава, односно не може да се примаат пари.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom